Парацетамол е дозволено да се пие при доење. Следи ги дојките да не ти се стврднат,да не фатиш мастит. И јас имав една ноќ со тт на почетокот после пораѓај,се регулира лактација.
Препорена е најнормално после пораѓај, ја иставаш водата од тебе што била вишок, спреми си секоја вечер по 2-3 мајци да менуваш. Иначе 37,2 не ље температура, нема за шо да пиеш нешто на толку ниска. За темп смееш само парацетамол, исто и за болки.
Мајки, дали маточина чај може да се пие при доење? Или нешто друго предложете за несоница и смирување.
Мислам дека беше 2+ месеци за маточина така пишува и на чајот од Бекутан за бебиња. Б6 можеш да пиеш за смирување.
Здраво, ние сме 4 дена стари, млеко вчера почна да ми доаѓа и бебе малку потешко фаќа цице па и затоа ни дадоа и дохрана од 30 мл на три саати, ама мене бебе ми цицаше околу 20 минути и ми заспа, пробав да го разбудам ама немаше шанси. Дали таа доза ја скокам и си продолжувам пак по распоред?
Шо значи тоа потешко фаќа цице? Дохраната нема да го реши тој проблем, напротив. Не ми е јасно зошто ад ако имаш млеко..
Ако се проблем брадавиците пробај со силиконски. Јас првите недели така го доев и во ниеден момент не дадов формула. Ми кажаа само во случај ако плаче и гледам дека е гладно да дадам, ама тоа не се случи. Млекото ќе надоаѓа кога почесто ќе го ставаш на гради. Новороденчињата спијат речиси цело време, особено ако имаат жолтица. Буди го и нуди града на 2 саати. Ако е ептен успано расоблечи го, помини со влажна рака на главче, вратче, масирај и штипкај ноџиња и ќе се разбуди.
Искрено и мене малце не ми е јасно, ги следам препораките од болница. Не цицаше повеќе од 5 минути ама претпоставувам и дека у болница уште немав млеко. Денес ми фаќа убаво и цица по 10тина минути на града. @Bella_Stella да може и до брадавиците да е, некогаш се мачи, земав и јас на медела силиконски и кога гледам дека се мачи да фати успевам со нив. Инаку да има жолтица и ми кажаа само доењењ и дохрана и да го следам.
Не знам од која болница ти се препораките, ама треба и сама да се информираш. Дохрана не се дава се дур бебето не плаче за храна, не полни пелени и не напредува во килажа. Не само кога се мачи да фати, давај му цело време со силиконска, така ќе ги извлече твоите брадавици. Имаш и апаратче едно на Лансинокс во Дм за извлекување или со шприц, колку и да е застарен метод јас така ги извлеков. Упорност, трпение и ќе успеете.
Скок не дрма, брадавиците како малини ми се, жар црвени и нанапред истурени. Ај што цица многу и често, ај што цица нервозно и со претање, па и со раце ми ги штипе и тегне. Од што цица често почна да ми тече пак од десната повеќе млеко, мислиш се воспоставува тек латација, потоп сум. И дури цица со двете раце ми ги трга, ми ги тегне градите, во срце ме мава. Јас викам него смешно му е.
Ако имаш млеко не ти треба ад. Стави пробај со силиконска. После доење одмолзувај се ако не може да исцица сѐ (а најчесто немаат толку сила толку мали новороденчиња а и реално малку им треба) и дај со шише или шприц ако сметаш дека уште е гладно. Важно е после подој или одмолзување градите да ги осеќаш празни, зошто ако ги оставаш полни ризикуваш да добиеш мастит или да ти се намали лактација.
Бебе е 6 денови старо цица на 1,5-2h Убаво фаќа града, цица од 10-20min Ама ко ке заврши градата не е доиспразнета дали да го измолзувам тоа млеко?
Да се убацам и јас значи кај мене се супер си цица и напредува,а од Ремедика упорни за дохрана,нмж да укапирам зошто....со првата како искочив од болница само на цицање ад нема пробано.
https://www.instagram.com/p/CtpckjTMPfh/?igshid=MzRlODBiNWFlZA== Одличен профил и многу добро објаснување, ви препорачувам на сите кои имате недоумици да си го заследите, има многу добри практични видеа со убаво објаснување.
Не ствара се грчеви, освен кај твоето ако е така. Јас си јадев искрено доста благо. Пробај, од нешто нема да има грчеви. Големото имаше од млечно чоколадо само, друго не.