Млекото е млеко срц. Составот е тој. Не може да е нехранливо. Често тие што имаат голем апетит автоматски имаат побрз метаболизам и затоа не качуваат нешто повеќе од другите. Посебно ако се само на мајчино колку и да цицаат имаат регуларна тежина.
@mariz значи скроз исти случај ,пишував и неколку страни наназад преку ден се супер а после 17 часот плаче,пишти сум тегли а нема млеко како почнав со АД се смири плачењето. Не ми е било јасно како еможно тој период да немам млеко ама уморпт си го прави своето. Е сега имам сруг проблем моево несака шише а осеќам дека немам нлеко влече на празно а вештачко не ми прифаќа се гади од цуцлата и навечер почна повеќе да се буди.
Придружи се во поддршка за доење на фб.. а како напредува? Ако има потреба од вештачко (а не фаќа шише), има една финта со шприц и цефче од инфузија (онакво за бебе мало, 5ден е во аптека). Додека цица дирекно во устата од страна и цефчето, истовремено да цица и да влече од тоа, дури не мора да стискаш.. од што јако влечат, успева само да го влече шприцот Било добро и за стимулација..
Истата мака со шише ја имав и јас. Баш пишував овде. И цело време се мачевме. Не дека не знаеше туку не сакаше.( еднаш во десет обиди во еден здив празнеше шишенце. Како и да е пред 10 дена добивме томи типи шипенце за 4+ со цуцла и клунче. Веќе е деуга приказна. И тука ми го препорачуваа ова шишенце и излезе дека и кај нас успеа со него. Прерходно се мачевме и со медела, авент, нук.
Мојава само да јаде - секое шише и е таман Случајно купив мам шише антиколик (ме бендиса апликацијата) и тоа ми е најдобро. Сакав уште едно да земам, ама никаде нема
Моево пиеше од шише скоро 3 и пол месеци,и незнам од еднаш што му бидна не сака ,збам понекогаш кога е успан да вметнам шише го сеќава и се буди,на килажа е добар 5 месеци а имаме преку 8 кг.кога ќе одиме на контрола ќе прашам и јас мислев со шприц, што знам кака редовно,мочка па ми дадовде идеја имам шишенце на мам па ќе пробам досега користевме на нук.
Види Верото во Веро џамбо или Дм.. ако не си видела таму И кај мене фаќа било кое шише, имам Томи типи и Чико обичните (не широките), пие и од двете.
Здраво мамички Може ли некој да ме посоветува за тоа дали после секое доење треба да се измолзувам? И колку? Дали целосно да си ја празнам градата или доволно е и малку колку да ми олесни?
Ако сакаш да имаш уште повеќе млеко од тоа што имаш треба после секој подој да се молзиш дури и да не излегува млеко од градите. Ако бебето после подој е најадено нема потреба да се молзиш. А ако пак бебето е најадено само од едната града можеш другата само малку да ја одмолзиш за да ти олесни инареден подој да ја понудиш таа града. Ручкајте си и уживајте
Инаку бебушко ми е сеуште во болница а јас млекце имам измолзувам ама малку мислам е кажувајте и совети за да си зголемиме млекце инаку се измолзувам 5-6пати во денот...
Со стаж од една година измолзување,на почетокот почнав на секој три часа се до последната капка,треба да има коклку што бебето би имало подои околу 8, значи деноноќно и ќе се зголемува млекцето чаеви за лактација и повеќе течности,одмор и редовна исхрана. По колку мл измолзуваш од града?
Вчера син ми извади заб...денес на цицање ме гризна и до срце ме заболе...го тргнав, остро реков немој боли и се расплака...не сакам да ме гризе ама па страв ми е дека ќе се одбие ако на секое гризење викам немој и спуштам и он се расплакува...искуства?
Ве боли ли грбот од доенјето? И дали е нормално да боцкаат градите после доенје? Мене мн бе боцкаат и мн ме иритира тоа, не можам да функционирам нормално.
Немам искуство мила ама многу сум читала дека треба да се постапи баш како што си постапила за да се научи да не те гризе. Значи кога ќе те гризне викаш не и го оставаш на кревет, после 10тина секунди ќе го кренеш пак, а ако пак гризне ќе повториш. Нека се редат бели како бисерчиња