Епа од два саати доење не напредуваше и затоа со дохрана сега. Давам на успано по 30тина мл, а навечер пред спиење и на ноќното будење во 3-4 давам 60. И јас буцкав, штипев, закачкав... Кога е само тртнато, кога убаво какнато. Ама мислам дека открив од што му е, повторно мајчинскиот инстинкт добро ми кажувал, чајот од Бекутан со Анасон, од него какал така. Прекинав се освен мајчино и веќе не кака така.
Сите 100мл му ги даваше? Мојот е околу 8кг, ама се мислам да не е многу 100мл. Му дадов 2-3 лажички ама без ефект. Наредна недела сме на преглед
Па во текот на денот ќе испиеше 60мл пример, другото фрлав, ама ако го начекаше мајка ми, ќе му легнеше на шишето, дур не ги мавне 40мл у еден цуг не мрдаше, најголемите караници за тоа ни биле со неа. Јас давав кога ептен ќе се свиткаше да се смири малку, да му олесни и после да дадам цице или да му дадам цуце да заспие. Мислев дека му олеснува, може и му олеснувало, ама не нешто посебно важно за да има 100 какани пелени денес.
Уште ова, секое давање во текот на денот ново чајче? Пр пие 3 пати, 3 нови?(како АД, или ништо не му е ако стои во шише)?
@AngelOfArh топ ставило. Ти реков. Му треба малку време ама дечкото е супер. Чајот ти е грешка. Прво оти тоа се празни калории и менува подој/подои што кај мало бебе се многу битни, а и плус од него нема никаков бенефит. Друго, бубрезите сеуште не се развиени доволно да примат вода, чаеви се скроз непотребни. Терајте само со млеко и ќе видиш ќе си фати ред прцулот.
Ма го џитнав со забивање у канта. А со мајка ми се скарав мислам дека цела помош за цел месец у канта ја фрли. Чај та чај. Пишував во мајчински, историја се понавља, поддршка од никого во ситуацијава, сите знаат повеќе од мене. Им реков да си бркаат работа и да ме остават сама да се снаоѓам.
Чај јас сега ќе почнувам, 5ти месец е, не е идеално решение ама премногу го мачи стомакот. Капки не помагаат веќе. Предлог за нешто друго? Наредната недела сме на педијатар заради почнување со храна, последно самиот ми предложи да пробаме со чај..
Еее тоа баби ако не кажат од 40есет и турската нивна, еве не знам. Веднаш вади пример од на тетка и на мајка и, стрина, ќерката имала ист проблем. Веднаш вади бабин лек, или бајач. Кај нас тоа така оди! И мајка ми е од нив. Вчера на пример, му вика на бебево, замисли му зборува: Ех, бабино, кој знае какви глупости ти дава мајка ти да јадеш, затоа си ми вака ситничко. За неа дете, треба да јаде леб и грав, леб и манџа, се со леб за детето да биде дебело. Па уште ми вика, ти исто правеше и со големиот ама гледај тој колкав е сега. Немам сили и нерви да се објаснувам, а камоли да се нервирам. Само игнорирам. Еднаш и реков ти дека мене си ме хранела со каши, зеленчук, овошје затоа сега сум олкаааава. А на брат ми му давале печено брашно, прво дете и бил, таа млада, имале дома стара баба и она што ќе им кажела му давале. За мене, друга песна, со готови каши, со меса секакви, ама сум била коскарка( сега имам надокнадено де ) И за големиот ме тераше да му брцам цуцла во мед, да му давам чај, лимонче кога кива. Потоа сфати дека не применувам ништо, па прекина. И сношти, големиот пие чај со мед, ова малово збесна по него. Мајка ми веднаш со коментар: ееее бабино мајка ти не дава да пробаш, ако си машко, мед имало.
А шо значи тоа "машко е дај му"? Да ме просветли никој оти сите околу мене го користат а мене ми е срам да прашам. Ако е женско не се дава? Еве од примерот нА лејди, демек дај му чај машко е. Ако беше женско ќе немаше да треба да му се даде чај?
Сама најдобро ќе се снајдеш и најубаво ред ќе си фатиш верувај. Иначе сите за се имаат мислење и сите најдобро знаат. Каков проблем со стомак има? Грчеви или не кака редовно?
Ааааааааааахахахахахаха прв пат слушам за ова, се пресмеав. Абе шо лесно е женско да имаш, за машко за се нешто курето ќе му падне. Кај им дотекнало све ова чудесии.
@fana и ти од наш крај си изгледа Реков, бабини деветини. Ама ако спомнрш па и тоа ехеееее ќе ти скапе надоврзување. Приказни како некое дете барало нешто, не му дале, па што се случило. Да не бидеме офф, порано такви верувања имале старите, валјда од маки,исто како нас сега, ама они немале интернет па останало да се прекажува и денес ете.
Женски здраво, некој со искуство со температура додека надојдува млеко во градите? 37 со 2,3 константно а кога не се доволно исцицани и измолзени и до 39! Нема грутки, само се вцрвенуваат и тече млеко кога се полни. Се молзат и дојат редовно, но 20 ти ден од пораѓај сеуште со температура, проверена крвна слика во ред. Ви благодарам ***