Препорака и од мене за ланолинот на Леа, пристојна цена и помага, ко што бев со разранети брадавици на почетокот, за брзо време ми се средија.
Два ипол месеци сме, бебето одбива да цица. Вришти и се тегне на града кога ја ставам. Приметувам дека е во одредени периоди од денот. Зошто може да е така? До сега кратко цицаше ама по често и напредуваше по 1кг месечно. Овие 2 недели забушава со цицање. Пробав и на тивко ,темно да ја дојам исто е. Цица убаво само вечер кога е ептен поспана. Зошто би можело да е така? Во понеделник сме на вакцина па ќе ја измерат да видам како стои со килажа... Ич не ми се дава шише . Јас имам доволно млеко
Кралици сакав да ве прашам за совет. Бебче мое е 6+. Главна храна му е ад, ама цица(ше) само за заспивање. Е сега кога имам циклус бебе не сака да цица ни за спиење. Вчера ми заврши циклусот и бебе пак ми се пика во градите, му понудив и си фати да си цица и си заспа кратко после тоа. Сакав да ве прашам да не има некој проблем дека неколку дена не цица, а сега сака. Како знае дека немам веќе циклус? Му мирисам различно или?
Дали при доење градите ви се променија? Едната града видно ми стана поголема од другата, втора недела како дојам. Ќе остане така или се враќа во нормала?
Кај мене едната и претходно беше поголема. Додека доев малку се изеднчија, ама после доење остана видно поголема. Како да не се и двете мои.
Кај мене 16м цицаше само од една града. Додека цицаше таа ми беше поголема. Откако завршив со доење после негде три месеци се изедначија пак.
Дали смеам да се одмолзувам ако имам мастит? Не знам дали е тоа, ама омалаксано се осеќам ептен и десната града ми е цела црвена и на допир имам болка…
Мораш да се одмолзиш ама не скроз за да не стимулираш уште повеќе да надојде млеко. Туширање, облоги, одмолзи да ти олесни и правец на лекар пред да направиш поголем проблем, може да ти е потребен антибиотик.
Молзи! Мораш да молзиш, не дозволувај да направиш мастит, стави топла крпа на градата или туширај се со топла вода на града и молзи се, ќе ти олесни. Знам како ти е врвев низ истото.
Мајки само на доење сме, се чуствувам напната не поради доење заради други причини. Сакам да прашам што смеам при доење да пијам, а да не влијае на млекото? Благодарам.
Абе сакам нешто што нема да ми делува на спиењето, и преку ден и навечер бидејќи станувам цело време да не не го сетам малово..