Бебе е вчера родено, си цица убаво, ама мене од подој на подој, брадавиците се поужасно ме болат. Фатот ми изгледа дека е океј, не клика кога цица, убаво влече, голта, не го џвака само врвот на брадавицата, секогаш ми изгледа дека убаво фаќа, ама па тогаш не би болело вака, нели? Каде грешам?
нормално е на почеток да боли, мачкај ланолин и гледај да не го оставаш долго на една града да не те разрани. со среќа иначе, нека е живо и здраво
Здраво, дали има мајки кои имале доволно млеко, но бебе малку качува на килажа и цица колку да се засити. Како се справувате во овој предизвик? Благодарам
И со првото дете, еве сега и со второто…. Имам премногу млеко, а си качуваат на долна граница на килажа.
Има такви случаеви, да има доволно количество на млеко но да не е доволно хранливо. Консултирајте се со педијатар, дали можеби ќе има врска промена на исхраната кај вас или ќе треба комбинација со ад.
Викаат или имаш или немаш млеко. За 2 недели е поправена само 250 гр, а е 2 месеци. Ви дадоа ли некои насоки? Да комбинирате со ад? Мене ми е страв да и дадам шише са не се одбие од цицање
И јас така знам или имаш или немаш млеко… нема хранливо и помалку хранливо млеко. На последниот преглед матичната спомна да уфрлам и АД но јас продолжив само со доење. При толку млеко мислам нема потреба АД. Веке го поминав истото со првото дете па се помирив сега за второто. Не знам… ако има совет некоја друга членка нека каже.
@Mashha Како што кажаа погоре, не постои нехранливо млеко тоа е мит. Првиот месец како беше? И син ми на 2 месеци некаде за 1 недела имаше околу 120гр накачено, следните недели имаше повеќе па за месецот си дојде таман. Јас не би се откажала од доење во твојов случај, можеби побавно ќе накачува ама сепак напредува. Битно е за 6 месеци да ја има дуплирано родилната тежина.
Денес поминаа три недели од пораѓајот Јас мислам дека е една Општ хаос сум со доењето, не можам никако да фатам некој ред Многу ми се мачни овие комбинации со ад а морам да ги дадам оти очигледно нема доволно количина мое млеко Ако го оставам само на цице, пробав по некој подој, едвај чекам да стигне момент за ад оти се нервира бебе плаче а плус седело саат време на цице Мислам дека по 10-20 мл ако прима од мене и затоа му стигнува 40-45 ад Ама многу беше мачно секој ден плачки Ако го испие ад плаче 15тина мин додека да му спадне, ако не го испие плаче на цице после подолго време оти не му тече Лудница Дури се мислам дали само на ад да биде...ама навистина многу сакам да цица Пијам чај за доилки, еднаш дневно пумпам да се активирала повеќе дојката, се трудам да не скокам оброци и да пијам вода и сокови што години уназад не сум пиела сокови Се надевам дека ќе потече повеќе млекце до 6 Нед ако не тогаш ќе морам да се помирам дека нема доволно и да го прекинам оти вака немам ред дали е гладно или што е... Е така се искажав тука на форум со вас Ама многу ми паѓа тешко, душа немам веќе со доењето се измачив некако и се осеќам ко ништо да не правам правилно Се тешам дека секој почеток е тежок и дека може ќе надојде допрва млеко и ќе биде ок... Но со ова што давам ад некако мислам дека тешко...а ако не дадам плаче бебе не можам да го гледам така душичка
Можно е, така ми имаат и мене кажано затоа и јас така знам. А еве тогаш што е причината што некои бебиња не качуваат од мајчино млеко? Баш би сакала да знам.
Организам, нема доволно млеко, не фаќа убаво. Еве јас претекував па не качуваше по кило секој месец. Од 3ти по 600гр качуваше, така да исто како што не не фаќа исто мене и тебе кога јадеме, така и бебињата.
Имаме сличен проблем, јас бев ад+доење, па преминавме само на доење, сега повторно сме на доење со ад. Имам пишувано, спие на цицка, не цица воопшто, а имам млеко. Проблемот кај мене е што имам млеко се собира во градите, но не тече, течеше капка по капка, вчера качив и температура. Ставав облоги ладни, топли, се измолзував со пумпа, масажа, па се растече првпат да шприца кога ќе ја стиснам градата. Од друга страна гледам дека бебе не влече, тешко и е. Сега прво топли облоги, па на пумпата да потече млеко, потоа и давам да цица за да и биде полесно, ама ја мрзи се навикна на шише, полесно и оди. Денеска малку ја форсирав да цица, да не ми се успива на цицка иако тешко оди, но гледам дека почна да влече и да голта. Проблем ми е тоа што електричната пумпа не извлекува многу млеко, не се празнат градите и ми се формираат грутки. Може не ти е растечено млекото, јас фатив со рака, рачно молзење, масажа топли облоги и се растече млекце, ама проблем е сега што не цица, секундарно се успива, не знам што да првам. Исто многу сакам да дојам .
Мојата качуваше исто малце, ама комбинирано давав само на почеток додека да почне да цица Ја носев секоја недела некогаш и почесто на педијатар, и да ни е жива и здрава докторката, има пациенти за цел живот, зошто многу убаво ми кажа Го гледам детето, здраво, право дете, со розева кожичка, не е кенкаво, не плаче за јадење, весело е, се развива. Се додека е така, едноставно твоето дете качува помалку отколку други, но не значи дека нешто и фали. Еве сме 7++ дури сега ја дуплиравме тежината (демек МОРАЛО до 6, ма ајде само стресови за нас мајките). Почнавме со храна од пред месец ипол, јадачка поголема е од деца што цицале и пиеле млеко како да не виделе и на 4 месеци ја имале нашата моментална килажа. Не се оптеретувај со килажата, ми требаше време да го сфатам тоа, туку следи си го детето - ако си напредува како што треба, е активно итн. се е во ред (нормално обавезно и консултација со педијатар ) И да, не постои нехранливо млеко тоа се митови