Мислам пред некој ден пиша за блистер, јас имам на левата повеќе од 10 дена и многу ме боли, никако да се одзатни каналот, една другарка ми рече на туширање со жешка вода и со крпа да го тријам дури не излези, направив така и не излезе а умрев од болка. Бебе си цица на таа града мене ме боли За болка мислам спазмекс е дозволено ама не сум сиг. Оти ми беа и во првата бременост дозволени за болки од жолчката.
И јас на туширање синоќа ја пробив ама мм јас сама не можев, плачев колку ме болеше ама почна да шприца млеко и ми олесни. Желудник, грб, коски се ме боли дали настинувам не знам ама многу лошо се чуствувам како воз да ме згазил
Дали некоја користела vichy slow age дури доела? Не можам да најдам инфо на нет дали е океј да се користи за време на доење.
Дали е проблем цело време да дојам со силиконски, што мислите? Не можам без, ме пече многу и неугодно ми е, може до фатот е
Јас сакам да прашам нешто информативно... Како доите? Прво една града до крај, па нудите следна...па после на следен подој од неа почнувате? И она што го зборат предно и задно млеко.. кога доите на таа града што во претходниот подој била последна, и тогаш има пак предно лесно млеко, или тоа е претходно исцицано? И колку време на цицање е тоа лесното млеко? Шизнувам веќе.. Бебе 8 недели, на секој подој првите 10 мин прелесно цица на секоја града, цицни-голтни, дури и воздух не може да земе, а после е маки.. ја користи како цуцла, вришти ако не и тече како на почеток, заспива... Не знам дали немам доволно млеко, дали и е тешко да го исцица тоа тешкото што се вели. Колку треба да трае подојот на таа возраст? На мерење една недела вади 300 грама (со две дохрани по 60мл во денот), следната недела ми викаат давај една дохрана и цицање и таа вади 70гр плус.. Подојите некогаш траат и по саат време..со будење со масирање..со се.. Многу се извинувам на долгиот пост, ама некои работи не ми се уште јасни еве.
И јас бев така и за жал на тоа останав. По 10 минути на града и потоа не го молам веднаш продолжувам со дохрана. Гледам оброкот да трае 30 до 40 мин зошто се повеќе од тоа бебе се мачи и е незадоволно а и јас се нервирам. Изгледа така и ќе си тераме освен ако не му текне скроз да го занејќе доењето.
Чај од валеријана, маточина оди со доење? И дали смее мелатонин да се земе пример, неколку дена со ред колку да се нормализира спиењето?
Ако ти успева без да си направиш компликации како мене нема зошто да е проблем. Јас ради болни брадавици доев две недели со силиконски зошто на друг начин не бев во состојба. На крај добив мастит зошто со силиконски празнењето на градата не е исто ефективно како без (ова ми го кажа лактациски консултант, не зборам од лично искуство само). Исто така бебето во тој период многу малку ми качи на тежина. Како и сѐ друго и ова е индивидуално, ама мој совет би бил што поскоро да ги излечиш брадавиците и да си цицате без.
Сакам и јас да не ги користам, пробувам од време на време ама многу ми е неугодно и имам печење. Бебе убаво си цица и си напредува. Тоа за маститот не сум помислила бидејќи гледам после доење градите ми омекнуваат. Се надевам нема да имаме проблем ни двете.
Мачкав до скоро, мислам дека уште толку ми се сушеше кожата, па сега ми препишаа една крема и со тоа мачкам
Јас користев ланолин на Лансинох, ама кога земав Бејбилов се преродив и тогаш ми заздравеа целосно. Пробај.
Исто на Бејби лов користев, многу ми се исушиа. Можеби за рани е добар, мене ич не ми се погоди. Со кремата е подобро во врска со чешање и сувост, ама нема влијание врз печењето при доење
Не знам дали е дозволено за доење, ама јас во најкризните моменти мачкав пантексол маст. Сум ја користела за рани, ммогу е ефикасна. Најчесто мачкав кога навечер легнуваше и знаев дека имам неколку сати да делува пред да се разбуди бебе за цицање. Пред да цица само со вода се одмивав и се бришев. Не со сапун за да не се сушат дополнително брадавиците. Ланолини два имав, на леа и на медела и не секогаш ми помагаа. Тежок период беше тој додека се навикнат брадавиците, а и долг некако. Вежби за дишење правев додека помине иницијалната болка.
Може требаше да продолжам без, да бидам упорна ама многу ми е неугодно и печењето не е толку многу големо при доењето како после доењето. А гледам убаво си цица и со преку нив и уште терам така месец ипол сме. Не. Ме прегледа бабицата што доаѓаше, го виде и бебето дека нема ништо и рече не е кандида.
Мајки имам многу болки во грбот особено навечер ми се плаче кога треба да станам за доење дали сум настината дали градите што ми тежат па боли не знам ама не се издржува болката, па пијам парацетамол наутро и навечер последниве 3 4 дена, знам дека е дозволен при доење ама ме фаќа шубе што секој ден пијам по 2, да не направам некоја беља на бебе?