Ајде и јас да дојдам во темава по втор пат. Гледаме да сме на цицање само од Аптамилот и се прават грчеви, но едно ме загрижува кога цица ја слушам дека голта,но пелената после 2 часа сува и е и не и е мочкана, дали кај сите е вака или треба да прескокнувам подој да биде еден со адаптирано?
Треба да се враќам на работа, а малава уште цица. Како беше тоа со доењето, еден час дневно ми следува за доење, можам да си заминам порано од работа или некоја грешка сум?
Значи саат и пол следува. Ќе видам на работа што ќе излезе, битно ми беше да знам што ми следува, да не биде нешто ми следи, ама не знам што. Фала.
Како што ти пишав, саат пауза за доење, пола саат пауза и затоа си одам порано. Си пишуваш допис до човечки ресурси, односно архива, односно раководство.
@KuklickaSk Фала мајки, бебуш доби повеќе сила, a и мене ми се зголеми млекото и се слуша убаво кога голта, а и пелените си ги полни. Денес бевме на контрола, супер качува килажа
Моментално желудникот му е со големина на цреша. Ќе бара често да јаде, тоа што плаче не значи дека немаш млеко или дека е гладен, најверојатно си ја бара твојата топлина. Почекај до контролата на две недели. Ако ја има вратено родилната килажа и ако има полни пелени на добар пат сте.
Дали оставаат Ск на детска хирургија да се носи така бебе за доење? Нас не чека операција со големиот, ја одложивме ради бебето, само на доење е, сиг 3 дена ќе лежиме.
јас ќе бидам во Ремедика и ние ја одложуваме веќе пола година,во краен случај ќе биде сопругот во болница ноќе
Аха, е ваму не смее татко, прашавме, или мајка или баба, бабите не се нафаќаат, морам јас а и сакам јас
Мамички дали сте јаделе морски плодови и доеле... јадев сурими макарони па дали би имало нешто или? :/ ме фати мисла откако ги изедов.. се осеќам лошо