Да,јас испив една доза лактил и нон стоп Лактамикс чај по 2-3 чаши на ден,до кај 5ти месец, со првото.
Здраво... Дали некој има совет нешто на природна база за сува кашлица... Бебето ми е 6 месеци и е на доење, јас утре ќе посетам доктор но сега упорно кашлам, дури и го будам од сон поради сувата кашлица...
Жени скок ли е нервоза од врукина ли е,или почнува да ми се одбива незнам ама ке полудам. Веке недела-две трае,ке почне да цица гладен 5мин цица супер и почнува да се тегне да се фрла наназад со главата да вика,па ке ја збрка градата ке повлече два три пати па пак се фрла наназад и пишти,па се тегне пак цел,па ке се измолзам и од шише пие лакомо.. А супер си цицаше до сега два и пол месеци веќе. Ова само преку ден ми го прави,ноќе кога се буди два пати за цицање си цица убаво без вака да прави. Незнам веќе до што е и како да му помогнам. Три пати до сега Аптамил му дадов,три дена по еднаш на ден,за да имам време да се измолзам. Млеко си имам све си е супер кога ке го испие од шише.. Да допишам. Денес се нема искакано,ова е прв пат вака. Дали од вакцини денес што прими или дека му дадов аптамил.. Иначе си какаше после секој оброк обавезно до сега. Како да му помогнам?
Пробај да го доиш во затемнета и тивка просторија. Промената во столицата може да му е и од вакцината и од адаптираното. @Lavender13 хидрирај се, земај чај/таблети за доилки, храни се убаво и пробај да се одмориш колку што можеш повеќе.
Ти го болдирав пишаното. Нормално е дека ќе проба шише да добие зошто поубаво му тече и полесно. Иако е толку мало знаат и они што е добро. Кога веќе имаш млеко зошто се одмолзуваш па даваш шише. Префрли го само на града да биде и нема шише можеби нема така да прави.
Давај на барање, не гледај саат и дали било од една или две гради по подој. Како што растат им се менуваат потребите. Ама се регулира и производството за да се задоволат потребите на бебето. Процесот иде према понуда-побарувачка. Јас не мислам дека ти се намалува млекото, туку дека се регулира лактацијата. Само не заборавај да се храниш убаво и пиј течности редовно . Кај мене после месец ипол - два престанаа да се стврднуваат градите. И сега се меки цело време. Моево на почеток цицаше на 2-2ипол саати. Па еден период почна да бара на саат, саат ипол. Па пак на 2. Сега на 7 месеци кога ќе му текне. На пола саат, на саат, на 3 саати. А млеко секогаш има.