Еееее 4тиот. Тој беше критичниот. Извини многу. Има шанси да е и до тоа, верувај Ако напредува, упорност само овој период.
Здраво мајки Моето бебе е 1 месеци и 3 недели, на доење сме од старт, млеко имам доволно, убаво си напредува, роден е 2600гр, вчера бевме на мерење беше 4660гр. Ама последните три дена многу немирно цица, цело време ја фаќа па ја пушта градата и мавта со рачињата. Исто и неутешно плаче после цицање, дали се работи за грчеви или е нешто друго незнам. Има ли некоја со слично искуство
И да се надоврзам на муабетот погоре. Доење е најубаво за секое бебе тоа е факт. Но не по секоја цена. Јас имав среќа да имам бебе кое лакомо цица од прв ден и одма ми надојде млеко. Бара жртва дур да се воспостави лактација. Ама после е се многу полесно. Пари прават и тие што произведуваат пумпи и тие што произведуваат ад. Јас не купив пумпа. Рачна добив од братучетка. А потоа од кумата електрична да ја користам и вратам. Многу кратко ја користив. Мила ако ти е за утеха јас не знам како е мирно да цица бебе. Нон стоп рита со нозете, мава со рацете. Јадам котек буквално дур цица. Ама си се помирив такво ми е детето. Мирно цицаше првиот месец од што беше заспан од жолтицата ама потоа си покажа како
Имавме таков период ама мислам малку покасно, кога имаше околу 3-4 месеци. Доенечка криза ли беше или што, не знам. Нон стоп беше на гради, се маваше од нив, ме маваше мене, се вртеше на сите страни. После сам од себе се смири. Сега има 8+ месеци и сме во друга фаза. Цица на колена, седејќи, на меше, станува во седечка положба дур цица, ме штипе, ме гмечи, уште на глава нема застанато и да цица. 5-6 минути е мирен и кога малку ќе се подзасити збеснува. Се зависи до детето, ама не е ништо нетипично, нормално е и нема зошто да се грижиш.
Иста е мојава коа сака фаќа кога не сака ништо живо не може да ја натера. Такви си се бебињата,мојава се тегне,гребе ја гмечи градата се трга,нервозна е, а има млеко и знае аба ете таква си е.
Колку пати на ден цицаат вашите едномесечни бебиња? Моето денес е баш поспано и си спие повеќе и послабо цица
Има ли некаков начин да го подобрам протокот од едната града? Послабо тече од таа страна и малиот многу силно влече и ме боли. Болката денес и нагоре ми се шири, веројатно се затнува некој канал.
Мајки вие што сте молзеле само и што молзите, како се измолзувате и временски по колку? Јас по 10минути од града се измолзувам и плус уште 5 после секоја града измолзена на 2-3 часа, дали и вие вака сте правеле? И плус за навечер дали се молзите?
Мин 20мин од града за да дојдеш до задното масно млеко. 15мин е малку по града. Молзев прво на 2ч, па на 3, па на 5 и на крај изретчив на 3 пати дневно, па 2 пати и на крај само наутро додека не намали скроз. И да, станував првите 2м и навечер.
Ама после 10мон не ни тече од пумпата први 5 минути вадам 80мл од едната и после не тече ништо. Млекото во фрижидер цело е масно и после 48 часа мн малце има вода.
Цица кога како, навечер на 3 саати цица па дохрана давам некогаш али по сабајле кога има млеко највеќе не фаќа се кичми цела ај викав на почеток мала е ама сеа веќе скоро 40 дена ќе биднат уште си тера и се бетер и бетер е.
А зошто дохрана даваш. По муабетот ми изгледа како да имаш доста млеко. 80 мл од града не е шала. Подобро молзи и давај го тоа отколку ад. Ти се има навикнато на шише и затоа ја мрзи сега.