А нормално е да нема млеко од воспалената града? Пумпам од двете од една искочи 140мл од болнава дали 10мл. Бебе не ни сакаше да цица така да нема шанси да е тоа. И колку време ќе треба да помине ова? Да знам ако не се повлече да преземам нешто друго?
Нормално е треба да се пушти градата. Јас мака мачев, ама молзење на два саати, навечер на три (ако не ти цица бебе). Очи паѓаа, болки ама молзев. Пред молзење или топол туш или термофор. Никако на сила стискање, само благи мазажи пред топката (грутката), и после тоа молзење или цицање. Ќе пушти само упорност. Во маката ништо не излегување и знаев дека ситуацијата ќе биде подобра кога почна да тече млеко на молзење. Со лесно, и пиј бруфенче и облоги од зелка.
Имаш затнати канали. Топли облоги, шишиња со топла вода тркалај од коренот кон брадавицата, стави ја градата во тегла или сад некој со жешка вода ама да испарува само, не да ја потпопиш, топол туш и молзење со компресии таму кај што осеќаш топче, црвенило и слично. Бебе на таа града обавезно, исто со компресии на тој дел околу грутката/црвенилото. При молзење може да ти излезе црвено млеко, некои масни делчиња како чепови. После подој или молзење, ладни облоги од зелка секаде околу градата само не на алвеолата и брадавицата. Ќе помине, мачно е, може да качиш и тт, да завршиш на антибиотик и слично, ама не е страшно во секој случај.
Дали навечер ви се стврднуват градите? Денски се меки. Имаме 2-3 подои ноќе зависи како ќе се заспие и еднаш молзено и давам во текот на ноќта ама се молзам пред спиење. Вчера заспана на грб и наеднаш ме покапа нешто си викам од каде оваа вода тоа градата нагоре прснала млеко се имам притиснто изглеа. Нормално ли е така и дали тоа значи уште не ми е средена лактацијата? 2 ипол месеци сме
Каналите мора да се пуштат. Упорно мора да молзиш/ставаш бебе на гради претходно со држење топло на градата.
Некој ден имам повеќе некој ден помалку млеко. Кога ќе имам се правам утоп, цела ноќ менувам тетри под мене ги чувам, влошките за гради не ми помагаат. Ако излегувам ми е непријатно да не се направам утоп. Што правите вие? Се молзите почесто или? Млеко имам, бебе само на доење е , е сега малку качил на килажа вели докторката, можело повеќе , немам ум веќе што да правам.. да почнам и адаптирано?
А мислиш дека ако даваш ад бебето ќе биде џинче? Не, драга, само ќе намалиш лактација и ќе изгубиш млеко. Кажуваш дека млеко имаш на претек, бебе супер си цица, плус ако е мирно значи е задоволено. Толку му се јаде. Не може сите да растат по книга. Продолжи си да доиш, зошто некои мајки плачат за да дојат и да имаат млеко.
Мајки незнам дали погоре е прашано/одговорено за ова, но мака ми е неможам да барам, пред некој ден почнав со доење, но пупките ме болат ми се плаче неможам да дојам веке со двете истото е,денес гледам како рани ми се на нив имам темна боја точка како корупка...Помош
Не ја наоѓам членката виновна, туку тој што кажал ама не докажал Еве и моево напредува до граница, ама цица. Не сум помислила на ад. Еве почна да јаде и цврста храна и пак не е прасенце Ама не е застанато, цел ден прета, мрда, лудува. Нека се здрави и живи само, не може сите да се мишелинки.
Настрана од муабетот, во поширокото друштво имаме 3 бебиња кои се разлика 2-4 недели со мојата , поголеми се они, бебињата се на АД и навистина се “џинџиња”. Огромни главчиња имаат, тоа прво ми паѓа на памет. Незнам дали со сите е случај, ама мојава спрема нив е глушец
Искрено, лаички од она што и јас го гледам и правам споредби, да, со побрз раст се во глобала децата што се на ад. Ама немам воопшто истражувано подлабоко за состојки, продобивки, позитивни/негативни страни, не ме интересирало. Со првото дете многу се истрауматизирав психички,па колку напредува, па се по час, па да не е гладен, кога и од која града бил последниот подој...... хаос! со второво реков ќе цица ако може, ако имам млеко, и воопшто не се замарам што е помало, не правам споредби, само нека се здрави и живо, задоволни и мирни
Намалив температура и многу подобро се осеќам, уствари се осеќам топ. Градата не ме боли кога не ја допирам, не е црвена, длабоко внатре кога ќе ја напипам има како нешто потврдо. Ме боли кога ќе ја стиснам е сега не знам дали е тоа од масажите и стискањето и нормално ли е уште да боли на допир? Е сега ме буни и што уште не ми тече количина на млеко како претходно, нормално ли е така да е? За колку време треба да се врати млекото?
Сепак продолжи штом имаш тврд дел. Додека не се разбие тоа грутче. Болката од тие да наречам повреди од стискање се поинакви, не се длабоки, како воспалена кожа се само. Таман ќе се среди и млекото да тече добро.
Мајки, млеко од сабајле измолзено може да го ставам во млекото од вчера? Од сабајле си е во фрижидер.
Сочувствувам со тебе, и ти праќам гушка за поддршка Јас се опростувам со темата и доењето. Си плачам 2 дена од мака. Ни капка млеко не излегува повеќе. Еден месец беше мојот труд, ама тоа е… Само да ве мотивирам мајки што доите. Уживајте во мирот и погледот на вашите бебенца додека цицаат. Нема поубаво чувство на свет. Среќа си имам видеа, па тие ќе ми останат како најскапоцен спомен