fala ti za sovetot, zemav vchera lansinoh od dm i stvarno ima razlika vo sporedba so toj na babylove, i bebe ne se buni tolku koa treba da cica ako imam staveno prethodno lanolin, toj na babylove morav da go brisham inaku ja odbivashe gradata
Трет скок во развој е околу 12 недела и често одбиваат да цицаат тогаш. И моето исто прави. Бара да цица, а кога го ставам на града вришти, се тегне, се стега цело, се трга. Кога прави вака го исправам да разгледува наоколу некоја минутка или го исправам на мене го галам и гушкам на главче и по некоја минутка нудам пак. Ако не успее вака, го носам во спална на тивко и затемнувам скроз. Само останете смирени, затоа што бебето е веќе нервозно, ако и вие покажете нервоза дополнително се влошува ситуацијата. Поминува за брзо
@AngelOfArh навечер кога се стемнува, односно околу 5-6-7 саат почнува witching hour. Повеќето бебиња стануваат анксиозни и неутешно плачат односно стануваат мали вештерчиња. Прочитај си и ќе си видиш и сама дека е сосем нормално тоа однесување, знај дека не е само кај вас. Може да трае еден час, или неколку часа кај секое бебенце различно. Интензитетот ќе се намалува како ќе расне. Првото го доев со силиконски. Цели 15 месеци. Верувај е мака. Јас доев на барање и надвор без проблем. Ама ноќе, дење, надвор, секогаш, во секој момент треба да имаш спремни чисти силиконски. За ова сега многу се форсирав да не вклучам силиконски оти знам дека тоа ќе беше easy way out. Иначе, јас иако немав никаков проблем, силиконските и те како можат да влијаат на млекото, да го отежнат доењето и со тоа да ја намалат лактацијата. Бебето со јазичето ја обликува твојата брадавица како му одговара, а некогаш, на некои бебиња им е тешко да работат со силиконската и пијат млеко само колку да го задоволат гладот и брзо потоа пак се гладни. И нели ако нема солидно исцицување, млекото ќе се намалува. Совет мој е да внимаваш со силиконските, да ги користиш исклучиво ако си сигурна дека бебето солидно се нацицува. Ако се си е во ред и ти одговара секако можеш со нив да си продолжиш. Од друга страна, велиш молзиш повеќе калорично млеко, значи бебето го исцицува првичното водлесто и стасува до калорочното. Можеби се изморува, а можеби цицнува и од калоричното. Иначе доењето е болно. Престанува да боли кога бебето ќе се научи како да фаќа. Некое бебе ќе се научи порано, некое подоцна. Јас бев во огромни болки и агонија цели 3 месеци додека почнавме асално да доиме. Секој ден само викав ќе купам формула па што сака нека е, на раб на откажување бев и помина времето. Остај прикаските дека доењето не боли, не сме експерти и ни треба време да го усовршиме и и те како боли некогаш глава ќе ти доаѓа да расцепиш од ѕид дур си го фатите редот. Ама затоа после е песна. Ако имаш млеко и сакаш да доиш, знам колку е болно, ама само со упорност ќе стасате до безболно доење и цело време местење усте да ја фаќа ореолата. Ако чувствуваш дека не можеш да издржиш дај си формула. И едното и другото се правилни одлуки. Сеа скоро некаде читав. Термински бебиња е во ред да ја враќаат родилната тежина и до 2 недели. Прематурчиња а негде прочитав твоето така се води дури и до месец е сосем нормално. Сте ја вратиле родилната, можеби само му треба време да се стабилизира оти и 60 грама е напредок. Не е стагнирање, не е паѓање. На крајот, ти си го гледаш бебето. Дали е живо, пргаво, весело, дали е бледо, млитаво, со стаклен поглед. Дехидрирано бебе се познава одма, здивчето на ацитон ќе му мириса.
Во полузаспаана состојба подметнував, со шетање по соба, со пеење, во затемнета просторија, со бели шумови...па што упали, тоа.
Истото ми прави вчера и денеска, сега и давав у темна соба и јас стоам а и она во исправена позиција и така
Од 4ти скок доењето кај мене е циркус. Исто е баш. Прво го смирувам, па после давам цице. Не форсирај само, да не му стане одбивно уште толку. И морам да стојам. Некогаш на кревет го спуштам, напупена со газот, одозгора му доаѓам Од мака се ќе пробаш. Моево е се, само нормално доење не. Кога ќе ми кажат, гладно да не е, коса ми се крева.
Многу ми значи твоето мислење да знаеш, се што си пишала е така. Планирам полека да ги тргнам силиконските, ми требаа да ми заздрават брадавиците зошто баш ко што кажуваш е, ми идеше да го тргнам и одма да смешам ад, у моментот. Нека пркне само, нема погрешен начин во тоа. Утре сме на педијатар па ќе видиме.
Стискаме палци за утре Ќе порастат за час, а ние ќе се потсеќаме на овие мрачни денови. Еве го, кое од што беше болно, кое од што е такво, живо пргаво само 150гр се поправило за еден месец. Ама е долгичок. Расте во должина. А јаде бре, три пати, цица 4-5 пати дење и уште 2-3 ноќе. Се чудам како може толку малку да напредува. Чудното е и што другово беше( и е) баш буце на негова возраст. На крај на денот, си викам само нека е здрав и жив, мора да има и манекени
Моево многу кака, и ме исплаши свеки имала у фамилија еден внук и син му сега исто, после секое јадење какал, затоа не напредувале како деца а и стварно детенцево сега е многу слабичко, со моето е генерација а цела глава е поситен, многу е ситен.
Колку е тоа многу какање? И син ми многу какаше. Колку напредува, не можам да најдам. Родителите на тие деца крупни се многу или просечни/ситни луѓе? Нека не ти вадат памет со глупи споредби.
И моето многу какаше додека цицаше и какаше дури по 10 или 12 пати на ден и кака и бљуцка целиот се прави лом целосно го пресоблекувам, инаку од сам почеток го дојам со силиконски брадавици јас дека прво во болница ми кажаа купи си силиконски немаш пупки и јас купув а јас сум си имала и сега никако не можам да го одвикнам кога го ставам без силиконска ја мафта главата незнае никако да фати
@AngelOfArh Ангел не се секирај. Му треба време. Ќе видиш, ќе се стабилизира. Иначе не оставај ден да мине да не ги понудиш твоите гради. Јас така чекав недела дена да заздрават моите и после веќе бебе ич не ги прифати, па така заглавив само на силиконски. Градите голи. Мене во Грција вака ме советуваа и сега така правев. Ќе стиснеш малку твое млеко околу брадавица и ќе оставиш да се потсуши, по некоја минута ќе ги натопиш со дебел слој ланолин. Многу омекнува. Одма се осеќа на следно цицање. Околу какањето не мислам дека значи нешто лошо, напротив знак е на здрав метаболизам. Значи дека се што не искористува односно вишокот го исфрла, а не го задржува беспотребно. И мојов какаше 5-6 пати на ден плус минус скоро на секое цицање. Па еве сеа не кака по неколку денови и се нервирам. Пиши утре како си поминала. Не знам дали сте провериле подврзано јазиче дали има? Тоа треба да е рутинска проверка уште на раѓање. Ако немате проверено чим ќе одиш утре, нека го погледнат колку да отфрлиш физичка пречка.
На секое менување пелена, 10тина пати ко ништо во денот. Инаку кај таткото е утврдено дека е проблематично дебело црево, кај детето не. Таткото сега е полничок, ама како дете суварче, а родителите крупни за машала. Едната брадавица ја почнуваме со силиконски ама ја вадам после, завршуваме без нив, другата поболна не можам уште да се опуштам. Така иначе правам и јас, мијам гради (ова го прочитав и ми го кажа доктор иначе не миев на секое мислев не треба) стискам млеко, да се потсуши и после мачкам ланолин. И помага откако го сменив ланолинот, многу помогна, за 5 дена ми се ок градите и можам да дојам, од утре дури ќе се трудам и скроз да ги тргнам силиконските. Знам како функционира доењето, јасно ми е, се тоа јазичето, непцето, ама во пракса не сум искусила и тоа е. За молзење сум тата мата. Инаку јазиче барав да се провери уште во болница бидејќи баткото имаше доста голем френулом кој и до 6м не се намали и затоа давав молзено, ова малово нема.
Многу има каки на секое или малку какнато? Малку какнато, да не речам какп трт да направило бебе не е проблем никаков. Со тежина како напредува?
Женски побарајте на инстаграм Matrona_intl имаат пријава за бесплатен вебинар за доење. Сум слушала претходно за грижа на новороденче и беше многу информативно и докторката одговараше на сите прашања.
200гр скоро за 4 дена, добро е. Ми падна камен од срце. Од сабајлево и силиконските ги тргнав. Од искуство, вие што дававте дохрана (било ад, било мајчино), за колку време го тргнавте? Јас мислам кога ќе престане да се успива на цице, тогаш ќе биде спремен.
Јас на 1 месец, после тоа давав само кога не можев да го дојам. До 1 месец давав заради напредок, обично после доење, и успан често знаев да му дадам, а ако баш заспиеше со цицање го будев..
Јас постојано ја будев, ја чепкав за ножиња, врат, рачиња... Многу напорно ама ке помине.. Дохрана недела дена ама и после тоа спиеше на цице, да ти се смачи, два саати доиш