Па јас понекогаш веќе и давам и АД..некогаш навечер во надеж дека ќе ја држи подолго да спие (безуспешно), некогаш кога излегуваме за надвор ако има потреба, кога подолго не сум спиена, осеќам дека имам помалку млеко..но во главно, 90 проценти е на доење.. Сакав последниов месец да се измолзувам за да има ко ќе тргнам, но не бидна, премногу сум изморена и ненаспиена, нема вишок...така да ако успее ова со молзењето на работа за нареден ден, добро, ако не, ќе пие АД еднаш или двапати додека сум на работа+ појадок и ручек, би требало да се покриеме докај 17:00..
Тоа сакав да ти напоменам, дека може нема да можеш да ја измолзуваш потребната количина за бебе. Јас успевам, ама многу време ми одзема молзењето, по 30-40 минути молзам и пак од ден на ден има се помалку млеко. Среќа бебе воопшто не бара млеко додека ме нема, оброците му се доволни, а за пред спиење (бидејќи јас одам во смени) си го пие тоа што му го оставам 120-150мл.
Да, свесна сум за тоа..Прашање е колку воопшто ќе е можно и да се измолзувам на работа, земајќи ги во предвид сите услови таму, но ќе пробам, па ќе видиме како ќе оди... Ќе се снаоѓаме/снаоѓаат додека сум на работа, па кога ќе сум дома ќе цица...
Здраво мајки, гледам сте се распишале за молзење на работа. Јас треба да кренам на работа за еден месец. Јас работам во маркет, дали измолзеното ќе можам да го чувам во обичен фрижидер и потоа така само во шише до дома(15-20мин ми е до дома).пример да се измолзам 2 пати и млекото дали можам да го измешам за да и го дадат на цуца наредниот ден
Ние уште никако да фатиме ред со цицањето и ад млекото. Бебушка супер си напредува ама јас незнам уште како ред да фатам. Од мене пие измолзено околу 70 до 90 мл плус цица околу 5 мин после пола саат пак бара па и давам ад 30мл. После 4 до 5 саати не бара јадење. На кутијата од ад пишува за деца пд 3500 до 4кг треба да пијат пп 120 мл 5 оброци. Е сега мојава не пие некогаш дневно вкупно 600мл. колку што таму е предвидено. Незнам да не и е малку јадење незнам како да и ги дадам тие 600мл. Вашите по колкупијат дневмо отприлика?
Мајки дали некоја имала сличен проблем:само на доење сме,супер напредува,овие неколку дена почна да цица само навечер и кога станува од спиење.Преку ден ке фати ке ме погледне ми се смее и прави фаци како да се гади и почнува да плаче и пие измолзено. Утре полни 3 месеци.
Период е и ние на три месеци така правевме но со упорност успевав да го дојам. Со плачки ама не дадов шишенце млеко(мое молзено пиеше само кога јас не бев дома но и кога наполни 6 м и тоа не го сакаше).
Секако пр Секако пробав плаче пишти и не престанува. Не ми е јасно како ноќе кога е полузаспан има сила да цица а денски не сака.
И јас се чудев вака исто е му давав да цица денски заспиен само буден не сакаше и затоа две три недели додека да му помине тоа спиеше по незнам колку пати на ден по 30мин заспиен и да се нацица. Биди упорна ќе помине знам дека е тешко но тоа е.
И мојот така прави, особено кога ќе се налути никако не сака да цица. Јас му пуштам или усисивач или bingo song или северина ( песната куда за викенд ) да се смири и гледајќи во телефонот да цица. скоро 2 3 недели вака прави, на 13 ќе полниме 4 месеци
Мајки, незнам дали е за овде прашањево... Знам дека смеам да пијам парацетамол за време на доење, но колку често...има тоа врска? Пред недела дена пиев 3 дена со ред по 3 апчиња на ден. Сега пак настинав..ако да пијам пак по 2- 3 апчиња на ден...? Знае ли некој дали е штетно?
Мамички ајде кажете дали има надеж да си ја зголемам лактацијата, 6+ е малиот и откако почнавме со оброци веќе нема потреба од често цицање што резултираше со намалена лактација. Две вечери по ред често се буди и плаче и се плашам дека е гладен. Пробувам да се одмолзам и едвај по 15-20 мл. Знам дека тоа не е мерило но после тоа пробувам да ја стиснам градата и веќе не тече. Несакам да престанам да го дојам,тешко ми е од помислата дека ке морам ад да давам. Некој совет ? Има ли воопшто шанси да се врати млекото?
Па веќе втор воведов во консултација со педијатарот зошто крупен е и не му стигаше,не ми е у план за трет како и да е затоа сакам совет во однос на лактацијата,ако воопшто е можно да се зголеми...
ставај го што почесто на града за да стимулираш млеко.Секако течности и одмор.Мене лично од кромид ми надоаѓаше ептен мн млеко
Не сум пробала со кромид но од утре и тоа на мени. Инаку го ставам јас на града ама дека веројатно помалку му тече и се нервира,ми се исправа, сам се трга. Утре и лакта микс ќе земам и се надевам ќе има напредок.
а сега ке му станува се интересно сем цицката .Ти го ставаш на града он ке се врти лево десно да види што има околу него