Mamicki da mi objasnite kako doite so gradite..znaci edno hranenje na edna grada,drugo hranenje na druga grada ili...ne znam dali arno go postaviv prasanjeto ama.se nadevam ke svatite so.sakam da prasam...se izv za lat.
Прво ја нудиш едната града, откога ќе се нацица бебуш ,ке ја пушти брадавицата или ке ти заспие на града , а и ти ке осетиш помека ке биде таа града ,го креваш да ждригне и ја нудиш другата може да сака, може и не. Следно доење ја даваш другата града односно таа што ја осеќаш потврда.
девојче има фб група SOBA ZA DOENJE зачлени се ако веке не си член многу ке ти помогнат советите.се најдобро и со лесно.не се грижи цицанјето е инстинкт и бебушите сами знаат што треба да прават .ке се уверис кога ке ти го дадат на боксот -ако се порагаш природно.
Маки гради дали се знак дека нема млеко? Не откако ќе се нацица туку секогаш. Она цица и кога ќе стиснам да видам дали има млеко тече ама затоа што ми се меки не сум сигурна баш колку има. Не знам дали е гладна почесто затоа што немам млеко или е скок во растење
не е знак за немање млеко. и мене прво тоа ми помина низ глава. ама синко се поправа по пола кило за 10 дена, така што сигурно си има млеко измери го, тоа најубаво ќе ти каже. А најверојатно ви е скок во развој.
Еве линк https://word.office.live.com/wv/Wor...O RAZVOJ ILI PERIODI NA INTENZIVNO DOENJE.doc Ова е објаснување за скок во развој од докторките од групата Соба за доење.
Тебе од старт ти беа меки или со тек на време? Јас до пред недела имав огромни гради и осеќав дека се полни. Сега се омекнати и не ги осеќам полни/тешки иако се уште се големи (иако јас и предтходно имав големи гради). Во болница ја меревме пред и после секој подој ама ова со градиве е сега откако се вративме дома па не можам да ја мерам. Мада мислам јас дека иако има уште млеко намалено е. Порано со едно одмолзување сум вадела 90мл за неколку минути а сега оддвај 60 Бев под голем стрес а и бебето на града по 5-10мин максимум и се тргаше, па претпоставувам дека затоа и се намали. Сега не се нервирам толку и ја дојам почесто па се надевам дека ќе се врати
Captiating, на почетокот ми беа огромни и цврсти. Со тек на време млекото се "намалува" односно се регулира според потребите на бебето. Држи ја повеќе време на града и нуди и почесто да цица, така може ќе имаш повеќе. Инаку јас на почетокот можев да измолзам 80мл д една града, а имав малечки гради. Не е до големината на градите. Ние се меревме кај педијатарот на 10 дена. Сега што ако ми се меки ко памук градите, синко е 1 ичол кг поправен скоро ако имате полни пелени, нема зошто да се секираш
Мајкички после колку време од породувањето добивте млеко? И дали го стававте бебенцето на града за да може да го стимулира доаѓањето на млекото? Ако одговорот е да, колку време правевте така?
Од моментот кога се роди бебе , ја ставав на града . Почна оодма да влече душичка што ти е инстинкт!! И така упорно ја става на града и си дојде и млекото ! Дома кога си заминавме си се доевме успешно , на два до три часа . Се надевам на повторно успешно доење со второво
Да, полни се пелените. Ја ставам почесто на града,не порано од саат ипол. Мн ми плаче овие 2-3дена, и не спие убаво, не знам зошто па мислев да не е глада, пробав да и дадам дохрана ама 20мл макс и не сака повеќе па тоа ме тера да мислам дека не е гладна. А од друга страна кога се одмолзувам на лажиче за да и дадам капки после неколку стискања повеќе како капќи капат отколку во млаз и затоа сум збунета.
Ако и се полни пелените нема што да се секираш И не се малтретирај со дохрана, ако е она гладна ќе јаде. За одмолзувањето: никогаш немој да се водиш по тоа. ти никогаш нема да можеш да истискаш колку што бебето може да извлече. Ако си ептен загрижена, земи чај за доилки од билна или на Хипп. Ем помагаат за лактацијата, ем за грчеви ако ги имате ( не знам колкава ти е малата ). Не се секиирај, терај само. Има мајки што снемале млеко скроз, па си повратиле лактација.
дали некоја доилка има искуство со чај од коприва за време на доење слушнав дека бил многу убав за млекото ама пак некако ми е страв да почнам да пијам а осејкам како млекото ми е некеко намалено па ве молам ако некоја знај некоја информација нека ми каже
Убавка гледаш погоре по постовите и јас мислев дека ми се намалува млекото. Градите ми омекнаа и бебето плачеше многу. Не дека она не плаче многу веќе, ама со млекото немам проблем. Си купив од Хумана чај, повеќе течности и боза, ја дојам почесто и се одмолзувам откако ќе јаде (барем 2-3 пати во денот). Ти го препорачувам чајот на Хумана. Не е скап, 150 ден беше или тука некаде а 1 кутивче го пиев 10тина дена по неколку пати во денот. Аптекарката ми рече дека е добар и за грчеви и за собирање на матката. И немој да се зезнеш како мене да купиш млеко вештачко. Немаше потреба. Мислам дека секоја мајка се плаши дека нема млеко доволно.
Мајки како се справувате со млекото кое ви тече од градите?? Јас користам влошки за гради но не ми помага многу често ми протекува и ми се познава на облеката?? Совет
ЈАс не успеав никако додека не ми направи малиот 3 месеци и почна повеќе да цица, се молзев цело време ама и тоа не помагаше многу многу и на крај си се помирив и менував почесто блузи
кај мене на малиот само што му поминаа грчевите јас почнав да пијам чај од коприва и ни се вратија грчевите и тоа со голем интензитет. Затоа престанав да го пијам. Сега веке немаме грчеви но ми е страв пак да почнам да го пијам.