Ќе земам нешто, не можам веќе. Со пола парацетамол не врви, а многу сум напната, неспана и од главоболката уште толку не можам да спијам. А којзнае и дали ќе имам шанса да спијам. Да помине ноќва само
Подобро цел парацетамол отколку аналгин. Зошто си зела пола? Имаше денови по 2 пиев дневно, ме тиштеше и глава и кичма и се од тоа грдата спинална, подобро тоа отколку да го испуштам од раце.
За колку време поминува главоболка со бруфен? Имам чувство дека вечно ќе ми трае. За да ми помине, треба да отспијам, а ради неа не можам да заспијам. Ми шета, де чело, па очи ме болат, па ноздри. И така горе долу. Се молам да поспијам малку.
A да пробаш да свариш турско кафе и неколку капки лимон да капнеш? Јас сум алергична на парацетамол и за главоболка ми помагаше ова. Или вечерва Б6 напиј се па утре ако не ти помине пробај со кафето
Требало цел парацетамол да испиеш. Напиј се бруфен, магнезиум и б6, ќе се опуштиш. Замоли го маж ти да ти направи масажа на главата, мене тоа многу ми помага.
Пред 4 часа зедов бруфен, прво го надоив детето. Легнавме, станувам од дремка, уште ме стегаше, реков ова вечно ќе тера. Пред 1 час зедов и парацетамол цел и се намачкав со масло од црква, миро, и по некое време ми стивна. Фала на Бога. Метеопат плус уморопат ме скинаа скроз
Спиј кога си во можност чим ти помага со спиење, мене ми се засилува од спиење. Пиј вода, многу вода, и од дехидрираност знае да боли.
Пишувам малку покасно ама сега прочитав, освен испукани брадавици да не имаш случајно блистерче (не пробиен канал) кој мноогу боли дур е полна градата и дур да се испразни. Јас синко со плачки го доев, па со помош на Јасна нежно го пробивме каналчето и после почнав друга положба на доење и тој проблем не ми се правеше.
Визуелно нема ништо освен дупка во средина на брадавицата. Болката е првите секунди до минутка и после како ништо. Ја договорив и јас Јасна, утре доаѓа и се надевам ќе се реши и ќе дојам безболно.
Имаш можност за договор, во центарот да одиш или кај тебе дома. Мислам дека во Скопје доаѓа само и тоа не сум во центарот туку малце надвор па сепак се согласи да дојде. Ти кажува кога има слободно и се договарате. Цената е 1200 за дома, а да идеш ти не знам цена, логички ми е да е поевтино за некоја стотка.
Не знам каде и дали го има, ама пред месец јас кога барав никаде не можев да го најдам па земав друго и супер се покажа
Никаде нема. Пред 2 недели го најдов на сајтот на Митра и го нарачав, ама ми се јавија дека го немаат, не била ажурирана залихата на сајт и ми ги вратија парите. Во аптеката во Систина ми кажаа дека долго немало увоз, па земав некој друг, на Матернеа мислам и ок е, ми поминаа раните. Ок е и на Леа, ама тој потешко се мачка, барем мене лично ми е така.
Женски дали некоја правела снимка на заб додека дои? Или некоја знае дали е штетно да се прави, дали после снимка да измолзам и да фрлам млеко?
Го нема никаде, мислам дека го поминав пола Скопје барајќи. На крај земав прво на babylove ама катастрофа се покажа, па после пробав Лансинох што ми се чини дека и дури подобар е од Пуреланот. Исто така, по препорака на членки од форумов мачкав и кокосово масло и мислам дека и тоа многу ми помогна.