Првиот месец варираат со кг. Сепак им е нова средина и тек започнуваат да живеат надвор од матката каде се хранеле преку папочна врвца. Да се развереме дека не секое бебе е исто. Не е мерило дека ако накачува повеќе или е побуцкасто дека е поздраво. Наајбитно е да си е весело сепак сама ќе приметиш. Нервозни ќе се често, скок во развој, топло им е склет, незнае да збори па един начин на кумуникација е плачот итн. Кај вас сигурно веќе се и грчевите маката. Видете еднаш неделно идете на контрола па ќе се види напредок. Мада мерило е еднаш месечно мерење. Со лесно мајка и полека све ќе се среди.
Некни имаше грчеви но еве од сабајле и вчера немаше ме исплаши со тоа што ми рече дека малце има накачено а си јади нормално
Каснам со одговоров но не смееш. Мора да најдеш алтернатива. А зошто настојуваш да пие од цуцла? Нека цица колку сака и кога сака, зашто со цуцлата можеш да направиш контра ефект- да ти се одбие од доење. Измолзеното млеко можеш да го замрзнуваш ако некогаш ти затреба, но сега кога немаш потреба не го нуди.
На болница пред да ме пуштат ми рекоја да се измолзувам и одкако ќе се нацица да пробам од шише да му дадам да проверам дали уште му се јади а иначе несака цуцла да фати освен чајче кога му давам ама мн малце пие одвај 10мл а молзеното млеко и кога е гладно пробувам да му дадам несака од цуцла да тргне
Искрено,многу лоши совети даваат по болнициве. Јас не би ризикувала со сила шише да му бутам, кога гледам дека детето сака цицка. Тоа самото ќе си се тргне кога му е доста. Најдобар показател дека е најадено е полнењето пелени, од 5 до 7 дневно за таа возраст.
Моето се што јаде и кака хехе мислам за него ништо не се фајќа се надевам на следната контрола ќе има ставено повеќе на килажа
Добро утро мами. Малото цица, имам млеко, ама нејќе да фати без брадавица. Во ремедика ни даваа земав и за дома пробуваме со капки бебевит на града ама и со тие ќе повлече на десната само ( левата не ми е толку испапчена). Му давам и дохрана 60мл на 4 часа зошто падна некои 30гр за 2 дена и ни покачија. За измолзување прво рекоа не треба зошто влече, ама еве сега сакам да се измолзам зошто 2 вечери се биди само за дохрана, цица преку ден само. Ме интересира во што да го складирам млекото и колку време треба да стои? Ви благодарам мамички, сега сме збунети многу
Бебето мое има 10 дена од кои 8 ги поминавме В болница заради жолтица кој уште не му е дочистена. Млеко дури сега ми дојде но не знам дали е доволно за да се најади. Тешко фаќа се научи на цуцла В болница. И нервозен е дури фати, цица и плачи како гладен да е. И сношти по цицање му дадов ад и премногу поврати и тоа 2 пати. Сега сабајлево си цица ќе видам дали пак ќе плачи по цицање. Како да знам дека имам доволно млеко и дека бебево се најадува? И градите ми се тврди.
Полни пелени и качување на тежина се единствен индикатор дека бебуш е најаден. Следи тежина и прати состојба на пелени. Доколку повратил после флашата ад значи било вишок, најаден си бил од цицањето. Не плачат секогаш оти се гладни. Нормално е на старт од цицањето, додека убаво фати и протече, малку да се бунат, или пак на крај кога е веќе испразнета градата.
Знакот дека имаш млеко е повраќањето на бебето, едноставно се прејало. Мислам дека немаш потреба од дохрана, биди упорна само со нудење цицка. Кога ти се тврди градите обавезно одмолзи малку колку да ти олесни. Многу голема веројатност бебето да е нервозно и се трга поради тоа што не му доаѓа веднаш млеко, а тоа се случува при тврди гради. Значи одмолзи малку па дај му да цица. За жолтицата не бери гајле, таа се чисти цел месец.
Мајки, ние почнавме да цицаме, со силиконска брадавица ама важно цица од града... туку ме мачи тоа што од вчера градите ми се меки и смалени во однос на претходните денови кога беа тврди и ко да ќе препукнеа... сега кога стискам има млеко но се плашам дека ќе снемам или дека немам доволно Претходно се одмолзувва и имав вишок и никогаш не доцицуваше бебе се... сега ми се чини ко да ќе немам од едно до друго доење и во страв сум цело време.... пијам многу течности... можно е да снемам млеко туку така?
Ти се воспоставува лактацијата затоа ти се меки градите. Додека цица бебуш ќе имаш млеко онолку колку што на него му е потребно. Пиј многу течности и нема да снемаш, не се секирај.
Ne znaev deka ste tolku mali, mozno e bidejki ne cical da ti se namalilo mlekoto ama da ti sekne nema. Ete gledas stom tece koga ja stiskas gradata znaci ima mleko. Slusaj go dali golta dodeka cica, a i stom ste so silikonska lesno mozes da vidis dali e polna ili ne.
Како ви фаќаат малите со силиконски брадавици? Јас мака мачев ама не сакаше.А мислам подобро е,барем брадавиците нема да те болат ако не друго. Добро луѓе , не е подобра варијанта само одмолзување наместо цицање ? Кога се одмолзувам барем точно знам колку испило и дека не е гладно. Кога го ставам на града , се поти дете , се потам и јас.Цица некоја минута па почнува да плаче и не може некогаш да продолжи да цица.Некако мислам дека по измачувачки е а особено на ова топло време.
Па искрено не би рекла дека одмолзувањето е подобро бар од искуство можам да кажам. Со првото се измолзував една година ,значи кај и да одеш мораш шише,пазеш н млекото има одреден период до кога можеш да го дадеш, мораш да стерилизираш шишиња,кај и да одеш носеш пумпа со себе, до мајка ми да одев морав се да носам пумпа,шишиња, итн. Сега второто ми цица прво една недела со силиконска а сега без неа и е многу подобро не се малтретирам бар јас. Е сега додека се воспостави ред со цицањето е напорно може и цел ден да виси на града.
Мајки помагајте..Утрово станав со силна болка во едната града..Не ми беше тврда но болки страшни..Е сега уште појаки болките стануваат и како круг околу целата града ми е тврдо и вени ми се познаваат многу..Почна и некоја треска да ме мава се напив парецетамол..Од што може да е..?
Кај мене нејќе без силиконска педијатарот ме совeтуваше што побрзо да ја тргнам. @Igle пиј од чајот на хипп за лактација. Нз дали од него, следниот ден ми течеше буквално млеко по маичката и решив да не го пијам
Некое каналче де затнало... По описов како мастит ми делува. Пробај прво дс цица бебето, одмолзи се со блсга масажа под топол туш. Млазот вода директно нс градата да го насочиш.. Стави облога од лист од зелка ско чувствуваш топлина на градата..ќе ја намали таа... И прави наизменично топло ладни облоги.. Немој со сила да стегаш или силно да јс мссираш градата.. Ќе ги воспалиш повеќе каналите. Јас за првото завршив со антибиотик.. Ама помина..
Ми се потроши завчера и викам многу шеќери има не купувам пак, ќе пијам само лактамикс.... но денес мм купил пак и пиев од попладнево навака и еве ме пак со градите преполни...дали е до чајот или не, незнам