Еден од бенефитите е будење 4-5 пати ноќе, како што прочита. Шала на страна, почитувам се, ама лично мислење ми е дека до година ако не е цицањето лажга за успивање, што парадоксално бебето го буди уште повеќе навечер, нема потреба. Од мајка ми совет ова за да немаш проблем со градите, како воведуваш оброци кратиш подои. Како тргаш на работа кратиш уште нормално. Ако тргнеш цицање од асоцијација за спиење немаш подои навечер, ти останува 1-2 до година некаде. Постепено стигнуваш до 1 и додека е бебето уште бебе и не разбира, нема цице, нема проблеми со бебето и плачки, одбивање без лекови, јас така поминав со првото, одлично. Мислам сигурно има бенефити некои да се продолжи, ама главно може се за утеха. Тоа бебе јаде веќе 3 оброци и ужини, храна не му е дефинитивно. Мое мислење ова, кој како му одговара си прави.
дали може да пишат мајките што веќе тргнале на работа како прават со доење (оброк-доење-работа како прават) бебето има седум месеци ама само цица, не сака ни вода, ни чај од шише, ниту да се измолзам и тоа млеко во шише не го сака. ме фаќа уште од сега страв како ќе биде кога ќе тргнам на работа. и давам шише со водичка полно си игра со него. што ќе прави без млеко дур ме нема
Јас од вчера почнав и навистина се чудам колку количина се собира на овој начин. А кога го замрзнуваш бидејќи ќесите се за поголема количина што претпоставувам не ја собираш одеднаш, како го чуваш млекото до моментот на замрзнување?
Јас како молзев ставав во стерилни чашки за урина па во фрижидер. После собирав неколку чашки од фрижидер и ги ставав во кеса и замрзнував. За да се меша млеко треба да е на иста температура. Не треба да мешаш тазе измолзено со млеко веќе оладено во фрижидер. Прво ќе ги оладиш и двете па ќе ги измешаш.
Тазе измолзено млеко е топло. Во фрижидер е оладено. Со тоа што ги мешаш им правиш флуктуации во температурата што влијае на тоа да се компромира млекото. И во поглед на бактерии и на хранливост и на квалитет.
Од чашка имаш пробано? Син ми беше на ад ама сепак не пиеше ништо, а ад во градинка нели нема. Чај ден денес не пие. Седеше цел ден така, додуша во приватна одеше првата година има даваа вода со исечен портокал или краставица и божем пиел не верувам. Хип сакаше да пие од јаболко. По цел ден не им пиеше ништо , после почна од 2рата година по малце вода кога скроз прекина ад
ние такво му даваме кога сум излезена мада не е тоа често, а и навечер. И ептен си напредува и тоа премногу… педијатарот не ми го кажа ова и Јасна на курсот исто не ни спомна за ова
Прашај ја Јасна, верувам го знае ова само можеби не го искомуницирала ко што треба со тебе. Или прочитај на нет, има куп извори како треба. Молзев доста, особено со првото па затоа доста се информирав
И јас знам дека не се меша млеко со различни температури, а околу чашките за урина, zivot_bez_toksini на инста имаше објава дека не се соодветни за млеко чување, си има садчиња се продаваат, малку се поскапи ама ако чуваш млеко вреди.
Има куп информации такви да, но нема студии што покажале ризик дефиниран. Јас месец ипол правам вака фала богу ништо не се деси. Ќе внимавам во иднина можеби баш…
Не мора да значи.. Си спие цела ноќ уште од многу мал, навечер не станувал да цица не памтам од кога. Од 13м ( сега сме 18 ) има само 2 подои во 24ч наутро кога ќе стане и навечер пред легнување. Познавам бебиња на АД и до година и после година без млеко се будат по 100 пати..А дали е само утеха или има огромни бенефити мислам да прочепкате по нет, ќе се изненадите
Ова не сум го знаела. Мада со првото ги имав авент чашките доаѓаа со пумпата цел сет. Сега со второво дур молзев чував во шишиња, кеси или ако снемав тоа во чашки за урина. Инаку да, милиброд со урми ми отвори и мене. Секако на були и го барав рецептот во другата тема
Епа тоа последно споделував во друга тема хахаа https://www.instagram.com/reel/DQGqLeDCnKh/?igsh=MThmYmQwZ25mN2tkbg==