Еве неколку слики Што на мене малку ми се збунувачки првите две слики, во однос на должината на дремките (различна е на двете слики).. Spoiler
Исто сме и ние.Овој период баш почна така да плаче, кога му се спие.И тоа пред секое спиење.СтрашноИзгледа период им е
На природна база мед смееш, мислам дека и прополис може ама не сум сигурна. Можеш и пантенол пастили. Лимонот многу прави грчеви па лимон не ти препорачувам.
Не знам што да кажам. Еве сношти, спиеше на прошетка низ град, како се разбуди одма дома ( живеам на две мин од шеталиште ) и го искапив и на цице јадеше. После пак се одра од плачење. Секој пат на цице заспива, сношти за ништо живо. Отпор дава, му паѓат очите ама неее употно ги држи отворени и плачиме. Не помина ни час од последнста дремка па да кажам нервозен е од што многу му се спие. Секоја вечер 9, 9и пол се заспиваме. Времето за тоа никогаш не го поместувам, ама ете. Едноставно треба да се исплаче и тоа е тоа. Да ојачаме плуќа и гласни жици.
Мммхм Пробувам да се снајдам... На пример, тие 4-5 дремки се заедно со ноќните, и нив ги вика дремки? И дали тој прозорец на будност од 60 мин вклулува и цицање или после цицање колку време ќе биде будно? И дали ги доите веднаш кога ќе се разбудат, па после тие 60 мин пак на цице за да заспијат...? Многу нејасни работи имам....
И како знаете дека бебрто завршило со цицање...? Само се тргнува? Оти което често заспива на града.. па штипкам, масирам, гњавам... ама не знам до кога тоа така треба, до кој момент..
Napper е топ. Фала за линковиве. Ја симнав и како вика апликацијата буквално така покажува знаци за спиење и макс за 5 минути заспива. Вчера и денес заспивањава со минута плус минус од Napper ни се и ич не се мачиме.
Не уште сум со неплатената верзија ама некако убав распоред ми направи самата апликација. Нешто слично што следев и јас. Ќе видам неделава како ќе е.
Девојки итно ми треба помош, левата града ме боли многу, не можам ни да ја допрам од болка. Вака на изглед нема црвенило, нема некоја грутка, но имав блебче пред неколку дена кое најверојатно го исцица малиот. Имам како мало набабрување околу брадавицата, ми олеснува после доење но после тоа веднаш градата ме боли. Имам и температура 38. Се масирам, не знам дали да ја форсирам таа града на секој подој или не?
Мајка со душа чекавме абер од тебе. @Bella_Stella пред некој ден имаше проблем, ама го реши. Таа нека каже збор два од искуство. Веројатно е мастит, ама нека кажат паталците. Бебето како е?
Добри сме фала, сите тројца фативме вирус, тој најлесно помина, само секретот уште го има. Јас и маж ми имавме висока температура неколку дена, но нас побрзо ни помина, тој уште се мачи да го исфрли. Цела среќа што не беше посериозно кај него.
@Lavender13 Мислам дека советуваа пред подој топли облоги а после подој ладни. Листови од зелка да ставаш исто. Треба неколку дена ама ќе се среди
Мила ќе ставаш лист од зелка. Да ја извлечи топлината од градите ако ја имаш, можеби не е мастит кај тебе и температурата да се должи на вирусот. Но сепак превенирај. Топла крпа на гради пред доење да ти ги опушти каналите, полесно да ги исцица грутките. И потоа ладни облози да се затворат каналите. Зелка измеѓу подој и ке се реши работата. И брзо да помине се што ве снашло.
Мастит е, кај мене така се набабруваше кај брадавицата неколку денови и после се искомплицира. Мачно е ама ќе помине со упорност и трпение. Многу масажи под туш и надвор од туш, топли облоги пред доење и форсирање на таа града, ладни облоги (зелка, ациди борици) после доење. Јас нон стоп бев со облога дури и се нафрлив, ама барем успешно го излечив за 72 саати. Температурата спушти ја со парацетамол или ибупрофен. Читав дека многу помага и зелена глина, ама дур да земам ми помина. Ја мешаш со вода, само не со метален прибор туку со рака или дрвена/керамичка лажица. Ја мачкаш на цела дојка и чекаш да се исуши. Влечела топлина и ги одзатнувала каналите.
Здраво, нормално ли е едната града да има повеќе млеко од другата(скоро двојно) при одмолзување со пумпа. Како да ги изедначам? И бебе не ја сака оваа града со помалку млеко.
3 недели бебе не можи да има некоја посебна рутина и точно дремки. Иако напишани се одприлика колку треба да е ww и колку дремка треба да има, сепак над 2 месеци може да свати шо е рутина, а најточно после 4 месец може да има "програмирани дремки". Времето на цицање се смета за будно, кога ќе се спушти во креветче се рачуна за мерење на дремката. Вечерното спиење не треба да има WW, но вие сте уште мали и нормално треба бебе да има ноќни подои и да се расони. Зашо го будиш ако заспало на града а веќе цицало? Природно е да "цуца" на града, а да не влече додека спие тоа му иде како цуцла, па кога ќе уцврсти ептен ќе му се испушти. Да, подој од кога ќе стане, па пред спиење, заспиваа и моите на града