Здраво мајки.. Ние сме веќе три месеци. Од почеток сме на измолзување бебуш воопшто неќеше да фати на града. Се измолзувам на секои 3-4 саати и имам доста млеко. Денес на измолзување заприметив од едната града нешто како црвени парталчиња во млекото. Ова до сега ми се нема случено...ако има некоја мајка со истава дешавка нека даде совет. Поздравче
Ќе пробам и јас така во затемнето да го дојам, може ќе има ефект. Приметува се, со очите сегде гледа, и не го интересира цицањево .. Се надевам минлива фаза е
Strawberry milk, така го викаат американките во групата кај што сум зачленета. Сите го имаат, само кој да примети кога бебе дои не е на молзено. Ништо страшно. Веројатно имаш некоја регада или прснат капилар внатре.
И јас бев измезумена како тебе, си помислив којзнае што е ова. Ама фала богу ми објаснија убаво во групата, сите бебиња внесуваат мала количина крв од градите, само при доење не се гледа. Ако е ептен црвено млекото, не овие како масни наслаги, остави го да се сталожи, ќе исплива горе млекото а доле крвта, ќе го пресипеш во друго шишенце и ќе си го испие, не го фрлај.
Друштво јадете ли кромидче младо и старо, марула, краставица? Мене овие ми се секогаш на маса и јадам што се вика штипнувам страв ми е дека зелено, некаде прочитав ствара грчеви
На следно молзење имав баш црвено млекце. Ја намачкав со ланолин и ја оставив 5-6саати немолзена и после ја измолзив со најслабата програма и немав крвца. Си беше нормално бело млекце. Баш ќе видам денес како ќе биде... Еве слика од млекцето со крвца...
А дали е нормално во млекцето да има вакви бели парталчиња? До сега сме ги немале.. се појавија пред една недела...
Јас кога ќе ги успијам давам или пред да се разбудат. Така нешто ако цицнат. А навечер си цицаат убаво кога се поспани. У целото мајчинско искуство до сега јес да кратко ова ми е најфрустрирачки. Ми се плаче секогаш кога ќе вриснат ако ги ставам на града. Кај мене е повеќе од месец дена вака, ако е период аман нека помине.
Сосема нормално, маснотијата од млекото е тоа што се собирала и фактички ти си ја ослободила можеби некоја грутка и од тоа и крвче и грутките. Може да се жолти, бели, розеникави... Чим го пие млекото супер е, бебе не пие млеко ако има нешто. Чист пример ти е што кога имаме циклус и вкусот на млекото од хормоните се менува, бебињата протестираат со цицање.
Издржи, нема друго. Молзи ако протестира да цица, барај положби, барај темна соба, звуци, било што. Сега е сезона на праз, јас се изнајадов еднаш праз со свинско ама поише праз имаше од месо и за пола саат коа надојде млеко, извадив многу, одма му дадов на синко, прв пат беше тоа да лапа ко да не видел, се засркнуваше, кога заврши млекото уште бараше. После прочитав дека празот има такви особини. Ем поттикнува лактација ем му дава на млекото поинаков вкус. Го имав заборавено овој податок, сега се присетив. Може на некоја ќе и помогне. Значи не лук, кромид, само праз.