Tи не си од тука, охх јас не знаев, штом доаѓа бабица она те гледа и проверува, не те советува ништо плус да земеш?
Да, компресен. Следно ми препорача бабицата метални брадавици да ги носам како штитници измеѓу подои. Видов на амазон дека во нив се капнува мајчино млеко и тоа плус помагало.
За мајчино млеко помага да, пробај намачкај се убаво со мајчино, одма ќе се упие, и остај така не се покривај некое време ако имаш можност дома.
Девојки мамички добар ден Ми се појави малечка бела точка, блистер на брадавицата, имаше тука искуства со вакви топчиња дали може некоја да ми сподели како да се справам со ова Малку е болно додека малиот цица...
Официјално сме во трет скок.. детево од цицка бега како којзнае што да е. Вришти неможам да ја додржам.. на почетокот ми беше мрзелива не влечеше, се пробав па се измолзував и и давав со шише а паралелно кога ке ја начекав расположена и давав да ццица и супер одеше се до сега. Еве неколку дена е борба и морав да вклучам ад зошто не успевам да измолзувам толку како претходно а детево зајдуваше од плачење за јадење.. колку трае скоков како да и помогнам.. П.с почнав да се чувствувам некако виновно бидејки мешам со ад.. неможам да го тргнам тоа чувство. Пред да се породам си викав ако има млеко во ред ако нема пак ок колку деца израснале со ад и некако мислев дека ке поднесам подобро доколку нема млеко. А сега од хормониве си плачам заедно со неа зошто неможам да измолзам толку за да и дадам
Истото ми се случи и мене и на крај прејдовме само на ад. Ми беше криво некое време но веќе не. Многу стрес ми ствараше тоа вриштење па уште и првото дете ми рипа на глава ме шутира во бубрези дур се борам со бебево да ја надојам. Со првото дете немав ваков штрајк, сега што се случи не знам. Мој совет ти е доколку сакаш да доиш да не нудиш шише. Упорно и упорно на града. Секако доколку сакаш и имаш нерви. Треба време да се издржи овој период, мислам дека се 10тина дена во прашање. Јас мислев и ќе молзам па така бар да и давам ама искрено немам време ниту желба тоа да го правам. Не навлагам во тоа дека мајчино млеко ништо не го заменува, знаеме тоа сите. едит: јас се пукнав од плачење тој период дека сум најлоша мајка на свет дека не можам да си го надојам детето дур не ме освести мајка ми дека најважно е бебето да е најадено, а мајката здрава и среќна, а не депресивна.
Исто беше и кај нас ама ептен бев упорна и го поминавме периодот Она плаче јас се измолзувам, маж ми ја нишка и и давам со шише … вака ни правеше драми цел втори и трети скок, обично попладне ама не дадов ад. Упорна бев ептен еве сега сме три ипол месеци си цица одлично. На почетокот на четврти скок исто два дена на некои подои знаеше да врисне и пак исто одмрзнував млеко што направив залихи и и давав со авент со проток 1. Ако сакаш да доиш и имаш млеко само биди упорна. Напорно е молзењето ама тоа ми помагаше мене и залихите на млеко замрзнати што ги имав кога плачеше премногу и немав време да молзам. Ти посакувам да си истрајна мајка
И јас никако да преминам само на доење, неколку дена бевме само на доење, супер одеше, па следен ден ќе цица 5 минути и почнува да си игра, бара да цица, а не цица си игра на града, вчера исто и цел ден ми беше ќенкава, на секој саат и давав да цица, не може да заспие, плачлива е, вечерта и дадов и шише конечно си заспа, во текот на вечерта си цицаше, сабајле пак и дадов плус и ад, си се наспа убаво, си стана весела. Нема да го малтретирам детето да биде гладно, ненаспано само да не и дадам ад. Имам едно прашање. Најверојатно ќе добијам циклус, имам благи менструални болки и розеникав исцедок. Градите ми се напнати, тврди исто како пред добивање(мислев дека е од млекото). Дали е можно да снемам млеко, откако ќе добијам
Може да ти се намали првиот ден два, па ќе треба почесто да цица бебе, ама не и да сметаш ако имаш стимулација на градите
Исто и мојов...ама кога ќе видам дека е кенкаво и прета, го ставам да цица во твинс поза и се нацицува и заспив, дали си пробала? Нешто се нервира кога е во нормална поза.Незз зошто, а вака си е мирен си лежи на перник и не ја пушта додека не се нацица ...
Дали имал некој бактерија стафилокока во млекото? И дали сте примале антибиотик за тоа? Мене ми рекоа дека може да е дел од нормалната микрофлора и дека се прима терапија само доколку прави проблем, а кај мене прави голем оток, како тврда грутка и болка во едната града веќе по 4ти пат во 2 месеци…
Здраво, јас сум со проблем, кратко цицање. Како да го научам бебето да пие млеко од шише? Потребно е да внесам оброк плус поради килажа, но никако да фати шише. Ви благодарам
Запушен канал имате, само масажи, зелка, бебе почесто на градата. И молзење, ама масажи под топол туш обавезно.
Да да, истото го правам секојпат и се решава, ама мислев да не има начин како да го спречам да не се појавува вака често… Не легнувам на стомак никогаш, не носам тесни градници, бебево цица на два саати и дење и ноќе..
Мене од лошо лежење… еднаш многу натиснати на страна, и еднаш бебето врз мене спиеше. И од премногу млеко исто.
Во текот на ноќта измолзив млеко, го ставив во фрижидер, имавме термин утрово, па за секој случај го земав со мене за бебе, ама он спиеше и остана. Сега пак имаме термин во 16 часот, мора да дојде и тој со нас, дали е океј да го земам истото млеко или не? Значи не го топлев, само го земав од фрижидер, бевме 2 саати излезени и го вратив назад.