Почнав, на точно 5 месеци. Второ јбг, не чекам до 6 месеци ексклузивно доење. Вика маж ми вчера дали сум измерила колку сум и дала. Е не, заборавив. Со големата грамови броев. Инаку, тиквичка, морков, авокадо, банана, кајсија имам дадено. По еден макс два дена давам вкус. Авокадото како го глодаше цело парче милина. Денес лубеница се спремам да дадам. Ти трето стави го директ на маса само нека јаде
И јас се мислам да не чекам до 6 месеци, да пробам на 5 ипол, со претходниве живи перипетии беше храната. Ти пишав специјално знам дека и твоето се давеше на млеко, како е сега со вкусовиве?
Уште се дави со млеко, животот ни го крати, само не толку често. Инаку не е лоша. До сега само со морковот ќе повратеше и вриштеше. Тиквица и авокадо ептен бендиса. А рачунај парчиња и давам и фала богу не се подавила до сега. Е количински не е многу, ама рано е, една недела само помина.
Ми се ближи термин, втора бременост и сакам да се спремам повеќе за доење овој пат. Што да спремам за во болница? Дали да земам пумпа? Силиконски брадавици? И што беше препораката, бебе да се дои на секои 3 часа за да надојде млеко? Сè имам заборавено
Каде ќе се пораѓаш? Во приватниве имаат пумпи, во државните не дозволуваат. Пумпа за дома можеш, а силиконски брадавици ако има потреба. Ланолин за градите земи. 3 часа е многу време, баш така нема да стимулираш, а и тешко дека бебе ќе издржи толку. На почеток максимум меѓу подои е 2 часа, а многу често и на 1 час ќе бара бебе. Ќе сака и да виси на цицка. И никако пумпата да ти биде репер колку млеко имаш. Освен ако не планираш залихи да правиш, користи ја само да си олесниш ако нема сила бебе да исцица на пример.
Стави, незнам колку ќе помогне, ако е паднат имунитет може да е кандида. Обично има чешање и некој воденест така исцедок како да се подмочува човек. Па може да пробаш канестен надворешно да намачкаш. Сода да се одмиеш.
Додека си во болница пред да поминат со млеко нуди иако мојава таму 2-3 пати дали цицаше... Пумпа не земав иако мислев ама после си реков што ако надојде многу а не цица таму нема кај да складирам ќе треба да фрлам а не сакам Многу полесно и побрзо ми дојде со второво со првото тек после 1 недела ми надојде количина после 2 недели имав.. Силиконски по потреба а дома на најмногу 2.5 часа или според потребите на бебето Со среќа
Внатре во маркетот на Дием (DM drogerie), имаат дел за пресоблекување и дел како малку подзакриен со едно столче кое е катче за доење. За во Дајмонд сум сигурна дека имаше, а во Ист Гејт не сум 100% сигурна. Ама искрено тоа толку е некако незгодно напраено, поубаво ќе ти е на клупа да си седнеш и доиш Не сум пробала да дојам таму, на клупи си доев...
Има преудобна фотелја има, чешма и пресоблекувална. Мислам е на 1 кат, јас обезбедувањето го прашав ме упатија
Можно е од стрес од одморов со бебе од благо што каснував и лубеници и плус шеќеров ми се качи. Не знам канестен дали смесм
Како ќе се пораѓаш? За природно немам искуство, за царски ми помогна Лактамикс и Лактил капсулите, се ова е на база на билки. Редовна стимулација, барај си го бебе почесто да го носат, обично со второ велат побрзо доаѓа млеко. Пробај без силиконски, во приватниве имаат ако сакаш да пробаш, ама мака се за одвикнување после.