А за грло дали е ок да си прснам прополис? Да напоменам прополисот е без алкохол намерно си земав и со и без бидејќи кога бев бремена ставав од тој без алкохол.. ☺️
И дали има мамичка со искуство околу масажа на градите... ги осеќам полни малку потврди и нели по препорака на патронажната масажа топол туш но јас врска немам како се масира прашањето ми е како и колку да се масира... итн?! Секој совет е добредојден ☺️
Бевме на прва контрола на 7миот ден од раѓање, имаше само 40грама плус од исписната тежина која беше на вториот ден на раѓање. Но, педијатарот рече бидејќи веднаш не пуштија, за 24 часа, најверојатно уште намалил дома, првите 3 дена губеле на тежина. И затоа ни рече за 3 дена да појдиме пак за да го мери. За само 3 дена, на 10тиот ден имаше плус 170г (3150г) со што ја надмина родилната тежина (3050г). Сега знам дека сме на прав пат
Баш чудно зошто во болница ми го носеа за доење, а ми ставаа инекции ерготил со аналгин и кетонал и парацетамол примав а ибупрофен во ниеден случај не ми дадоа.
Девојки здраво , ние сме Една недела , е сега кога ме испуштија од болница ми рекоа дека ке биде на доење плус дохрана по потреба . Е сега бебе цица пола саат 40 мин наизменично и веќе се трга и чим го легнам почнува да плаче и бара млеко му правам дохрана 30 мл 20 минути стои на шише едвај неколку капки зима и си спие сигурно 3 саати . Вчера на пример цицаше пола саат и испи 20 мл дохрана со паузи во рок од 2 саати. Па малку сум збунка дали вака да тераме до контрола или имате некој совет.
Па значи не сака дохрана, едноставно сака малку да се помази со мама. Сосема нормално за толку мало бебе, уште не знае што го снашло. Пробај да го доиш повиен, сега таман е ладно па добро ќе му дојде, само рачињата да му се ус телце, со некое меко фланелно ќебенце повиј го и кога ќе заврши држи го уште малку па стави го да спие.
Се нервирам што изгледа не ни имам многу млеко и плус цица преку силиконска брадавица и баш гледам се пуни таа ама не многу .. пробувам и со мазење и гушкање ама плаче и бара со устата ..
Ама ако немаш млеко оно нема да спие 3 саата и да стане да цица, да ќе спие, ама после 10тина дена кога веќе ќе плаче неутешно неколку дена од глад. Не, бебе не е гладно, ама за проверка ќе одиш на педијатар да се мерите и ќе знаеш. Не чекај многу, закажи побрзо, на 2 недели веќе е време да направите прва контрола.
Евр на пример сабајлево цицаше пола саат пробавме да спие плаче , испи 10 мл дохрана и заспа во истата секунда .. Да имаме закажано на педијатар во петок