Не обрнувај внимание т.е не му покажувај дека ти пречи, ќе заборави сам. Најдобро дои го во просторија кај шо ми е досадно, без звуци и нека д затемнето за да се фокусира само на цицање. Тек ќе прави акробации чудни
Како знае да ме заболе знам и да офнам на глас. Ќе се обидам да се контролирам. А во право си за просторијата, само гледа лево десно, по ѕидови, лустери, луѓе ако има па се врти одма да не пропушти нешто и така останува недоцицан мислам. Ти благодарам многу.
По 40 минути цицаше како помал, постепено кратеше време на подои што е нормално знам. Ама сега цица 5 мин и после си игра, затоа се загрижив. Се надевам е како што викаш
Мамасити кога престанавте да ги будите за цицање? Синко денски станува на 2-3 часа зависи како се наручкал, а ноќе поврзува 4 саати. Дали е во ред за бебе од 51 ден старост? Или треба да го будам
Ако напредува добро на тежина не го буди. И мене на почеток ми викаа буди го и видов дека не му прија будењето зошто мн малку спиеше и престанав да го будам и пак супер напредуваше.
Па прво за 25 дена 940 грама а потоа за 14 дена 470 грама. Од 7 ми месецов не е ваган ама и не очекувам многу зошто едвај цицаше ради воспаление на ушињата, ама почнува пак да си јаде како што си јадеше. Јас не го будам веќе ми е жал, шо убаво си спие
Прекинав кога направи еден месец. Веќе не беше успана од жолтицата и убаво си качуваше. И педијатарот ми рече да не ја будам веќе. Навечер првото будење и' е после 4 часа веќе 2-3 дена, јас пресреќна Потоа уште двапати на три часа бара да цица. Не се буди на 2 часа Ја мерев, ставила 470 гр за 2 недели откако прекинав да ја будам.
Јас не ја будам, откако почна убаво да напредува. Ма да и претходно кога не стануваше јас шише и бутав за да не спие гладна, плачеше го повраќаше млекото и ја расонував така само Сега е 3месеци, заспива 8.30-9, станува или кај 3 или дури во 5 за цицање, па кај 9. Отвара очи и одма кака па верувам сита си е штом си спие..
И ние толку имавме додадено за две недели . Ама сега последните 10 дена малку беше зорт со јадењето ама си се враќаме во нормала.
После доење или измолзување ме болат градите од доле и странично,од пазува спрема брадавица. Нормално е? Го чуствувам како жарење,печење...нема грутки,мека е градата. Денес 12 ден откако сум породена.
Ќе се среди и тоа, нормално е и на пример да нема качено многу ако не цицал поради ушите. Ама ќе помине и пак ќе си лапка како претходно.
Знам дека напредокот е најдоабар показател за млекото, но ми треба мислење за следново. Бебе цица и мислам дека убаво напредува. Има месец и пол и 4470 gr (испис 2970). Е, сега, ми ги исцицува двете гради на секој подој, мене само ноќе ми се како тешки и полни. Дали затоа што преку ден многу често цица, па не може да се стврднат или немам многу млеко и сака често да е на града и не се најадува? Дилемава ми е бидејќи најчесто тука читам полни им се на повеќето градите, им тече од чиста мира и сл. Кај мене само ноќе се како полни. Друго. Не молзам и дали треба да почнам да молзам? Во смисла, дали затоа немам стврднувања и преполни гради? Одлучив да не молзам бидејќи нели најдобра стимулација е бебето, но дали тоа значи дека имам помалку млеко поради немолзење? Дали тоа што ми ги празни двете гради значи дека немам многу млеко? Ова прашувам бидејќи читам менувате, еден подој од една а друг подој од друга града давате. Си мислев ако ги нудам двете гради дека така еднакво ќе ми ги стимулира за да немам со едната поголемо временско растојание до следниот подој за таа града. Плус, никогаш не одбила двете да ги испразни, си ги сркнува и двете. Дали е правилно да се нудат двете?
Не ја будам веќе 2 недели може и поќе, спие од 9 до 6 сабајле без едно будење. Нема потреба ако напредува бебето. Тоа правило важи на почеток и доколку не напредува
По книга најдобро е двете да се нудат, но не целосно да ги исцицува, бидејќи ако е на толку често преку ден, тие хиперстимулирано би требало баш да се стврднат, бидејќи е месец ипол бебето. За одмолзување не би, бидејќи најдобра стимулација ти е бебето, а вака лесно можеш да направиш хипер. Меки се по правило градите, од прв ден ми се меки, онака поцврсти и кога се потешки пред доење, а имам млеко. Мене ми тече млеко редовно од двете гради кога дојам, а дојам 1 града на подој, момата моја кога завршува со цицање нема шанси да продолжи на другата града. Затоа и по една ни е на подој, навика е се. Мислам дека твојата мома добро си напредува и добро терате досега, продолжете така, само не целосно исцицување и доколку можиш да е околу 2 ч минимум цицањето бидејќи одприлика за толку време се создава убаво млеко, хранливоста е помала и помалку ги држи сити кога е на помал размак цицањето.
Јас го дојам на двете гради, мене така ми одговара зошто имам многу млеко, ако дојам града на подој, другата до следен подој има да ми биде како камен тврда, да утепам човек со неа , и многу болат тие чворови. Не ми ги цица до крај. Зошто ако го оставам да ми ја исцица едната, се најадува, и другата ми останува полна и болна. Посебно десната града ми е многу осетлива. Имам една точка и празна ме боли, како скапано си го чувствувам тоа место. Од што така ми е, не знам. Инаку како си бара детето така терај си, тоа ти е најдобар стимул, јас морам да одмолзувам по подој некогаш кога послабо цица за да си олеснам, во спротивно ке пукнам.