Здраво на сите ❤ Дали некоја мајка се нашла во слична ситуација. Имав многу млеко но тоа му пречеше на моето тело. Два пати ми се направи мастит и за многу кратко време се направи апцес со што завршив на хирургија и мораа да ме сецнат и да ми стават дренажа. Поминав тежок периот како физички така и психички. Одлучив да го прекинам млекото. Ми дадоа достинекс таблети и ми ги стегнаа градите со завој. Млекото сеуште ми течи, се натопува целиот завој и протекува на маица. Имам испено до сега само 2 таблети, треба да ги испијам сите 8. Градите ми се тврди и напнати. Дали некоја имала слична ситуација да ми каже кога да очекувам олеснување и подобрување, кога ќе се намали млекото ?
на солгар мултивитамини https://zegin.com.mk/mk/solgar-pren...inerali-za-bremeni-zheni-i-doilki-120-tableti
Можеби не пишувам во соодветна тема но да ве прашам дали некоја имала проблем со иритација или габична инфекција на градите и како се излечила? Дали треба да престанам со доење од таа града? Пред неколку дена забележав како ситни црвени брунчиња на ареолата веднаш до брадавицата, но денес после туширање осетив како да ме чеша и местото е по суво.
Да, можно е да е кандида, се случува често при доење. Не е страшно и се лекува со нистатин ако добро се сеќавам, но ќе третираш и градата и устата на бебето за да се исчисти комплетно. Не се прекинува со доење, со третман поминува за брзо. Консултирај се со доктор или педијатар.
Бев еве на доктор, ми рекоа дека е само иритација и да мачкам ланолин. Бебе нема белко во уста и за него не ми дадоа ништо. Мене ми е страв да го дојам а др рече дека не треба да прекинувам..
Женски хелп... бебенцево е 2+ месеци на доење ама пример ќе се нацица и ќе заспие и се буди за половина час и веднаш бара цице и плаче, ќе цицне 5 пати и потоа како лажливка да е не цица и ќе прдне или ќе се искака, ќе задреме 15мин и пак потоа се буди и бара да цицне и пак си ја шмука само како лажливка... сон повеќе од еден часме сврзува а цуцла не прифаќа имаме од сите. Ова е нормално или јас нешто грешам? Пробано е сопругот да го успие со измолзено млеко ама пак плаче за на гради и така само заспива... некој совет?
Дали имаш доволно млеко? На почетокот и јас го имав сличниот проблем ама немав доволно млеко затоа почнав да го дохранувам
Напредува ама кенкав е давам дохрана на своја рака по малку и така е посмирен ама ич никако да заспие, а и да заспие и го штрекне мешето одма цице бара и ако не му дадам плаче не се смирува
Ќе го носам утре на педијатар ама и со дохрана тоа праи не знам се буди и сака да цицне и после како лажливка го осекам не цица... има тивок рефлукс спие и на атиреф перница ама џабе, ар формула на новолак не сака да ја мирисне, а не да ја пие, дохрана комбиотик давам на хип
Мене повеќе ми личи на цицање од комфорт а не дека е гладен пошто викаш добро напредува и плус дохрана му даваш. Од грчевите можеби е. Си бара сигурност кај тебе. Мора да се помине тој период со грчевите, стисни заби ќе помине
Деф и јас така мислам, прво ни е и скрос сме изгубени, си викам вака ли ќе прави цело време, буквално во тоалет одвај одам, не дај боже нешто повеќе...