јас немам многу искуство… ама мене такс ме болат ако еден подој скокнеме и дадам шишенце после ме болат…
Да ако се преполниле, ги осеќаш како тешки? Ставај бебе на града да олесни. Ако не олеснува, измолзи уште малку
Претешки, како сто кила. Обично имаме ноќни подои не сум била никогаш 8 саати без да цица... Цицаше и пак ми се тешки изгледа многу млеко дошло..
Мене најмногу ми помагаше бебе ако исцица така кога ќе ми станеа претешки и преполни. Дај од двете гради ако двете ти се тешки. Ама ако не ти е доволно доодмолзи колку да олесни, не скроз да испразниш, ако испразниш даваш сигнал на телото дека таа количина млеко треба да ја прави.
Help... Брадавицата на едната страна ми е многу болна и зацрвенета. Веќе една недела се мачиме. Кај кој доктор треба да се обратам и како треба да третирам дали некоја има искуство. Нема исцедок, само тенок прозирен слој над раната и е многу болно.
извини, не те разбрав, ама ме изнасмеа. Немам конкретен предлог за пастили, сум заборавила. Обично во аптека ми препорачувале.
Esi спреј прополис има во Зегин без алкохол во бременоста го користев, многу се слаби пастилите со пантенол подобро Фишермен бонбони земи.
На колку часа доите препорака е на 2-3 од кои некогаш бебе само бара, некогаш го будам, има 1 месец. Сакав да ве прашам од кога го мерите времето за следно доење, дали од почеток или кога ќе заврши со цицање(обично трае половина час до 40минути).Еден педијатар ни вика од почеток дека половина час не менува ништо, додека друг- од завршување со цицање. Исто и за будење навечер на 3 часа, едниот педијатар е за тоа да се буди бебе, другиот да не се буди да не се прекинува спиењето, ако осети бебето потреба за храна само ќе стане. Стварно веќе не знам како е исправно, на почеток ни кажаа да се буди поради опасност од гликемиска кома, дали сеуште има опасност не знам. Вие како правите, како ве советува педијатар?
јас го оставам он кога сака, најчесто се буди на 1ч(откако ќе заврши доењето), знае да поспие и 2ч понекогаш…. 3преретко се случува не знам на прси се брои. Затоа не сум го будела јас дури се молам некогаш да поспие. Ама мислам дека се брои од завршување. Не се оптоварувај толку со саатот, кога е гладно станува нервозно, плаче, бутка се во уста бар така јас знам
И навечер исто се буди на толку време? Највеќе ми е за тој период затоа што си спие и не знам веќе што е правилно да го будам или да чекам сам да побара