Лактација се воспоставува од 6-12 недели. Колку повеќе бебе ставаш на града толку повеќе млеко ќе надоаѓа.
Ние само 2 дена се измачивме со неколку саати пиштење вриштење од грчеви и после надојде многу млеко иначе 15 дена сме ние. Треба од 25-30гр дневно да качува со ад можеби повеќе килажа качува и затоа ти вика да намалиш. Кога не испуштија нас дома исто комбинирано бевме цицање и ад за 2 дена 160гр имаше качено што е премногу и затоа моравме на цицање да се префрлиме скроз.
Моето за 12 дена 500гр педијатарот вика дека било многу,тогаш давав на 4 часа и плус цицање,но јас го ставам на града некогаш влече активно а некогаш само си дреме на града и заспива И скроз сум збунета
Ако е гладно нема да го сопреш од викање. Кај мене некогаш на 2 саати се буди некпгаш 4 ќе ги врзе ќе се прејаде и повеќе спие дури и ќе бљуцне, некад не бљуца а ќе си ги изеде рацете и тука добива само лажливка и така заспива.
Не знам што им е на денешните педијатри одма со тоа ад. Зошто ви беше дадено? Имаше ли бебето знаци на глад? Зошто мислиш дека немаш доволно млеко? Плаче ли ако не дадеш ад? Суви ли се пелените?
Дали цело време исто и по колку минути доите на една града за бебе старо месец и две недели? Мене ме советуваше педијатарот од советувалиште во еден подој по 15 минути на една 15 минути на друга града, ама почна често да враќа
Колку пати стануваат вашите бебиња во текот на ноќта за цицање? Ние сме 5++ месеци и некогаш цица три пати, а некогаш само еднаш. Се буди можеби и 4-5 пати во текот на ноќта, па нудам цице ама не сака. Е сега, дали е успано, па не сака да јаде или навистина не е гладно? Да пробам да го преслечам на пример да се разбуди повеќе или не?
Исто 5++, некогаш се буди два пати некогаш три, некогаш само ќе повлече два три пати и заспива. Јас не би го будела, ако е гладно ќе си побара.
Првиот месец на колку време ги будевте бебињата за цицање? Мојава сега после 2 и пол недели од сабајле е ептен поспана 3 саати спие некогаш и 4 до толку е успана што ни пелена кога и менувам не отвара очи за цицање гледам од двете гради да цица ама па навечер кога ќе се разбуди 5-6 саати не знае што да направи цица па пушта мљацка со устата демек е гладна, а и се враќа млеко кпга ќе се прецица знае и 2 часа на града да е што е претерано според мене или во прашање се фамозните грчеви?
Измолзено млеко поголема количина,ставено во фрижидер,како да го стоплам,а и на 24 дена бебе појма немам колку да му давам
Бебе 20 мин цица една града заспива саат ипол сигурно , тоа значи дека му е доволно ? Нема шанси да го префрлам и на другата не можам да го разбудам.
Првиот месец на 3 часа најмногу гледав да цица. Понатака,ако напредува добро ќе можеш и подолго да го оставиш без цицање.
Моето од бебе цица на два и пол до три и пол часа. Никако не можам да му продолжам повеќе од три и пол, а веќе имаме полни 6 месеци. Си бара, а мене веќе ми се гледа тоа многу цицање за таа возраст. Си велам ќе намали кога ќе дојдеме до оброк или грешам
За ноќе да не збориме,моето на 2 часа бара. Некогаш и на саат се буди А дење тестиран ми е досега на 4ипол саати и пак не побара јас му дадов се шетавме во мол и интересно му беше ваљда.
Имам приметено дека ако не внесе доволно млеко преку ден, почесто се буди навечер, а можеби и нема врска. Во секој случај, не може и на сила да им се дава кога имаат многу дистракции преку ден.
Искрено да ти кажам и јас ја будев ама последен пат кога ја разбудив маме ни расплака цел ден вриштеше и од тогаш престанав само си викав да не е премногу рано за да врзува 3-4 саати зошто и кога ја будам не сака да цица тогаш се тегне. Ама па од друга страна ако спие преку цел ден вечерта е журкање со саати со саати на града и се преморува и додека заспие хорори е. Никако не си. Колку треба да е будно најмногу бебе од кога ќе стане?