Лактамикс почнав на почетокот да го пијам ама ми беше гаден па го зедов тој од хипп ма да не гледам некој голем ефект. Ајде од утре се враќам на лактамикс. По цело литро ли пиете од него?
Здраво мамички, Сакам да ве замолам доколку може некој совет да ми дадете за одбивање веќе имаме 20+ месеци и здравје планираме за брзо да се одбиваме. Но многу ми е жал и постојано одолговлекуваме со одбивањето,ептен е приврзан за мене и кога сум дома со него постојано бара да цица (дури кога го чува баба му ми вика постојано плаче и вика мама цице ) мислам дека е веќе многу зависен и незнам како на безболен начин за двајцата да биде одбивањето ако имала некоја слично искуство како моето ќе ја замолам да ми пише. Ви благодарам на сите однапред
ајде мала помош, на доење сме од прв ден, уште малку ќе правиме месец, ама многу плаче бебе, и давам капки за грчеви, ќе плаче ќе прдне ќе се смири и пак од почеток и така многу често прави, што јадете вие и што не јадете за да нема бебе грчеви, навистина веќе незнам што да јадам, леќа, грав, зелка, грашок тоа знам дека не смее и не ни јадам ама навистина веќе незнам што да јадам а ме нервираат нашите со коментари дека може млеко немам кога знам кога цица и колку цица
Во принцип тоа е храната што може да створи грчеви но не е дека секогаш е така. Јас еве и со второво првоте три месеци избегнувам ама не престрого. Брокула исто прави грчеви. Општо зелена храна и таа богата со целулоза. Прогуглај ќе најдеш лидта на намирници. Мене ми рекоа да намалам со млечни производи, пример јас многу пијам млеко. Кафе исто да се сведе на минимум исто и благото. Овошјето да било лупено и не повеќе од 2-3 овошки на ден. Реално колку и ќе изедеш. Прашај на смеена контрола за некои капки за грчеви. Во мегувреме ставај топло на мешето. Можеш обична тетра пелена со пегла да ја стоплиш ско немаш термофор. Јас немам и така правев неколку пати. Обавезно преку боди се става никако на голо.
е за млечните производи незнаев, јас пак млеко, јогурт, сирење скоро секој ден јадам, и тоа ако тргнам што ќе јадам јас сепак фала ти на совет ќе побарам што друго прави грчеви
а која апликација ја користите за скок во развој, прочитав овде ама неможам сега да најдам на која страна беше
Не мора да биде секогаш до храната еве јас само грав одбегнував на почеток и сега поретко го јадам. Зелка исто ретко затоа што и онака ретко ја јадам ова време од годината. Некогаш е до бебето некои имаат поинтензивни грчеви. Јас ставав топло на стомаче имам едно со пченица, можеш и со трици сошиј мало перниче и стави трици топли во микробранова на 15 секунди многу помага. Јади разновидна храна еве јас јогурт пиев често, овошје исто јадам се. Јади се ама умерено нека биде. Јас апликација немам ама читам на штрк овде ми ја кажаа.
Здраво Бебето е скоро еден месец и го хранам со измолзено мајчино млеко. По измолзување чувствувам интервали пецкање и болка во едната града, а градата е мека и нема грутки. Ве молам за совет
Пецкањето може да е од самите канали. Болка не би требало да има но бидејќи сеуште се воспоставува лактацијата би рекла дека можеби е од тоа. Нели може бебе да цица? Секогаш е подобро да цица бебе ако има можност наместо молзење. Ставај го почесто на града, мора да се научи и ако е мрзливо или која и да е причината. Ти после домолзи се ако осеќаш потреба. Добро се сеќавам со првото дете дека имав болки и чувство на печкање и како игли да ме бодат на едната града со месеци, ама баш со месеци онскс 4-5. Едноставно се разработуваат каналите, може да се криви некои па е болно додека пробие и излезе млекото. Во секој случај не е нешто невообичаено, а и добро е што градата е мека. Можеш да се консултираш со гинекологот дали би помогмал сончогледов лецитин и во овој случај за подмачкување на каналите. За него дознав од една другарка, а и Јасна ми го препорача. Вториов пат немам такви болки но често ми се правеа мали грутчиња.
И јас сум за тоа дека треба да се јаде разнивидна храна, но ако бебето има премногу грчеви може мајката да се воздржи од одредени намирници 1-2 месеци додека поминат. Не мора да значи дека ќе игра улога врз интензитетот и зачестеноста на грчевите, но може и да има. За млечни производи мислам повеќе се мисли на тие неферментораните особено свежо млеко. Инаку има бебиња што се интолерантни на кравји протеин пример и ужасно им ствара грчеви тоа. 1-2 месеци без неколку намирници нема ништо да ни биде.
До кога траат овие денови со станување на секој час, пола час за цицање навечер ? Само мајчино млеко давам ама бебуш ми заспива брзо на града и после не можам да му ја понудам другата, некогаш ќе задлабочи два часа ама има периоди во ноќта кај што се буди само што ќе го спуштам во креветче. Не подригнува и некогаш мака имаме се грчи во мешето и се буди, некогаш и ќе поврати свеста ќе ми ја земи. Еве го денес за чудо дремките му се поголеми. Друго, неколку дена ми е прокиснат во мајчињата, јас цело време мислев памперсот пропушта, кога денес приметив, само пантолончињата мачку воденки а внатре суво мајче, дали можи од што го дојам на другата града да протекува млеко ?
Еве ние сме два месеци, на секој 2-3h се буди за цицање навечер, кратко ќе цицне и ќе си продолжи. Мојата не знаеше да ждригне до 40дена можда сега како голем човек Инску за градата, тече од другата додека дојам си купив школка од хака и си го собирам млекцето за замрзнување од цел ден собирам од 60-90мл што е супер
Буди го, скокоткај го за да се доцица пошто така не си го зима целосно оброкот и затоа бара толку често. За дека капе градата сигурно е тоа и мене ми се случува после 4 месеци уште, јас ставам нешто на неа за да не го мокрам бебе.
Jas iskreno jadev bukvalno se! Moeto bebe imase grcevi od koga pocna da gi pie kapkite BabyTol. Nie gi smenavme, koristime kapki i podobro bese. No sekako so prethodna konsultacija so pedijatar.