Беше неколку пати така и само од себе ми поминуваше, ладни облоги ја ублажуваа болката. Се напив и бруфен мислам два три пати да намали воспаление
Фала ти. Ама ми помина. Од тоа што синко ме имаше стиснато ме болеше, баш на тоа место ме зграби убаво дур цицаше
Ако имаш силен млаз и топчиња ти веќе имаш повеќе од доволно млеко, не ти треба ни ад, ни лактил. За градата што ја одбива, ако имаш перница за доење, после цицање на првата града само изротирај ја на втората, не да ја креваш и вртиш, со тоа што на втората ќе цица во фудбал позиција.
Јас мора да го оставам две вечери заради операција на ќерка ми е сега преку ден ќе ми го носат во болница за да цицаа,навечер ќе му дадат ад.баш педијатарката ми рече бебе што сака да цица и да не те види 24часа пак ќе цица и како да осеќа дека ќе бидеме оделени на секој саат цица,имам и заледено млеко мое и тоа ќе им послужи јас мислам дека ако ми се одбие ќе паднам во депресија,ќерка ми цицаше година ипол и до ден денес не сака млеко. Еве почнавме со вкусови сака да ручка лаком е
Колку подои и на колку часа треба да имаат бебињата на четири месеци? Ако се на АД по колку мл давате и на колку часа?
Моето е 3 месеци пие по 180мл на 3 или 4 часа. Веќе тежи над 7кг и затоа пие повеќе. Сум прочитала дека некои на 3 месеци пијат по 90 или 120 и им е доста. Затоа не можеш да се водиш по другите, гледај колку ти бара бебето за да не е гладно барем 3 часа...
Ме фати вирус со температура, се ме боли, ужас сум. Пред мене бебе беше со вирус, спушти на плуќа и она со Панцев. Почнав и јас со истиот антибиотик + за температура земам парацетамол. Многу му е шубе ама неможам да издржам. Ми е страв да не има штета бебе од се ова. Продолжив со доење, се надевам не треба да прекине? Би сакала да чујам некое искуство или добредојден е совет. 6 месеци сме.
Не треба да прекинеш со доење ни кога си болна. Ако бебето е уште болно,дури и почесто треба да цица,секако доколку си ти во можност да нудиш. Пиј повеќе течности,ем заради вирусот ем заради доењето да не те изнемоштува.
Девојки пиете ли нешто од витамини кога доите? Кои? Што? Сакам малку да го поткернам имунитетот, ептен ми е паднат.
Ако ти е за утеха, јас примав антибиотик 2 пати откако дојам, има антибиотици кои се безбедни при доење, нема зошто да се секираш толку.
Освен ПреМама и ферозомал друго ништо не пијам. Мамички моево дете вчера и денес ептен слабо цица и тоа на 3-4 часа по 10 мин . Бевме и на педијатар, супер си е - за 20 дена -860 гр. качил. (5860гр. е моментално на 2 месеци, a се роди 3300гр.)Го прашав човекот што да правам,ми вели остај го,колку сака толку нека цица ... Но некако грев ми е . Инаку денес какаше 4 пати и имаше уште три мокри пелени.
Моето наполни 3 месеци, почна сега пократко да цица, ама ја оставам колку и кога сака тогаш. Знам дека гладна не е, така да мислам дека не треба да се грижиш.
Пиев ПреМама, ама не бев редовна. Сега втора недела пијам Pregnacare Mum. Многу често сум без енергија и имунитетот ми е крш. Утре ќе проверам крвна слика да видам што се случува баш.
Мајки на бебиња/деца цицачи на поголема возраст. Што правите кога дете очајно бара цице( мојов цел ден да има цицка вуста не му смета )преку цел ден? Имавме некој ред, само за заспивање бараше и ноќе цела ноќ. Ама сега, само цице му е на ум. А треба да се кратат подои 19 месеци е. Со големиот немав воопшти ваков проблем иако цицаше 2ипол години . Не знам како да постапам со малово сега.