Ама не бираш дали ќе спиеш или не, едноставно анестезијата и сите пропратни лекови што ги примаш и за време на операција и на интензивна те прават таков и од толку лекови што си примил сеќавањата во детали за тој ден полека ќе ти избледуваат и нема да се сеќаваш на сè. Јас два-три саати после царскиот не можев да се сопрам од тресење и не можев ниту да се јавам на мм дека се породив, а не пак бебе да ми дадат. Апсолутно дека бенефитот за бебето е поголем ама некогаш не е наш избор и никако не може да се спореди природен пораѓај со царски.
Мајки, вие што доите претежно во лежечка положба, бебето странично накај вас е свртено или на грб лежи? Не сум сигурна што е проблемот, дали позицијата на бебето или друго, секогаш во лежечка позиција се прецицицува, цица цица без престан сѐ додека јас не се тргнам, а тој после тоа повраќа обилно. Како мерката да не си ја знае..
Секогаш стомак на стомак, во било која позиција да е. Колку обилно повраќа? И мојот не си ја знае мерката, после секој подој повраќа ама се додека не е повраќање во млаз и не губи на тежина ми кажаа да не се грижам.
Не е во млаз мислам, ама обилно е како последното јадење да го исфрла и дел од претпоследното. Повраќа свежо млеко и оноа 'сварено'. Ова се случува само во лежечка положба кога се доиме. Морам така периодов пошо на друг начин не фаќа града вреска, се тегне, не дава да го легнам на скут. Единствено вака отвора уста нормално, ама ете.... Мојов не губи на тежина ама не ни додава нешто посебно деновиве.
Јас не бев сама во соба и на мене и на цимерката мажите ни беа скоро по цел ден додека е дозволена посета со нас. Поделени со завеса и тивко зборење, не ни осетив дека има луѓе до нас. Посети имаше до 20ч. Јас моето бебе го давав навечер на сестрите за да можам бар малце да сврзам сон, а останатиот дел беше цело време со мене. Со царски рез сигурно и во приватните болници кај нас не е како во странство. Иако има доволно персонал си имаат одредени пропусти.
Мајки фала за поддршката. Од сабајле како го донесоа еве го цел ден си цицнува. Едната брадавица беше повеќе извлечена па си ја прифати убаво,за другата негодуваше ама бев упорна па си ја фати и таа. Немам којзнае колку млеко на стискање,ама веројатно му е доволно ,си мочка,си кака неколку пати денес. Очекувам да не пуштат па ќе си го фатиме редот дома.
И кај мене повраќа од тоа свареното, ми кажаа да го кревам да го ждригнам некаде на пола подој, ама нема шанси, кога ќе го тргнам од града вреска и се фрла целиот наназад. Плус како расте се потешко и потешко ми е да го ждригнам и после подој. Не знам искрено, прашај си педијатар ама мислам дека е нормално, лакоми и стрвни се, се прејадуваат и сеуште не знаат да ја регулираат храната.
Јас искрено многу лесно поминав со царскиот од секој аспект. Седев само саат ипол од прилика во соба за будење каде што не бев ни заспана, туку само чекав да ми се откочат нозете од спиналната за да можам да се префрлам сама од носилка на кревет. Додека се возев во лифт за накај соба, ги замолив да се јават бебето да ми го донесат одма, на што рекоа дека веќе се известени во педијатрија дека ме носат во соба и го спремаат бебето за кај мене. Значи практика им е одма да ти го донесат. Буквално минути беа во прашање како се сместив во соба и одма влегоа со бебето и ми го наместија на града. Но сепак не можам да го генерализирам моето искуство и да речам дека за секој е така. Некои поминуваат потешко. Јас иако имав катетер и оперирана ниту ми се спиеше, ниту ми се лошеше. Напротив и вечерта едвај заспав од возбудата од целиот ден, а два дена не бев спиена. Ама моето тело така реагира, не велам дека тоа е стандард за сите. Бебето беше скоро цело време со мене додека бев таму 5 дена. И со секое станување ми беше се полесно. Далеку од тоа дека никаква болка не чувствував ама помислата дека бебето е до мене и треба да се грижам за него ми даваа некоја мотивација да не залегнувам. И тврдам дека да не беше бебето до мене дека ќе дремев цел ден на телефон и потешко ќе ми одеше закрепнувањето кога ќе си одев дома после 5 дена. Имаше сестри што предлагаа да го земаат бебето кај нив за да одмарам и користам помош додека сум таму, имаше сестри што советуваа да седи бебето со мене и да цица. Изборот беше мој и освен за рутинските прегледи и утринската визита во педијатрија бебето беше кај мене. Инаку на сето стимулирање колострум ми надојде тек после 2-3 дена. Освен ако нема стварно медицински издржана причина и некаква компликација и со царски може да се функционира релативно брзо, барем ете моето искуство е такво. Инаку зборам за приватно, но и другарки породени на државно скоро цел ден ги оставале со бебињата ако побарале. Најголем проблем е немањето доволно персонал, наспроти дневниот број на пациенти па со тоа не може да се воспостави и некој систем каде што ќе се овозможи што побрзо мајката и бебето да се во контакт. Искрено не знам зошто во државните се седи со саати, а некогаш и цел ден на интензивна нега. Дали немаат секогаш слободни кревети во собите па така менаџираат, еве не ми е јасно инаку зошто би бил таков протоколот при царски каде што немало компликации.
Велат дека најправилно е да се лежи 24ч на интензивна,а и толкав период стои резервирана крв на трансфузиологија за секоја родилка (бидејќи во тој период од 24ч е најголем ризикот од компликации, ова го знам од роднина што работи на трансфузиологија). На ГАК нема место на интензивна да се лежи толку долго, во другите градови ете конкретно Битола и на државно и на приватно е 24ч ако не се лажам ама може да потврдат @fana и @kristina.k
@Iris-1234 да, јас бев точно 24 часа во интензивна во Плодност. Искрено тој период е најдобро тоа за родилката, да се следат сите функции, пулс, притисок (мене пулсот ми беше превисок на почеток, па се стабилизира, па притисокот почна да се качува), па следат крварење одма по операција, итн..
@Iris-1234 @Giovanna Навистина не знам зошто лежев 24 часа. Точно во државна болница во Битола имам два царски и за двата лежев по толку. @kristina.k е породена во Плодност ама таа не лежеше 24 часа мислам. Според мене исправно е 24 часа. Шо знам .... Се брзаме ли за некаде?
Ме станаа за до вц кое се наоѓа во самата интензивна. Одма до креветите е и стануваат со цел побрзо да почнат да одат родилките, ама две од тие што беа со мене одбија. Неколку чекори е, се миеш со вода и враќаат одма во кревет. А првиот пат после 8 часа ме преместија во соба поради дезинфекција на интензивна, а и сама бев, ама целосно со монитори за се.
Јас се пораѓав во друга држава и се породив сабајле во 8 и 20, а накај 14 часот ме однесоа во соба мислам. Толку. Во Мк одма бев во собата. Во Струмица се пораѓав.
Не можам да тврдам како е исправно, но дефинитивно ептен има разлика во протокол. Верувам дека да има причина за зголемен мониторинг дека нема да се остави на случајност. Јас бев прикачена на апарати само во собата за будење, после во соба немав ништо такво, само инфузија и катетер. Лично едвај чекав да ми го извадат катетерот да си фукнционирам непречено. Колку што знам во интензивна бебе не носат, а искрено мене би ми било многу толку време без контакт, освен се разбира ако не мора поради не дај боже компликација некоја.
И со двете деца на интензивна седев по 2 часа (во две различни болници). За првото бебето ми го донесоа наредниот ден после визита - породена во 9 навечер. Второто ме породија во 12, бебето ми го донесоа веднаш штом ме спуштија во соба. Со првото катетер ми извадија наредниот ден на пладне, со второто утрото во 6 часот веќе го извадија и ме кренаа (значи со двете за неполни 24 часа ми го вадеа катетерот). Искрено и јас како @Giovanna едвај чекав да ги видам. За првото дури почнав да плачам зошто не ми го носеа до пладнето, нешто лошо беа организирани во болницата. И двајцата веднаш ги ставав на града, млеко надојде 3-4ден, цицаа и качуваа килажа само од цицање уште во болница. Не викам дека е лесно, особено со вториот царски си плачев тие денови зошто одев еден чекор напред, два назад со болките, а знаев дека дома ме чека уште едно дете. И за двете дома после петтиот ден веќе функционирав најнормално иако вториот пат ми беше потешко, некако дента кога требаше да ме испуштаат смогнав сила и веќе после тоа немаше застанување. А да и за двете првите ноќи не спиев, што од болка, хормони, адреналин....
Јас бев со царски, итен и многу тежок пораѓај, бебето беше до мене од првиот момент, во странство сум, мм беше со мене, 4 во соба и одделени креветите со завеса, ама вц е едно, сестри имаше 3-4 на смена на цело одделение и не помагаат ништо ако не ги прашаш, се сам( се туширав сама следен ден)Не беше лесно, скоро 10 дена бевме таму и беше мачно, ни спиење видовме ни одмор ама затоа излеговме од болница спремни, знаевме како да го чуваме и што да правиме. Бенефитите од тоа и партнерот да е таму се огромни, ем психички за тебе е огромна подршка, ем за помош. Мора да ја воведат оваа пракса кај нас, не е научна фантастика да спремаат за ова, не ни треба посебни соби, доволно е завеса, стварно бенефите се огромни.
Утре треба да оставам бебе за чување некои три часа од прилика. Колку мл млекце најмалку да одмолзам? Пред излевање секако ќе цицне , ама да има за мегувреме ако се задржам.