Мочани пелени пази. И мене не ми шприцало млеко никогаш. Ако бебето е мирно и на прв преглед е напреднато, ќе се опуштиш. Инаку нормално е да цица често кога е мало, така се воспоставува процесот.
Ист случај и кај нас. И јас од почеток заради што на многу често бара и долго цицање, воведовме АД 2-3 пати во денот, кога ќе осетам дека многу на често ми бара ... Напредува одлично и педијатарот ми рече да исклучам АД. Ама па се случува со саати да сме на цицање, истоштена сум во тие денови многу.. а и не успеав никако и јас да се измолзам.
Колку мочани пелени треба да има? Кај нас се нешто повеќе од бројот на какани. А столицата му е ретка. Ние сме следна недела на педијатар, ќе видиме дали ќе даде дохрана. Ама да, напорно е а и на градите рани ми направи брадавиците лом, ни ланолин ни ништо не помага.
Колкаво е бебето? Моето цицаше на 2 часа и секогаш прво менував пелена. На почетокот 90% пелените беа какани.
Многу е мало, една недела. Денес дојде патронажна сестра и го кажа истото, битно е секоја пелена да е мочана а за какани може и поретко.
Мало е, на почетокот е така, ретка им е столицата ептен. Штом има мокри пелени во ред е. Млеко и мене не ми шприцало никогаш. На почетокот бебе цицаше точно на два часа и додека се воспостави лактација ми течеше по малку ако спиеше подолго.
Мене никогаш не ми шприцало млеко само, а имам млеко си дојам 7ипол месеци веќе. Бебето кога ќе шмукне друг проток друго е ние кога ќе стиснеме немај грижи ако мочка се е ок доволно е. На почеток имаат мн мало желудниче сигурно е наполнето.
Да, посебно првите три месеци многу ми беше намалено. По препорака на консултант за доење почнав да пијам магнезиум и калциум неколку дена пред циклус и за време на циклус и месецов веќе има подобрување.
Јас дојдов да си кажам дека после 6 месеци доење ми се запуши пак канал, ми се направило како бело топче, ќе почнам со топли облоги и почнав пак со лецитин. некој друг совет од помош шо ќе е? да и кај мене така, со двете.
Milk bleb, како се вика ова чудо, на брадавицата ми е, блистер? Ми излезе вчера, боли корне. Бебе баш денес не сака да цица се молзев прееска не поминува. Кажете некој лек освен доење, тоа знам дека треба. Ако го излажам шефов ноќеска арно ќе биде .
Mora bebeto pocesto da go stavas samo toa moze da pomogne, ili povekje pati molzenje. Peskir zemi i od rapaviot del trljaj levo desno. Treba da pukne bidejki ako ne pukne moze grutka da se napravi i poslem nedajboze mastitis. Isto moze da pomogne masaza pod topol tus.
Еве почнав, бебето не ми цица убаво, фати пушти, тегне надоле, од него ми излезе ова. Ставав топли облоги, градата под млаз жешка вода, молзев, само порасна поголемо, цела капка млеко така стои како замрзната. Боли страшно . Ставав облоги со маслиново масло, не знам што ќе се прави, ако не земам откако ќе помине ова жалфија да пијам не знам кога
Знам ми имаше пишано дека бебето почна да цица со силиконска, не знам дали отпосле ја тргнавте. Во случај да пробуваш само на 'голо' да го исцица, сакав да ти кажам дека може и со силиконската, мене ми се деси исто на почеток дур цицаше со силиконска. Јас не ни знаев што е тоа, како мозолче, сакав да го стиснам ама болеше Па тогаш читав што е. И по два три дена на силиконската забележав 'заглавен' бел мрсулав исцедок, и сфатив дека веќе го нема тоа. Може е бескорисно мислењево, само сакав да ти споделам дека може и преку силиконската да се исцица.
Фала ти, почнавме без ама очигледно некогаш не фаќа добро, од глупирање, инаку си знае, навечер цица убаво (кога не спие ако му нудам и не сака да мрдне). Ама планирав со силиконска секако да му давам додека го разбиеме ова, зошто прво тргање мастит, сега ова, очигледно има проблем некој. Фала пак
Дали некоја користел haaka рачна пумпа или колектор да сподели дали е задоволна конкретно од некој производ зашто има повеќе. Јас немам некој вишок на млеко но приметувам особено кога дојам, на другата града ми капе па сакам да го соберам барем тоа.