Ставај си влошки за гради. Мене сеуште ми истекува понекогаш, кога ќе дојде "време" за доење. Малата ми е скоро 10 месеци.
3 месеци сме уште ми се случува. Особено кога ја дојам од едната ми тече од другата. Обавезно влошки за гради, ги користам од кога излегов од болница. Имаш во дм.
Мајки треба да одам на забар и не знам до кога ќе се задржам па ќе треба да соберам повеќе млеко. Може ли повеќе пати да измолзувам и да го собирам во исто шише и да го ставам во фрижидер или не? Да почнам од 13:00 до 16:00 да собирам?
Јас бев на лекар, крвната слика ми е во ред. Притисокот ми е покачен малку ама не е од тоа. И кај мене овие денови е толку изразена се чувствувам дезориентирана комплетно. Пробувам и јас со вежби на вратот ама нема некој ефект. Ќе пробам овие денови и со масажа и ако нема подобрување ќе мора пак да одам на лекар. Не ми се оди ич и на мене ама не сум способна ни детето да си го гледам ниту домашните работи да си ги завршам.
Едно прашање до поискусните: бебе е 4+ месеци и последниов месец цица на 2 часа некогаш и помалку.Пробав да и го продолжам доењето до 2 и пол часа ама нема шанси, не може да издржи. Претходно меѓу втор и трет месец цицаше и на 3 часа но од кога не фати скокот во третиот, се смени.Инаку нормално си напредува. Прашањето ми е дали е тоа нормално и дали треба да превземам нешто,зашто вака ми е ептен непревидлива и дали ќе менува со растењето?
Нормално е. Нека цица кога сака, и колку сака. Периоди се Ти кажувам од искуство, ќерката ја доев две години, сега синот го дојам.
Мамички после 20 дена на АД јас успеав со измолзување да ја задржам лактацијата. Секогаш кога беба цицаше јас се молзев. Денес почнавме пак со цицање и прашањето ми е на колку време да цица и како да знам дека тоа и е доволно. Бебе има еден месец. Првите 10 дена кога цицаше спиеше по 3-4 саата без будење. Сабајле кога и дадов околу 5.30 имав чувство дека малку цицаше но таа сепак заспа. Се будеше 2-3 пати но не сакаше да цица туку со нишкање презаспиваше. Инаку додека бевме на АД пиеше по 120 мл на 4 часа, имавме грчеви кои верувам и сега ќе ги имаме. Како да познаам дека плаче за јадење а не од грчевите?
Пред се браво што си ја очувала лактацијата. Кога има грчеви цело бебе се стега, просто се гледа дека нешто го боли. Додека пак од глад постепено се засилува тонот на плачење. Макар јас секогаш кога ќе скенка нудам града. И да не е гладна се смирува. Градата и е утеха, место за спиење, зајадење, за играње... За се. Немаме ред да се доиме на одредено време и мислам тешко е кога си само на доење да имаш ред како со АД. Јас никогаш не знам колку испила и си нудам често.
Мајки ми треба совет.Бебе е 4 дена,има жолтица и гледам што почесто да цица иако заспива на цицка го будам ќе цицне два три пати и пак заспива,и се така во круг.Маката ми е што мене ми надоаѓа млеко а бебе не успева да ми ги испразни цицките.Се одмолзувам со рачна пумпа но пак за кратко време ми се стведнуваат цицките и ги осеќам напнати.Пробав со топла вода под туш но некако не е доволно.Кажете ми како да ги измолзувам до крај,бидејќи не успевам.Инаку гледам да не јадам и не пијам многу додека се стабилизираме.
Не ги измолзувај до крај, оти така му даваш сигнал на телото да произведува уште повеќе млеко. Измолзи се колку да намали притисокот во градите. Нормално е првиот месец бебето да не ги цица до крај. После тоа ќе се воспостави лактацијата и ќе произведуваш млеко онолку колку му треба на бебето. Нема причина да не јадеш и не пиеш периодов.
Се ова што кажа @happygirl и плус топла вода само ако се одмолзуваш за да појде полесно млекото,а инаку се препорачува помлака вода.И ако ги осеќаш жешки стави си листови од зелка, многу помага додека да се воспостави лактација.Освен нормално храна и пијалоци не внесувај дополнително чаеви за лактација.Ќе се среди за некој ден.
Леле и јас сум иста, значи бебе цица на едната од другата тече.Јас користам бамбусови влошки и немам гајле, пери носи.Тие од дм ми се мн пластични и неприродни, земете си влошки платнени имате на lanababy ekopeleni на фб раат ќе видите
Ги прочитав повеќето последни постови со мојов проблем што ми се јави и ова го заклучив: Бидејќи бебе беше на ад 20 дена јас се измолзував на 3-4 саата, тогаш кога бебе пиеше ад. Ама бебе пиеше по 90 па 120мл а јас максимум што молзев беше 80-90мл. Нејќеше па нејќеше повеќе. Од денес почнавме со цицање ама изгледа малку и е. Првите два пати и беше ок и си заспа и си спиеше по 2 саата, ама еве од 3 наваму ќе цица ќе подзаспие и се буди плаче и шмука со устето. На града ќе цицне малку и плаче вришти. На крај и дадов 60мл ад (2 пати по 30) а она уште шмукаше. Значи јас не сум имала доволно млеко. За да ја зголемам лактацијата треба да ја ставам почесто на града, и секогаш прво да цица па после да и дадам ад така?
Да за стимулација почесто на града. Инску бебе може да извлече многу повеќе од пумпа Слушај го ова. Ќе добиеш многу одговори
Јас да ти кажам искрено никогаш не сум пробала ред да ставам за цицање секогаш кога сака давам да цица, и некако сама си стљви ред. Сеа сме 7+па цица на 3 саати а некогаш и на два, кога сака тогаш давам. А најмн навечер цица дали дека спие со мене и сака да цица
Исто и моето еве уште малку 4 месеци кога сака да цица тогаш му давам, а тоа е обично на 2 саати, некогаш на 1 а некогаш на 3
Браво за упорноста мајка, ви посакувам успешен и долг доенечки стаж. Ти најтешкиот дел си го поминала, супер е што бебе пак прифатило града, сега останува само да се доите и млекото само ќе си се врати според потребите на бебе. Нормално е првата недела да му прифалува по малку, зашто градите изгубиле ред, ама само тоа со неговиот ритам на цицање може да ја врати лактацијата во нормала. Не му давај АД, подобро ставај го почесто нека цица, нема да трае долго, за неколку дена ќе се среди.