И мене ми викаа на секој 3 саати требало да јаде...дрн дрн дрн... тоа мозеби има некоја шема ако го храниш со вештачко млеко,али за цицање ние си цицаме коа ке ни текне и по колку ке текне....некогаш по цел ден е на цице а друг ден се молиме....Него јас имам друг проблем па да прашам за тоа....Од кога почнав да дојам косава ми паѓа МНОГУ....насекаде по дома само влакна од мене....башка и малото со ме скубе цело време.....некоја од вас имала ли сличен проблем???
Имам еден голем проблем и се надевам дека барем некој ќе ме утеши и дека ќе ми каже дека е решлив. Пред точно три недели добив ќеркичка. Првата недела се беше во ред со цицањето, поточно до првата вакцина кога ми рекоа дека морам да и давам прихрана (мислам дека згрешив што го послушав педијатарот). Адаптираното млеко и го давав така што денски и заменував еден оброк а навечер два оброци од по 90 мл. Првите неколку дена немаше некои драстични разлики во однос на доењето ама почна лека полека да не цица. Мислев дека проблемот е во тоа дека прави забуна измеѓу брадавка и цуцла па денски (демек упорна) почнав воопшто да не и давам вештачко млеко. Ја малтретирав буквално, ја кубев, и го затнував носот се со цел да цица ама исходот беше ист, таа беше цел ден гладна. Вчера бев кај матичниот лекар на моите деца кој конечно ми кажа дека проблемот не е во детето туку во тоа што јас немам млеко. Не можам да сфатам која е причината за недела ипол да останам без млеко. Градите ми станаа меки, наутро кога ќе станев морав да ја менувам постелнината бидејќи млекото ми истекуваше а сега од млекото нема ни м. Не знам дали да ја малтретирам уште или да се откажам.
Nikako otkazuvanje topli kompresii na grada masaza uporna bidi stavi.go bebusot na grada cestoo,sakalo nejkelo koga ke bidegladno ke cica..poseti ja soba za doenje na fb prasaj ja Doktorkata.taa ke te sovetuva..pozdrav i nikako otkazuvanje
мууууууу че пробувам секако само да имам млекце па че видиме .. малце че биди мачно ама тоа е тоа .. че пробам и со сокче ривела и безалхохолно пиво имам слушнато дека е добро
истото и мене ми се случи ..само кај мене уште 1 ден на болница ми дадоја на 2-3 пати аптамил да и давам пошто уште немав млеко..третијот ден ме пуштија дома а четвртијот ден почна да иди бабицата кај мене дома и таа ми рече да ја будам малата од спиејне на 3 или 3 ипол сати сосила и да и давам да цица и ако мислам дека имам малце млекце да и додавам од аптамелот .. и јас будалче ко будалче даи цице даи по 3 сати аптамил па по 3 сати пак цице и сегасакам да имам млеко е нема кога слушам б. бабици или јас самата се си искомплицирав
Колку што сватив ти и немаш проблем, туку ти мислиш дека имаш. Знаеш ли кога значи дека немаш доволно млеко? Кога бебето ке се буди често, ке плаче, затоа што е гладно, и само ке ја пушта брадавицата ако почувствува дека не пушта млеко и ке плаче. Е, тогаш имаш проблем, а не вака. Од кај знаеш ти дали имаш доволно колку што него му треба? Како и секој човек што има потреба од различна количина на храна така и бебињата. Се додека мирно спие и не плаче значи дека се му е ок.
Daj boze mila da e taka sum zaboravila kakvo e cuvstvoto na gradata koga nema dovolno mleko ama po fajcajneto na gradite se kako prazni edino preku nojk koga malata 5_6 sati spije bez prekin e togas se polni i mislam bas togas i e dovolno mlekce da se nacica ubavo..kako sto pisav daj boze da e dovolno i ova sto go imam .. kako i da e ce ja stavam pocesto na grada barem dejne pa ce vidime za ponatamu poz
Жалосна во право е Срна. Ако немаш млеко малото ќе се буди постојано и ќе плаче често. Не знам колкако ти е малото сега,ама знам низ што поминуваш. Кога малата имаше месец-месеци-и-пол и мене ми се случи истото.Градите ми омекнаа, а малата плачеше многу.И јас мислев дека немам млеко, малата плаче, хистерија ја фаќа и бев купи дохрана. Не испи повеќе од 30 мил. Ако градите ти се меки не значи дека млекото е намалено. За да бидеш сигурна пробај и одмолзи кога ќе биде време за доење а млекото дај го од шише (ако ти е страв дека ќе се навикне на шише пробај со шприц или со пипета) Ако е ти е малку количински а бебето спие, а нема жолтица можеби сега му е доволно тоа, ти пробувај да даваш 5мл повеќе или да доиш минутка подолго секој ден. Ако сакаш да ти се зголеми количината на млекото одмолзувај се откако ќе цица. Така се стимулира мозокот да мисли дека треба да произведува повеќе млеко и од прилика за недела би требало количината да се зголеми. Ако мислиш дека не добива доволно можеш измолзеното млеко да го даваш после доење (ако се изолзуваш во 7 ќе го дадеш кога ќе доиш во 9.5). Ако мислиш дека нема потреба да и даваш повеќе можеш да го замрзнеш и да го искористиш понатаму за кашички. Квалитетот на млекото нема врска со одмолзувањето.Пробај и ќе видиш. Откако ќе се одмолзиш остави го млекото да се стабилизира и ќе видиш дека има слоеви. Кога бебето цица оди слој по слој а во шише ги имаш сите слоеви оддеднаш. И да се разбереме, после толку долго псот не лобирам да се дава шише на бебе ако нема потреба. Spoiler Знам дека е најдобро да си цица. Ама понекогаш кога се мора,мора. Јас на пример и давам на малата да цица па и го давам млекото затоа што кога се одмолзував да проверам дали имам млеко приметив дека не секогаш има доволно, некогаш и пред да цица вадам 60мл а некогаш го полнам шишето. Исто приметив и дека текот на млекото не е константен, понекогаш се одмолзувам 5мин без да тече млеко,па ќе надојде многу, па пак ќе снема. И кога цица малата се нервира па вака и олеснувам.
а во однос на мојот проблем кој го пишав една страница претходно дали важи истото? Значи до пред две недели имав млеко доволно а откако и го дадов вештачкото млеко заради недоволни подои почна да ми се губи млекото. Дали се враќа до редовно доење?
истото важи ,намалувај вештачко,бебето почесто на града,зголеми внес на течности и упорно ке се врати млекото. можеш да се обратиш во фб групата соба за доенје таму ке добиеш стручни совети.
како што каза worriedbtпочни да намалуваш со вештачкото млеко и што почесто на града ставај го бебушот. само сакам да напоменам дека треба умерено со внесувањето на течностите. значи незнам колку пиеш ама совет баш од докторката од соба за доење е да не се претерува со течности затоа што може контра ефект да има. ставај го често на градите, кожа на кожа, тоа помага при лачењето на хормон кој го поттикнува создавањето намлекото. мојот пример е: почнав да комбинирам цицање и ад затоа што не се дојадуваше и сега веќе и не сака да цица,се измолзувам и така давам, а веке и млекото ми се намалува затоа што немаме ефективно цицање.
како што каза worriedbtпочни да намалуваш со вештачкото млеко и што почесто на града ставај го бебушот. само сакам да напоменам дека треба умерено со внесувањето на течностите. значи незнам колку пиеш ама совет баш од докторката од соба за доење е да не се претерува со течности затоа што може контра ефект да има. ставај го често на градите, кожа на кожа, тоа помага при лачењето на хормон кој го поттикнува создавањето намлекото. мојот пример е: почнав да комбинирам цицање и ад затоа што не се дојадуваше и сега веќе и не сака да цица,се измолзувам и така давам, а веке и млекото ми се намалува затоа што немаме ефективно цицање.
Простете ми што јас како помлада си земам за право да ви се мешам во разговорот но овде има неколку „опасни“ тези кои се провлекуваат низ постовите. Одмолзување, ставање во фрижидер па давање подоцна, мислам дека таа манипулација со млекото може да има опасни последици по здравјето на детето кое е и онака со кревок имунитет. Ниту еден сад неможе да биде стерилен како дојката на мајката, плус тоа затоплување потоа на млекото кога ке се извади од фрижидер, кое ни одалеку неможе да биде идеално како кога е дирекно од града. Затоа не играјте си со здравјето и имунитетот на најмилите, сакајки да им направите подобро всушност им го правите спротивното. Ова се однесува пред се за мајките како Жалосна, кои всушност и немаат проблем а со ова може да си создадат непотребно проблем само затоа што премногу се грижат. Потоа велите ако мислиш дека му е малку додај му ова или она? Зарем има мајка која мисли дека на нејзиното дете нешто му е доста? Јас ве убедувам дека не постои таква мајка. Значи не се играјте со здравјето на сопственото дете, ако не плаче, ако добро напредува значи млекото му е доволно. Затоа постојат тие контроли кај педијатар за да се утврди дали нешто му недостига на детето или не. Вака слушајки секого само можеш да направиш беља. Нашите баби и прабаби не го одмолзувале па чувале млекото во фрижидер па децата биле здрави и со одличен имунитет, се одмолзувале само кога имале вишок на млеко. Исто така она ставање на топли крпи на градите или уште што ти не, само може да има дегативен ефект врз млекото. Затоа ве молам внимателно и тие што даваат совети и тие што ги применуваат советите посебно ако тие совети не се од стручни лица.
половина од советите се цитирани од соба за доенје и др.јулија.мајчиното млеко може да стои на собна температура неколку часа.да се складира во кесички за замрзнуванје специјални за таа намена.не се загрева на рингла туку во сад со топла вода .топлите облоги помагаат за да се отпуштат каналите и полесно да тече млекото,особено помага при затнато каналче . истите совети ги добив и во советувалиште на почетокот кога имав проблеми со воспоставуванје лактација.ми беше посочено после подој да се измолзувам и покасно да му го дадам како дохрана.така да би рекла дека постотна captivating е од збор до збор точен и корисен. не сакам да повикувам никого ,ама ако навистина имаш 18 години и немаш лично искуство не се дрзнувај да коментираш и да создаваш заблуди кај мајките кои и без тоа имаат доволно проблеми.
Разговарав со докторката од соба за доење на фб и плус се консултирав со еден многу добар педијатар кој е во пензија и сватив дека клучно е ноќното доење. Еве јас од вечерва планирам да пробам. Ќе ја земам малата до мене ќе и ја ставам цицката во уста и нема вештачко освен ако не се разлути премногу. Навечер пролактинот се лачел најмногу и тоа стимулирало создавање на млеко. Тоа е всушност мојата грешка што ноќните подои и ги заменив со вештачко млеко уште првата недела. Обиди се и ти па пиши што ќе биде. Инаку денеска цело време ја ставав на града и намалив на адаптираното млеко па ќе видиме каков ќе биде исходот
Јас веке немам млеко денес едвај 50мл. Ја ставам малата да цица а она цица само 5минутки и потоа никако не вајча пак оти нема млеко Па веке сето јадење е вештачко