Со тешко срце ги фрлив. И мојава не сака шише па ни цуцла така да мое цице и е живот А кашичките не ги сака со млеко само со вода. Пробав и со кравјо домашно и тоа не го сакаше во гризот и се откажав. Имам млеко на претек фала Богу, ја не знам како ќе тргнам на работа за една недела,по десет пати во денот си цица, а има три оброка Маза мамина е она
Фала нарачав болничка пумпа, последна надеж. Кога ќе ми текне дека до пред 3-4 дена бев полна со млеко А и ова вештачково барем да најадува повеќе, ама и со вештачко на саат ипол бара да јаде...
Дали чувствувате некои симптоми кога треба да ви дојде циклус (а се уште немате циклус)? Приметив дека скоро секој месец истиот период стомакот ми е подуен, имам и така тапи болки неколку дена.
Искрено, појма немам. Во некои периоди имав како покафеав исцедок. Па као нешто добивав. Ама наблиску до добивање е сега пред една недела. Да носам влошка и да ме болибстомак ко за добивање. Малку повеќе ме боли кога го дојам. Бебе е за некој ден 6 месеци.
Алал ти Десет пати онака лабаво Ние сме тазе почнати со кашички и бебла плаче сред кашичка за цицка... Ти бара на цице да седи мислам затоа така си наумила дека не ја најадува. Преку колку планини помина ти со доењето, браво. Само едно нешто да те потсетам, батали стресот. Јеп, си облекувам термо чорапи и поминува малце ме олабавува. Инаку месецов бев сигурна дека ќе ми дојде... Т.е. сеуште ми трае тоа... П.с. другарка царски породена, дои, доби за неполн месец...
Како го одмрзнуваш? Имам 30 кеси замрзнато, па периодов треба нешто да излегувам по обврски, па да вадам ќе треба. Никако кафе, па тоа е за низок притисок. Тебе горниот ти е доста висок. Треба да се спушти, не да се крене. Нешто моментално ти е од времето, напиј се б6. Даааа, леле и не добивам. Прв пат во живот добив на Водици на 12 години. Секоја година исто на Водици добиено имам, прв пат годинава после царски, сите симпроми за добивање, малку кафено дента и толку, не ми проби. Ама си имав симптоми како да имам добиено. Вчера ова го разглабав со маж ми. А немам крв, а скоро цела недела се осеќав вака. Којзнае коа ќе ми пробие добиеново.
Зимам во мало тенџерче или имам поголемо гезве ставам од чешма топла вода (врела свртено само на топло) и ставам кесето внатре се одмрзнува за 5мин. Промучкувам кесе убаво за се што е залепено на кесето да се соедини сипувам во шишето за пиење затварам ставам во гезвето нова топла вода ставам шишето внатре да се стопли проверувам млекцето на рака и ако е добро давам на бебо да пие. Вака правам од старт јас оставив бебо на 2месеца скоро цел ден со мајка ми да го чува ное бевме на целодневна свадба еве имам залихи во зажрзнувач и кога чуваат бебо така правиме така ми објасни педијатар тогаш и така цело време тераме веќе 7 месеца
Не знам дали може да се рече дека дојам, измолзувам со пумпа едвај и го пие од шише; ама исто, на сабајле aко каснам и тоа е, апетит 0 ништо не ми се јаде. Тeчности и тоа слабо, но не можам да се натерам, а и немам ни време жими се од трчање само
Јас па неможам да се најдам цело време ми се јаде,вода по 3 шишиња на ден пијам.. ако бебе си напредува добро не се секирај
Јас и преку ноќ станувам да јадам, што никогаш порано не ми се случило Исто, жедна сум постојано и пијам многу вода. Неонатологот ми рече зелка, грашок, грав, леќа да не јадам, риба два пати неделно, пожелно е еднаш да биде лосос. Грав и леќа пробав, бебе не покажа некоја реакција, па си продолжив да јадам.
Ја па ич немам апетит, али затоа сум жедна 24/7… камила не ми е рамна.. од доењето изгледа… не цицаат
Си имам апетит машала Ненормално душава ми бара пепси, претходно многу многу ретко пиев газирано. Нека ме исцица, бар ќе намалам на килажа имам другарка која си беше баш со облинки, сега после две деца на доење е згодница.
Јас немам добиено се уште, малиот има 14 месеци. Ама последниве неколку месеци чувствувам подуеност, некогаш и болки истиот период. И искрено смачено ми е, си велам нека дојди ако иди, нека не ме мачи. Во врска со јадењето првите месеци јас бев како ламја . Нон стоп и гладна и жедна, после 3-4 месец почнав да се контролирам бидејќи кај мене килажата одеше нагоре. Колку убаво вие што слабеете со доење.
Јас не сум од тие што слабеат . Два дена ке внимавам и после сум како ламја, гладна цел ден и и се нешто јадам. Како денеска што денот го завршив со тостчиња со кечап и мајонез. Немам јадено може од бременост вака глупости. А денот го почнав со хумус