Бебето е 11 дена. Последните 3-4 дена никако не можам да го тргнам од града. Од старт давам и дохрана зошто немав доволно млеко а тој е многу лаком. Сега кога ќе се разбуди цица по 15 мин на града, па ќе му го дадам шишето, потоа се држиме да ждригне 10-15 мин и не сака никако да си лежи или да го држи маж ми. Веднаш сака пак на града и да шмука.. не влечи цело време но гледам дека повремено брадавичката се полни. Никако не може да заспие, задремува на града и ако мрднам веднаш се буди. Што правам грешно
Не правиш ништо грешно. Бебе сака топлина, мирисот твој, таму се осеќа безбедно. Тежок е почетокот но брзо поминува.
После колку време од конзумирање храната се излачува во млекото? Пр.денес јадев туна, дали утре би покажало знаци на грчеви доколку му смета на бебето?
4 месеци после пораѓај исто доев, сега со второ немам добиено уште (3 месеци е) Доењето нема врска со менс.
Добро утро мамасити. Да не го урочам синко пу пу, почна пак да ми цица , само остана плачењето ко да не колат кога му се спие. Ме огреа
Не е до тоа, исто темпо тераме цело време, ама како влеговме во трет скок почна да плаче ко да го колат кога му се спие. И слабо цицаше, ама од вчера пак почна да цицка како пред скокот. Поточно навечер ми плаче најмногу за ноќното спиење
Јас овие ги користам Spoiler: Линк https://play.google.com/store/apps/details?id=com.napper https://play.google.com/store/apps/details?id=com.huckleberry_labs.app
Мајки ви имаат ли бебињат поомилено цице? Пробувам еден до два оброка во денот да му се на цице имам млеко почна да надоаѓа ама да стимулирам повеќе за да го тргнам АД сакам. Ама на лево цице повеќе од 3 мин не застанува, а на десно си цица и ке заспие. Не знам што да правам, многу сакам да цица ама кога ке почне да ја тресе главата од што е гладен попуштам и му го давам шишето
Јас ја следам мамина спавалица на инста. Според неа треба во 7 сабајле бебе да се буди за да фати ритам, но секако за време на регресија правилата не важат. Најважна е првата дремка и ако таа се фати со убаво, и ако се следи стварно WW многу лесно се успиваат.
Синко повеќе сакаше на лево цице отколу на десно зошто поубаво му течеше на таа града. Ама јас почнав прво да нудам на таа што помалку ја сака и успеав во тоа да си цица и на двете без проблем. И сега на пример цица десна града па лева и следен подој ми почнува лева па десна. Зошто секогаш на втората града помалку цица, и затоа почнувам следен подој со таа града. Мораш да бидеш упорна, ако немаш многу млеко по секој подој молзи и малку да вадиш не е тоа проблем, туку на тој начин ќе даваш сигнал дека треба повеќе млеко да произведуваат градите. Пиј чај за доили, сок бистар од јаболка, сок од зова, боза, безалкохолно пиво, доста вода за да ти надоаѓа млеко. Си бара многу течности и редовно хранење. И што почесто ставај дете на града. Малку ти е два оброка за да го навикнеш на цице. Прво цице после ад ке даваш.
Па највеќе 2 саати викаат, прејде ли 2 мора да се буди.. мене ми е тешко некогаш оти тодлеров ме зафркава ја буди намерно
Секоја дремка не му е 2 саати. Непредвидлив е. Има дремки од 1 час, има од 2, има денови кога му се по 10-20 мин, им денови кога другите се кратки едната е 3 часа. Затоа не ми иде да го будам. Да помине и 5 ти скокџ таму кај 6 месеци може ќе бидат по предвидливи дремките ќе видиме. Според возраста се следи прозорот на будност. Напиши на гугл, ќе ти искочи од др. Гуднајт табела. Пример ние сњга наполнивме 5 месеци, прозорот на будност му се зголеми измегу 2-2.5 часа. Претходно беше пократок. И да не пројавува знаци за спиење, го носам во спална, цица и заспива веднаш. Сега гледам погоре ставиле табела