Млеко ќе прска секогаш кога ќе пробаш додека доиш Задното млеко е она што доаѓа по т.н рефлексот на отпуштање. Следи нареден пат кога цица и тоа изгледа вака, почнува да цица и голта брзо, потоа цица на празно малку и потоа почнува пак да голта интензивно, длабоко и не толку брзо. Тоа значи со цицањето на "празно" го извлекува задното масно млеко. Откако ќе престане за голта нудиш друга града, ако прифати арно ако не најадена е. Нареден подој оди од градата од која последна цицало ако цица од двете, а ако цицало само од едната ја нудиш другата. А празна града не постои. Инаку овој период го поминав и јас со мојата тоа време и траеше отприлика 10 дена, на кои и сега нерадо се сеќавам. Трпение само...
И моево така прави, се трга и пушти фати на цицето, е тогаш станувам и шетам низ соба и бебе цица и така заспива на цице.
Здраво жени! Ќе се потрудам да пишам на неколку теми кои ми оставија поголем впечаток. Прашавте за ноќно доење. Кај новородени во првиот месец и додека не се потврди напредокот на педијатар, би требало мајката да е претпазлива. Пред сѐ, ноќното доење го диктира бебето. Ако се буди - давате. Ако не се буди - или ќе го оставите или ќе го будите/нудите. Значи за бебињата што преспиваат мора да се внимава која е причината - дали е ситост и дали можат да надокнадат со дневните подои, дали е жолтица, дали е штедење на енергија од глад... сите причини се можни. Има бебиња кои од старт не се будат и напредуваат одлично - во тој случај мајката треба да внимава на градите додека не се воспостави лактацијата - да не дојде до маститис, можеби ќе треба да се молзи, или пак за да се олесни може да даде на бебето да цица во сон (dreamfeed). Кај поголеми бебиња однесувањето е исто. Може да се будат, а може и не. Некогаш мајките дури ги одбивале од доење, па продолжувале да се будат навечер. Пробајте да видите како ќе биде. Во моето искуство имаше многу фази, особено кога беше поголема. Се будеше, па неколку месеци мирно спиеше. Па пак се будеше некој период - тоа беа најразлични фази на развој кои се нормален процес бо растење. Заби, страв, соништа, ... тоа и уште се случува периодично иако не дојам веќе и малата има полни 3. Во однос на доење по воведување на оброк. Кај нас беше исто така како што пиша Анатх. 300 гр. овошна каша, после тоа гасење жед со цице. И јас имам слушано дека не треба да се дава да цица дека оброкот заменува подој, но искрено мене тоа ми е толку непрактично и нереално правило за некој кој дои. Да е АД, да. Разбирам. Ама на доење кое се одвива кога сака и колку сака бебето, (акцент на тоа "колку сака") се остава бебето само да го адаптира и балансира производството према неговата потреба. Од 6 месец па до годината, идејата е да се воведат 3 оброци и по некоја ужинка, а при тоа да се преиде од главниот извор на храна - мајчиното млеко кон новиот главен извор на храна - цврстите оброци. Таа транзиција треба да биде постепена (таман и да се избегнат мастити), и секако, диктирана од бебето. Затоа ми е логично да продолжам со доење на барање на бебето, затоа што како и претходно треба бебето само да балансира. Не верувам дека после оброкот се дупнуваше од цицање, но намалената исцицана количина заради кашата дава сигнал дека и побарувачката е намалена. Спомнавте погоре дека тоа доење може да го "поремети" процесот на воведување на цврсти оброци. Тие бебиња кои се во категоријата "нејадачи" може да дадат отпор, но решението би било во секој случај да се продолжи да се дои. Отпорот не е поврзан секогаш со доењето, затоа што има и бебиња кои се на АД па пак пружале отпор. Неблагодарно е да се адресира тоа на доењето. Само трпение. И да доите до подолго а оброкот да е подоцна, не е воопшто страшно. Спомнавте доење од една или две гради. Многу бебиња си имаат омилена града (речиси сите) но некои буквално ја бојкотираат другата. Без гајле. Успешно се дои од една града. Но, препорака моја е да пробувате да ја подметнете и другата, не за друго, да ви се израмни - не знаете, можеби ќе ја прифати пак. Доколку не оди, внимавајте на маститис. Одмолзувајте и складирајте, или одмолзувајте колку да ви олесни и оставете процесот на намалување на лактација да оди природно. Но со тоа, неминовно доаѓа несразмерноста. Сакам да ви пишам и за масно-немасно млеко, дали го добива бебето "мрсното" млеко, но постов е и без тоа многу долг. Ќе пишам во друг подоцна. Барајте помош и поддршка. Во секое време. И една молба - ако имате за цел да дебатирате за АД vs. мајчино млеко, има соодветна тема. Мислам дела идејата на оваа тема е да се задржиме на конкретни проблеми. Убав ден!
Малава моја цела ракичка ја става во уста, ќе и ја тргнам и во моментот другата ракичка и е во муце, од прва погодуваИнтересни работи до прва не чекаат, ќе има смеи и плачки заедно
Боксот го јаде веќе еден месец деновиве почна прстите да ги пика дур цица ваљда нормално е . @Kaetana едвај чекам нов пост
Ние одвај фативме да цицаме се изнамачив јас упорна тоа инаетчиа.. Ама велат упорноста се исплати не да бев упорна преупорна бев а бебушот на почетокот ја туркаше градата ја плукаше се тргаше.. Сега се плашам да не и е малку јадење не плачи не кемка мирна си е си спија ама нз ми е страв да не и е малку млеко
плачот за глад е многу силен така да по напредокот најубаво ќе знаеш дали е доволно или нуди ад да провериш вечно прашање на сите кои доиме-дали цицаше доволно
@Kaetana Сакам да ви пишам и за масно-немасно млеко, дали го добива бебето "мрсното" млеко, но постов е и без тоа многу долг. Ќе пишам во друг подоцна Чекам др пост за овој дел! Фала ти. Малава сега на 23-ти прави месец. На доење сме. Првата недела не напредуваше, втората 150гр, третата само 10гр. Мочка редовно,и тос полни пелени. Со какање не сме баш редовни, на неколку дена, сабајле јадев суви сливи,пиев баланс, се искака, дали од тоа, дали така се погоди не знам... Со силиконски се доиме бидејќи брадавиците скроз ми де рамни, никако не фаќа. Млеко имам, ми тече на блуза, маица ако не цица пример 2 саати, и ко ќе стиснам прска излегува... Она навечер знае да заспие околу 11 да се разбуди 3,4 или околу 12 па во 5 да стане. Преку ден е поплачлива мислам дека и грчевите мн ја мачат. Зошто не нспредува? Мислења? Педијатарот остави уште оваа нед да видиме како ќе напредува до понед. Ако нема. Нспредок одиме на дохрана. Толку сакав да биде само на доење, со син ми не успеав, немав млеко ич зошто крв мн изгубив... Хелп мајки!
Зошто не пробаш комбинирано ад плус доење или измолзено во шише да и даваш? Нејќе да цица или што? Пробај кога ќе заспие т.е во полусон дај и. Кога сме имале мака ова ни успевало.
@eli25 Цица она, нон стоп е на цицка. Кој што прави она цица затоа и не ми е јасно зошто не напредува. Јас ќе пробам со ад не ми е проблем, меѓутоа сакам ако успеам само на доење да останеме. Затоа прашувам...
освен измолзување друго не ми оди на памет.... или навечер будење на 2 часа . синко кога не цица преку ден навечер надокнадува
Секако дека има начин да прејдете на ексклузивно доење. Еве ти пример јас. После месец и пол или два. Постепено намалување ад а бебе цело време на града ( не 24/7 де, туку најчесто што можеш) Често мерење секако за да бидеш сигурна дека не е гладно. Не е лесно ама со желба се успева
Сабајле отидов на депилација и претходно измолзев 120мл. Пред излегување почна да бара пак да цица ама немав време и мм му даваше од шишето, и си испи 100мл. Од една страна задоволна а од друга ме фати страв да не му е многу. Прееска кога беше време за хип му дадов прво да цица, цицаше и заспа. Одма после му спремив хип 45мл и си го испи цело. Бидејќи не повраќа тоа значи дека си бил гладен и таман му е или можно е и да е прејаден?
Само еднаш имам измолзено 80мл, 40-60мл секогаш молзеви ад никогаш не дадов. Навистина мајка зошто на толку твое млеко даваш ад? Колкаво е бебето?
Не мора да повраќа. Еве мојата и најадена и нацицана секогаш го пиеше млекото и од понуденото шише. Не знам колкаво е твоето, ама штом имаш млеко избегнувај го шишето за почеток, може да не сака да цица, но и не мора. 120 мл измолзено млеко се одлична количина. Во тоа време кога велиш време за хип, кога веќе даваш шише, давај барем твое млеко.
Доени деца нормално е да не напредуваат секоја недела исто. Напредокот што си го пишала ме потсеќа на борбата што ја имав јас првиот месец. Тоа што мочка е добар знак, за какањето не се секирај. Отсуството на столица кај доени бебиња може да е и до 10 пани 14 дена. При тоа, важно е да е мешето меко и да испушта гасови бебето. За ситуацијата постојат многу можности. Мој совет би било да пробуваш да нудиш града без силиконска брадавица, ако не бива врати ја. Така на секој подој. Не знаеш кога може да фати. Гледај на часовник но од обратен аспект. Ако поминат 2 часа а бебето не бара да цица - давај ти. Тоа важи и за ноќе. Иако спие, ти буди се и давај му да цица заспано. Особено кога е заспано пробај да нудиш без силиконска. Користи компресии при доењето. Особено навечер. Многу помагаат. Удри на доење максимално, пиши ми како ќе поминете во понеделник. Јас си дадов месец по договор со докторката. После месец имаше резултати. Претходно беше качи 40 гр.... симни 10... се натегавме. Ама ја оставав да преспива подолго а очигледно не ми била средена лактацијата како што треба. А во таков случај недостигот на стимулација заради пропуштање на подој (бебето спие) игра голема улога во количината. После доење молзи се т.е. домолзувај ако не е испразнета градата (рачно најубаво). Нуди цело време. Буквално цело време. Јади убаво, биди одморена и хидрирана. Само упорност, често нудење, и чести подои деноноќно. Верувам дека ќе имаш успех. Ова е мислење согласно на тоа што пиша. За подетално ќе ми требаат поконкретни податоци.