Феминки, мојот беблак само што не пристигнал. Повеќе се плашам од доењето отколку од пораѓајот . Сакав да ве прашам- дали треба да го будам ноќе на секои 2 саата за да го дојам? Некои го правеле тоа, а некои си ги оставале беблаците сами да си се разбудат во текот на ноќта и да си кажат кога се гладни. Оние што ги буделе тоа го правеле со тресење на бебето, па нели е тоа жално? Јас мислам да го оставам да си спие, ама ајде да слушнам искуства! Благодарам однапред!
Драга моето бебе е старо 2 недели,искрено јас навечер не го будам за доење,го оставам да спие,тоа кога ке биде гладно ке си заплаче..Моево кога ке се нацица убаво знае да спие и до 4-5 саата па да се разбуди,така да ке видиш како ке се прилагодите вие Ама како мислиш ти така прави,затоа што секако сите бебиња се различни Ајде со лесно све
Мајки,сакам да ве прашам дали некоја од вас немала убави брадавици и заради тоа бебето не мошело да цицат?
ЈАС а си имав млеко, по 1 недела почна да ми снемува оти не цицаше.... после и прекинав да го клавам на града, до година бевме со ад млеко
A не се измолзуваше па да му го даваш со шишенце? Јас така правам,ама воопшто не е лесно,а и градите,т.е.брадавиците шо ги немам почнаа да ме печат и болат...сите ми викаат да бидам упорна и да ја ставам на гради и дека со тек на време ќе се оформеле брадавиците,па ќе видиме шо ќе биде...
Јас на моето му давав со шишенце, се измолзував со пумпа ама не дека немам брадавици туку оно не знаеше да тегле и заспиваше на градата кога го ствав да цица, ќе потеглеше еднаш два пати и заспиваше, а млеко имав кога се стискав шприцаше па морав да се измолзувам и имав колку толку млеко, за 1,2 оброка дневно вадев секој ден и да не беше пумпата немаше ни толку да имам млеко, многу ми заврши работа, ептен
Кога веќе имаш млеко немој никако да му даваш со шише, нека си цица од тебе , па бебето само може да го извлече убаво млекото од градата, ниедна пумпица неможе тоа да го замени. да знаеш дека не е полесно потоа да се мијат шишињата а и зашто тебе грутчиња да ти се прават Биди упорна на почетокот болат и печат брадавиците,па тоа е нормално на почетокот, ставај го почесто на градите и ке видиш ке се навикнете и + повеќе млеко ке се создава. Ако па толку имаш проблем со брадавиците, набави си вештачки, но немој никзко да се кзмолзуваш со пумпи и да му даваш на детето твое млеко од цуцли.. позз
му давав и јас молзено, ама имав една пумпица што не чинеше и дури зедов друга веќе и престанав да имам млеко... и биди упорна, кај мене не се исплати упорноста, дај боже кај тебе ќе се изплати.
А какви ти се брадавиците? Вовлечени или нешто друго е во прашање? Ако се вовлечени со пумпицата би требало да ти се извлечат колку да фати бебето, или пак може да користиш силиконски брадавици. Молзи се почесто, ставај го бебето на града почесто, одморај кога тоа спие, внесувај течности, и без секирации. Не си единствена што има проблем со брадавиците, многу мајки поминуваат низ тоа. Земи ланолин за пупките, ако те болат или ти се разрануваат, помага. Биди упорна во доењето, имаш поддршка тука, затоа што твоето млеко е најдобро за твоето дете. Ако ти се прават грутки во градите, прави масажи под туш, држи ги градите над тенџере со врела вода што испарува да ти се отворат каналите убаво, и млекото ќе биде тука. Само упорност треба и често ставање на малото на града. Тешко е, знам, ама вреди.
Имам еден проблем.Бебево еве веке 3 ден не сака да цица.Дали е од жештиниве или од што е не знам,ама мене на левата града ми се направи нешто како бубуљица(5 цм под пупката).дали е во прашање маститис или само обична бубуљица.како што гледам на слики маститисот изгледа поинаку,а и е пропратен со температура и црвенило,а јас немам ништо од тоа,само боли на допир и како да боцка.помош девојки и ако мислите дека е маститис како да го лекувам,има ли нешто на природна база?
Маститисот е внатрешен процес не надворешен. Ако ти е појавено на градата, на кожата тогаш веројатно се работи за мозолче... Маститисот може да го осетиш со прсти, како чворче е внатре во градата... *бтв. мене малиов ќе ми се одбие скроз Готово, не му се мачи веќе да цица кога си има цуцла... А толку ми е жал, ми напомена гинекологот да не го оставам летно време без млеко...како јас да сакав... Ќе ми се одбие пред да направи 2 месеци
Хејди, а зашто си му дала цуцла ? Не се откажувај, не му ја давај барем до 6 месец, биди упорна тешко е но на крај се исплати
Е па баш такво е само што немам други никави симптоми.Јас прво помислив дека е мозолче ама изгледа дека сепак е маститис.И сега што да правам кажувајте,да одам ли на преглед или може и со некој домашен лек(природен)да се излечи?Готово се одби изгледа скрос не сака повеќе ни да пипне,ме турка,плачи,а тоа за да не се одбива од цицање во летно време јас мислам дека нема врска,секое бебе си е различно,две мои другарки исто така им се одбија од цицање среде лето и немаше никакви последици(а ние бевме на цицање и дохрана па затоа мислам дека нема да имаме проблем).
мамички ве молам за совет, синко мој е 5 месеци од пред 10тина дена несака да цица кога е буден морам прво да го подзаспијам со цуцлата лажливка а потоа му ја вадам и веднаш ја бодам пупката во уста и така цица бес проблем, се прашувам дали е само период или ке се лажеме вака и понатаму. може ваши искуства и совети? благодарам однапред.
бебето ми е старо три дена .од синока ужасно плаче сигурно го мачат грчеви.млекото ми надојде дури и премногу имам треба да се молзам пошто не можа цело да го исцица.се засркнува од што е лаком и голта воздух па затоа има грчеви.тие не ме загрижуваат толку колку што ме загрижува тоа што и покрај толку подои денес од 11 па досега памперсот му е сув.а воовие три дена какал само двапати.