Како за моето да читам во трет скок кога беше. Јас не дадов шише ( моето не сакаше иако беше молзено ) , бев упорна, кога помалку цицаше кога повеќе и можам да кажам дека и убаво си додаде на килажа. Мислам дека со ноќните подои си надокнадуваше тоа што слабо цицаше дење. Ќе помине само смирено и почесто го нуди преку ден и верувај нема да е гладен.
Доенечка криза што ретко кого не прескокнала. Една другарка баш кога и реков дека слушнав дека многу бебиња се одбивале од доење баш во тој период ми вика бебињата не се одбиваат, мајките се откажуваат. И стварно е така, стварно е огромен предизвик, но мој совет е да издржиш зошто не трае многу долго. Јас тој период буквално бев 24/7 соблечена од половината нагоре и доев, дупка направив во креветот. Бебе ќе цицне па ќе почне да се тегне, нервира, да се мава од града. Ми се плачеше колку беше напорно, ама решителноста да дојам ми беше поголема. Во ниеден момент не дадов шише, упорно ставав на гради, колку ќе цица толку. Можеш да издржиш, имај верба во себе. После станува полесно и сѐ поубаво. Јас дојам 6 месеци и нема поубав и поинтимен момент меѓу мајката и бебето од тој. Ништо не го заменува тој поглед и тие мали очиња што во тебе го гледаат целиот свет.
Bas i ne se soglasuvam sotebe zosto da place posle za da ti bide nervoznondeteto mene pedijatarot mi vikase da ne se otkazuvam da, no sepak pred da se razbudi ke se odmolzam malku i pak da probam da gonstavam nangrada. Inace sepak i doma se ima i drugi obvrski nema celo vreme da visis vrz nego za da cica. Ti vikam jasnza prvototo zlatni opinci iskinav za da se navikne ama pominaa 2 meseca.
Надвор од темата но и кај мене мислам дека тоа беше главната причина што не успеав бебето да биде само на доење. Сите педијатри советуваат по 10-15 мин на града, никој не вели седи по цел ден гола и кога сака нека влече. Така да стварно не знам што е правилно, а да не ги спомнувам останатите обврски или ако некој има и поголемо дете.
Не мораш да се согласуваш. Тоа е мое искуство, моја одлука и моја доенечка приказна, успешна. Форум е ова и секој има право да си сподели и каже што мисли дека е соодветно, не мора сите да делиме едно мислење. Обврски по дома имам и јас, како и сите други жени. И не, не ‘висев над него’ за да цица, туку давав секогаш кога бараше. Цицањето е понуда и побарувачка, тежок процес кој што бара и жртва. Ако не сте спремни дајте си АД и готово. @atz1995 нема со месеци да седиш гола, кратка ‘е жртвата’ ама е за подобро утре. Ама кој како ќе си сфати.
Можам да кажам дека доцна сфатив во што е шемата. Прво дете неискусна и така ...сега се трудам со пумпа и АД. Како и да е да се здрави и живи. За второ можеби ќе успеам со доење.
Ќе успееш Со првото не се снајдов баш најдобро на почетокот и затоа беше на доење и на ад. Сепак среќна сум што воопшто имав можност колку толку да цица, со преголема упорност го вратив млекото и така комбинирано теравме до 9 месеци и потоа се одби. Со второво успеав да е на доење.
Доењето е најлесна ама од друга страна и најпредизвикувачка работа. Особено првите месец два. Не може правосмукалката, бришката и средството да бидат поважни од бебе кое бара само мајка и нејзиниот мирис и топлина. Со првото немав гајле, и да немаше јадење јадевме што ќе најдеме, дома никогаш не гледав дали е средено или не. Битно ми беше бебето да е среќно и сито. Бубалче беше.2.5 год цицаше. Второво, буквално можеше ( и може) да биде 24/7 на града. Особено послее пладне, мислам дека од 16ч. до 21 тој беше на града. Не да бев преморена, покапана бев. Него и ден денес само цице може да го смири од било што. Другото дете, школарец, си има свои потреби. Ноќе не спиеш, пушташ машини, пружаш облека, спремаш оброк за школо за дете, ручек.... Учевме на кревет, бебе цицаше тој до мене пишуваше домашно. Не се грижев дали секој ден е усисано, изџогирано. Битно ми беше двајцата да бидат задоволни. Некогаш ручек/веччера нарачувавме од надвор. Ако сакаш да успееш, мора да се жртвуваш, најпрво ти. Јас успеав, еве 18месеци од кои 5.5 ексклузивно доење, се зад мене.
Здраво кога и зошто се одмолзува една мајка? и ме интересира колку време стои млекото некаде имаше табела...
Охоооххх... таман едно нешто се средило, друг проблем започнува. Таман се научи да фаќа, да цица, да има млеко.. сега се случува и по неколку пати во денот после доење, да ми врати млеко, буквално да и истече од уста. И тоа не е бљуцнување, туку е истекување на млеко без посебен напор од страна на бебе. И не е малку. А ако не така, тогаш после саат време или после спиење ќе поврати (онаква водичка со парченца како урда) и тоа е без напор ама исто не е малку. И башка, после цицање бебе плаче, а убаво ќе се нацица. Нудам пак града. неќе плаче, и ставам цуцла и престанува. Тоа се случува последниве неколку дена.. бебе е 2.5 месеци. Едвај стигнав до момент да цица и сега ова.. башка, претходно на дневните дремки ја плукаше цуцлата кога ќе заспие, сега цело време во уста бара да е Од што, од кај .... Единствено нешто што сменив, наместо лактамикс зедов хипп чај за доилки, и осетив дека повеќе ми помага
Да не се прецицува? Го креваш ли да ждригне? Можеби кога подждригнува му се враќа поновото млеко затоа ти изгледа без напор. Минавме и ние низ слично, ама помина некаде до кај 3-3ипол месеци. Тогаш имав и многу повеќе млеко, силен му беше млазот и се полнеше со воздух бебето итајќи да стаса да голтне. Да не е нешто слично и кај тебе.
Ние сме сега во 4ти скок, но беше и настинато бебе со температура и нос затнат и неколку дена не сакаше да цица. Имаше периоди од денот кога фаќаше града ама многу малку а и градите ми остануваа полни и ме болеа навечер, зошто обично тој знаел да цица и по цела вечер. Јас цело време му нудев да цица ама и се одмолзував па кога не сакаше не го терав туку давав од шише со цуцла со најмал отвор за 0 месеци за да не му тече многу случајно па да му дојде полесно од цицање и после да несака да цица. Тоа траеше неколку дена и после се врати во нормала, сега не се трга од града пак . Инаку се измолзувам од 1рв месец секој ден по еднаш, за да имам шишенце кога сме излезени да шетаме, зошто ако го земам во раце од количката, нема враќање назад, а не заспива без млеко никако. Незнам кога и како ќе можам да го навикнам со било што друго да заспива.
Лично јас се молзев на почетокот кога не сакаше да фати града и нелогично ми беше да давам ад на толку млеко. Сега, после пола година од пораѓај, се молзам многу ретко. Пред некоја вечер ме разбуди болка во градата, веројатно од запушен канал, го понудив син ми, успан беше нејќеше, зедов се измолзив и ми олекна. Ако чекав на него за следен подој ќе трпев болка. Инаку измолзено млеко на собна температура 2 часа, во обичен фрижидер на најгорна полица најназад 4 дена и во замрзнувач 6 месеци.
Ама не стигнуваме до момент да ждригне. Се тргнува од града, почнува да плаче и додека да и дадам цуцла веќе враќа млеко. После тоа ќе ја подигнам да ждригне, и после кога ќе ја легнам пак знае да врати. И ако ждригнува, и тогаш е со малку млеко.. Откако го сменив чајот, осетив дека бебе повеќе цица, ваљда надојде повеќе млеко.. претходно осеќав преку ден во некој период плачеше бебе оти имаше помалку млеко. И сега треба ваљда да го прекинам чајот или не знам?
Здраво феминки ќе може да споделите искуства од која пумпа за измолзување сте задоволни? Дали е подобра рачна или машинска пумпа?
Јас ја имам рачната од медела и супер ми е. Се измолзувам по потреба, не секој ден. За секој ден можеби би ти била подобра електрична. Таква користев во болница по цееел ден додека да заздрават градите од рани. Ако ти е за така за секој ден земи си електрична.
Jас молзев со првото бидејќи не сакаше да цица воопшто, молзев цела година, без некој ден. Со второто молзев за да имам да му дадам дохрана место ад, до кај 40 дена пиеше по малку од шише, на почетокот после секој подој откако цицал на двете гради по 20мин, а потоа намалував. Само така качуваше килажа. Со второто имам млеко за 2 бебиња, многу, тоа што го складирав дел го донирав на мајка која немаше поголем дел испи бебе додека не бев дома ако го чуваа и кога се вратив на работа. Мајчиното млеко се чува по ново по принципот 4-4-6, односно 4ч на собна, 4 дена во обичен фрижидер и 6м во замрзнувач, јас чувам 6ч (на тт до 24 степени) на собна, 6 дена во фрижидер и 6м во комора, 1 година во замрзнувач. Така со првото правев, не гледам причина да не правам и со второто. Во лето кога тт е повисока не сум чувала долго млеко на собна. Одмрзнато од замрзнувач чував на собна и подолго, пред легнување го вадев, до сабајле стоело некогаш, а тоа е најмалку 6ч на собна. Моето бебе не пиеше подгревано, но подгреано млеко и понудено веќе еднаш не се чува повеќе од 1ч. Еднаш извадено млеко од фрижидер или замрзнувач не се враќа назад.
Јас не би го менувала чајот, ако веќе ти е погоден. Или евентуално намали го количински ако сметаш дека е од тоа. Пробај пред секој подој да се одмолзиш малку ако осетиш дека ти се преполни градите, па отпосле да ја понудиш, кога ќе е нормализиран млазот. И ако процениш момент додека цица, крени ја да ждригне одвреме навреме. Мојот многу ждригаше и видно беше дека му лекнува и сеуште еве на 6ипол месеци ждрига бааги. Супер е што имаш млеко. Измолзеното знаеш, можеш да си го замрзнуваш.
Мислам дека се прејадува и доаѓа многу и затоа на крај од подој плаче, може ја боли стомаче, ама ова се само претпоставки. Чај не мораш да пиеш цело време. Јас само еден краток период пиев Лактил таблети кога ми намали млекото ради Мастит, ама не ни допив цела кутија и се стабилизирав. Држи ја исправена 10-15 мин после доење и прекинувај ја пред сама да се тргне да видиш дали ќе има промена.