Од 4 ден не цица убаво. Не знам што се случи тогаш ама 6 саати ми висеше на града плачејќи. На крај дадов ад со шише. После тоа секое цицање беше со многу плачење, фати пушти града. Јас со рагади крв цела. Болки страшни. Комбинирав со ад, па молзев, ама не вадев повеќе од 50 мл од двете гради. Па препораки со Јасна што како да правам. И силиконска и чаеви за лактација и пиво и се што чув купив. Ама бебе се помалку цицаше, а се повеќе на ад. И да цицаше пола саат (ова со многу плачење и нервоза), пак беше гладен и пиеше иста количина ад како без цицање. Нешто има тој со јазичето, јас вовлечени брадавици и тој никако не успеа да фати града како што треба. Со молзење вадев се помалку, а бебе бараше се повеќе. И ете веќе 2 дена немам воопшто млеко. И масирав, и под туш со топла вода, ништо нема
Абе па завчера го праевме муабетот, можеш. Само олади ги и двете. Френулом, требало од старт да ти кажат да одржуваш лактација до хируршката интервенција за сечење и после да се обидете да цица. Кај нас не успеа и јас се молзев цела година поради тоа, син ми имаше френулом и по сечењето не цицаше и продолжив да се молзам.
Тука ми рекоа дека нема потреба од интервенција, дека само ќе се среди со текот на време Френулом се вика така? Баш да прочитам убаво што е тоа
Не не се средува со тек на време, ќе се среди ако цица, ама пошто не цица нема од што да се среди и дури може во иднина да му прави проблем при говорот, да има говорни мани и слично. Бар така на нас ни кажа хирургот што ја изведе интервенцијата, Антонио Бенедети, еден од најдобрите Максилофацијални хирурзи кај нас. Иначе се вика френулом или на англиски tough tie.
Сега баш читав. Утре ќе се јавам на докторот да разговарам и со него за ова. Во болница кога се породив ми рекоа после втор месец да правам вежби со вадење на јазик тој да ме имитира, и така ќе се средило со тек на време. Ќе се консултирам и со други стручни лица фала ти многу
И мојата има. Не знаев дека е можно да се среди со доењето, мене ми рече на контрола педијатар ќе мора потаму да се прави интервенција. Со доењето не прави проблем. Јас сама и го видов, веројатно поназад е, не знам дали има врска кај е врзано.
Во право е ангел љубави. Поради тоа што бебчињата при доење го вадат јазичето над долната усна ресичката се истегнува и се средува. Со шише не е така, не се тегне ресичката и нема можност да се среди.
Докторирав на темава кога на 14 дена Пиперкова ми рече Мајка не знаеме што е отидено, бубрезите или мозочето, ќе чекаме да видиме. Дочекав да имам препаметно детенце кое богами го користи мозочето и други здравствени проблеми нема. Така да, верувај прочитав се што има да се прочита пред 6г и 7м додека лежевме во Санте 85% дехидрирани поради лошите совети на патронажната сестра.
Мојата не е на ад и е поголема од врсниците нејзини на ад, во висина , во тежина малкуцка ни бегаат . Ама голема се роди. Нема везе ад, гените си се.
Прееска под туш почна да прска млеко од градата, исто и капе млеко ама не во голема количина. На прав пат сум или ова нема врска? Се мислам дали треба да се јавам на доктор за антибиотик и слично. Или може и без антибиотик да поминам?
Мене Марина ми рече дека со доење може да се среди и да нема потреба од интервенција. На една година да се направи преглед дали треба или не.
Само пази да не се повтори пак застојот, ако се појави ќе одиш на лекар. Нам Пиперкова ни рече дека пред 6м треба да е средено. Сепак ни закажаа на 7м јер мкд здравство де.
Ако не успеваш сама јави се или појди кај Јасна, мене за пола саат со масажа и пумпање ми разбиваше канали, сама не успевав. Кај нашиве доктори голема е веројатност да добиеш антибиотик и без да треба, минимално знаење имаат околу лактација, а тие студии постојано се менуваат. Добро е што ти прскало, масирај нежно пумпај под топол туш, нека исцица бебе, ама на крај обавезно ладно обавезно. И зелка ако ставаш кога ќе престане да те лади менувај ја. Се надевам дека ти олеснува, а не ти е цело време камен тешка.
Не сум во Мк, а докторот ми е подалеку и затоа гледам да се средам сама. Инаку не ми е воопшто тешка и топлото што беше се повлече. Само длабоко кога масирам осеќам како потврдо, не е грутка не знам како да опишам. И ме буни што не тече иста количина на млеко како од другата. Не знам дали треба време да се регулира или уште има запушеен канал. Зелка ставам и топло пред подој и пумпа. Температура воопшто немам денес и ок се осеќам. Вчера попладне испив бруфен и толку, денес не чувствувам потреба. Ваљда оди на подобро, не знам што знаци да следам, ако е алармантно ќе отидам на доктор ама да не одам џабе комплицирано ми е со оставање на бебе.
Ние сме на доење, бебе е мишелинче. На два месеци стигна веќе за 6 до 9 месеци, ме банкротира, само купувам нови облеки, не можам да постигнам.
Хахах исти сме. 7600 на 4 месеци. Првиот месец дуплираше тежина. Ма и поголеми земам, знаат и да се соберат. 2 облакања и толку.
Вака што кажуваш ми личи дека си на прав пат. Продолжи како што правиш до сега. Ако немаш тт и ја осеќаш полесна добро е. Тоа топче може да е млечна жлезда, такви може да осеќаш на повеќе места. Течењето може и да не е исто од двете гради, а тебе сепак ти течело, значи се пробиле, продолжи си со масажите на тоа место. Ако ти продолжува температурата повеќе од 1 ден и градата ти е тешка болна тогаш јави се на лекар. И следи си го тоа топче грутче што и да е што го осеќаш.
Мајки дали смее да се пие чај - Добро утро , состојки се : лист од црн чај , кора од портокал , ѓумбир и арома ванила ?