Тоа ќе да е. Сега молзев и полни гради, а само 90 мл од града. И гледам дека пак добив циклус, 24 ден од претходниот. А таман престанав со исцедокот од тој циклус, сега пак.
И јас истото се прашувам цело време измолзено колку и е доста и да ти кажам секогаш е различно. Некогаш го пие без проблем 100 мл ама после тежинка и е, а некогаш 80 и се многу. 2 месеци сме ние и пред некој ден прашував колку да и давам и докторката израчуна според тежина со некоја формула и 80 мл испаднаа. Ама ние неможеме да рачунаме нели не знаеме колку кг има секогаш и така според неа ке си се водам сега за сега. Јас молзено и давам на 6 саати и после молзеното околу 2 часа ја држи а измеѓу си цица.
Јас и со првото имав хиперлактација. Се мислам да не ми се пореметува пролактинот многу, зошто бев со терапија за него пред да останам бремена со синчето. Не ми е од течности дефинитивно, и ноќе 6-7 саати поврзува, а преку ден си има некој ред не е пречесто ко на почеток.
Неможе срц бебе на града да го ставиш коа нема млеко. Трга ама нема млеко заоѓа за јадење ... Џабе . Моето цица нонстоп за се за заспивање за утеха за смирување за буквално се освен за јадење и пак нема млеко
Како се одвикнува бебе да не заспива со цицање? Значи јас само така можам да го успијам. Сега во 4 месњц нели треба да ги учиме сами да заспиваат, или глупости се тоа?
9ипол месеци уште заспива со цицање. За спиење се одвикнува на крај, ама ти имаш време мислам, ако сакаш да продолжиш да доиш, нормално. Јас почнав да му ги скратува подовите зашто има 3 оброка веќе, ама ги заспива и навечер и сите дремки со цицање.
Не треба да се учи бебе да заспива само на 4 месеци, туку после регресијата во 4ти месец, најрано можеш да го учиш на тоа ако сакаш. Првото до 6-7 месеци заспиваше со нишкање и денски спиеше во раце. После тоа го учевме да заспива со тапкање и сам бидејќи не смеев да го кревам во раце. Второто само заспиваше до 11м и еве сега последниот месец заспива само со нишкање или легнато врз мене. Ако ја преместам во креветче, скоро секогаш се вклучува сирената. Е ти сега најди им нзс
Кога е уморно и добро најадено бепчето, прво смири го, па пробај со нишкање и ако ти фаќа цуцла. И мојата сака да заспива на цице, ама под некои услови успевам и со нишкање така да ја заспијам. Прво ја земам на рамо и ја тапкам на газето да се смири, па ја земам во раце како за цицање, подметнувам цуцла, нишкам и шетам. 3 месеци сме
Кај мене си заспива во релаксатор. Ќе си игра, прета, гуга со тие што и висат играчките и шосле некое време ќемја видиш дека се одјавила и си дремуцка. Еве баш сега ја избањав и ја ставив во релаксатор додека средам и гледам заспала. Исто и во креветче легната знае некогаш со тоа вртелешката над неа да и се врти и свири па да заспие. Како и да е, мали се уште црвчиња за да учат сами да заспиваат...барем јас така мислам. Се ова што ти пишав кај мене како знае да заспие е чиста случајност и среќа
Фала ви на сите. Читнав и се фатив неспремна кај ќе успеам за толку кратко да го одвикнам. За цуцла откривме дека е проблем јас кога ја давам. Од татко му ја прифаќа.
Исто сме и ние , преку ден со малку нишкање и цуцла заспива , а навечер во креветче, им "збори на зајчињата" од вртелешката и полека ќе се одјави , од сам старт е така. Се надевам така ќе продолжи
Мајки , одмолзено млеко колку време трае? И во што го чувате, гледам има посебни чашки и кеси , чашките можат да се користат повеќе пати или?
На собна тт 4 до 6ч, зависи од температура, на тт до 24 степени 4 часа, пониска до 6ч. Во обичен фрижидер, на најдолна полица најдлабоко во фрижидер 1 недела. Во комора обична 6м и во фрижидер за замрзнување 1 година. Можеш да го чуваш во шишињата, стерилни теглички нови, чашки за урина бпа фри или во ќеси специјални или чашки.
Здраво мајки. Бебе 11 месеци е и едвај цица два пати денот, некогаш и само еднаш. Се гледа дека не сака, со игра, се тегне ама пак ке цицне да не е без ич. Дали да давам плус вештачко?