Мислам тешко и е од силиконот на цуцлата многу голема разлика им е од града.. не толку од млекото мојава прави фацички пример ако ја ставам на града и зацица и после на шише додека почне да цица и е мн грдо чуството во уста. Бибс цуцливе се латекс помеки другиве силикон од бејби лов тврди. Јас еве аптамил прематур даваме.. а интолерантна е на лактоза правев во ремедика на прв преглед кога бев, вчера се јавив ми кажа една докторка резултати па сега и колиеф ставам, па после 3 месеци аптамил лактоза фрее.
Не и е до тоа, ставив измолзено и одма го прифати, не знам со кое друго млеко да пробам… ова во болница го пиеше, не знам што цицка ќе имав… стварно, нит каши сака нит ад… на цице само..
Може имав една колешка од аптека, до 11 месеци малата неа ја чекаше од работа, вика ништо да не пие да не јаде.. и прегладнета вика мене ме чека.. ковид тогааш она вика идам се бањам се средувам и каај неа да цица... Одкако ја откажала почнала нормално да јаде све. Секое дете своја приказна феникс, пробувај не се откажувај.
Ни ова не е гаранција , ќерка ми отсекогаш количински слабо јаде еве ја 5 август ќе прави уште не јаде количински.. и јас мислев кога ќе ја одбијам ќе пројаде ... ама мислев
Ми треба помош малку. Бебка е 10 дена, на доење е. Е сега, од левата града цица поубаво, цела ја празни, и немам мака. Ама десната града, иако ја ставам исто како и на левата, не ја празни до крај. И доаѓа јак млаз на млеко, ќе се задави и престанува да цица од таа града. Гледам дека десната ми е потврда, поголема. Што да правам за да се регулира млазот и од таа града, а и да не фатам мастит? Да одмолзувам по малку (колку) со рачната пумпа, откако бебка ќе заврши со цицање на таа града за да се испразни малку од малку? Зборот ми е, што да направам за да се намали млазот и таа да ја прифати убаво градата, а да не стимулирам повеќе млеко на таа страна? После колку време се воспоставува лактацијата, како беше ?
Прво пробај со друга поза на таа града. Мене баш ми падна интересно кога дојде Јасна и ми кажа да користам различни пози ради преференца на бебка. Ако сметаш дека и е ради млазот одмолзи прво некоја мин дур не помине силниот млаз па стави ја после. Млазот може и да не се регулира, да имаш силен млаз, ама како ќе порасне бебка ќе се научи како да цица Ако чувствуваш потреба да се измолзиш тогаш додека не ја осетиш празна градата Лактација се воспоставува после 12 недела
Ги продавам двете заедно, 2500 без полнач, со полнач 2850 (ист е како за мобилните). Цена на купени е 6000, користени едвај две недели.
Мајки помош. Малата е скоро 3 месеци од интензивно измолзување по 120ml, 80ml, 60ml на секој 2 часа на ден и доење, наеднаш млекото ми е намалено се одмолзувам едвај по 60ml еднаш на ден , внесовме и дохрана. Дали некој поминал низ истото и дали има решение за повторно да се зголеми млекото. Да напоменам за стимулација немам престанато со одмолзување без разлика што има по 5 , 10 ml на секој 2 часа Благодарам
Само молзиш и даваш или и цица? Ако е количината после цицање сосем нормална е. Лактил таблети, лакта микс чај, грчко семе таблети (има бг и гр) овес, мнооогу вода, електролити. Ако цица и не измолзуваш, сега веќе е регулирана лактацијата и затоа не можеш да измолзуваш повеќе.
Баш прашував и јас пред некое време и читав многу за ова зошто и мене ми се деси истото, додуша јас не молзам и не знам точно во мл. што се деси, ама од цицање на една града, дојдовме до цицање на 2те и тоа менување по неколку пати од една на друга за да има letdown. Значи, во овој период има, ја викале breastfeeding crisis, односно моментално се регулира лактацијата од произведување на млеко според хормони, до произведување по потреба, и затоа може да дојде до намалување на количината. Јас тоа правев, менував од една на друга града за да се најаде, ама не се откажав и тој период ни траеше околу 7-10 дена. Се сеќавам дека кога пишав тука, членката што ми го кажа ова беше исто како тебе само на измолзување и ми рече дека она практикувала power pumping. Најбитно од се е да не се отксжеш
Од што може да ми се намалува млекото… истата приказна ко со првото дете, после 3м губам млеко. Лактамикс никогаш не престанав да пијам, исхрана иста… Лактилов океј се да ги земам или ништо поразлично од Лактамикс?
Период е, еве погоре пишаа, исто ми се деси, ама еве 6+ уште дојам, не знам што се дешава тој период, јас се убив од лактамикс пиење, и пројде, стварно не знам зашто, дали хормоните нагло нешто прават па има некоја врска, стварно не знам.
погледни ја објавата баш над твојата, период е, издржи го @vtskz заборавив да пишам и на одговорот тебе што ти го оставив, јас пиев само лактил тој период, еднаш дали се напив лактамикс, ме нервира спремањето
Колку трае тој период? Бебе е 4ипол месеци, земав формула за секој случај да не пишти од глад молам бога да не треба да ја отворам. Само се дувам со боза, лактил и чаеви за доење. Еден ден имам млеко друг ден едвај...
Мене ми помогна ледениот чај на фруктал. Ништо друго од чаеви немаше ефект. Пробај. Иначе околу 3 месец има скок. Па вероватно се поврзува со ова. Јас па не можев да измолзам повеќе од 10мл никогаш. А бебе си цицаше до 15 месеци. Ад неќеше ни да помириса, а нудев пошо исто вака мислев дека немам млеко.
Јас воопшто ништо немам пиено досега за лактација. Тој период околу 3 месец и моето цицаше од двете гради, една му беше малку. Ад досега немам дадено. Претпоставувам до хормоните е или до скокот, читав овде кај многу од вас вака исто било.