Дали може во доење блокмакс крема да користам, скроз ми се укочи вратот, благодарение на чевртиот ‘сакам само во раце’ скок
Слободно. Само ако после приметиш зеленкаста кака кај бебе не се плаши. Јас лично од прв ден јадев буквално све. До 21мес дур го доев.
Здраво..ќерками има 1 г и 2 месеци. И многу мака имаме со заспивање навечер со цицање и нишкање. Дали ако и дам битолско млеко во шише да пробам така да заспија дали има опасност да ме одбие наредно за цицање? Некое искуство?
Можеби грубо ќе звучам, но при мајчино млеко не сфаќам како може да нудите да пијат кравјо млеко? Навистина неможам да сфатам. Секое бебе/дете поминува низ развојни фази кога одбива да цица, цица почесто, тешко заспива, се буди со вриштење и тн. И не, никогаш не сум му дала да пие никакво млеко освен мајчино. Доев 21мес и сите фази ги поминавме. 21мес немав 3ч сон сврзано ама никогаш не помислив да дадам тетрапак млеко покрај мајчино млеко. И од дента кога прекинав со доење никакво млеко нема пробано нит пие никакво млеко. И онака мора да искоментирам општо нешто кое со месеци ми биде очи. Порано, па и дур бев трудна ептен со мерак ја читав темава и многу научив од совети и искуства на членки. Благодарение на темава и на гугле успев да дојам скоро 2г. И покрај неверување и мислења на сите доктори кој ме водеа па и во родилиште дека мема да можам да дојам, дека немам млеко, да давам АД итн. Успеав со читање, совети и искуства на други да дојам толку долго. Да, имаше моменти кога викав доста е, неможам веќе ненаспана, уморна, нервозна итн. И не, не доев на саат, немаше 3-5 доења во едно деноноќие. Имаше повеќе од 10 и плис ноќе стана неподносливо на секој 1-2ч. И веќе не цицаше туку вицаше и дојде крајот на доење.Доев кога сака, колку сака и каде сака. @Kaetana ( извини ако сум грешка ) ти беше од времето на темава и секогаш со совет и искуство, а и знаење најголемо. На многу од нас ни помагаше и твоите постови од пред неколку години па и ден денес беа и се од најголема помош и најдобри совети. Но, во последниве месеци темава ја изгуби целата суштина, убавина и звањето на темата - Доење - ! Многу е нефкусно на тема за доење да се пишува, дава совет/мислење, да се предлага или дава совети за Тетрапак или АД млеко! Има за ова теми! Остајте ја темава да си е тема како што и е името Доење! Верувам дека повеќето што беа/бевме активни од времето само поради овие причини и не се навраќаат тука! Замре темава, а што е најтрагично и жално .... све повеќе опаѓа процентот на доилки и на доилки кој дојат и повеќе од 12мес. Треба модераторите нешто да превземат. А, можеби и да земат еден убав пример од други форуми странски каде на тема Доење може само за мајчино млеко да прочиташ. Ете ги и на фб во Подршка на доење ... прочитајте им го правилникот! Извинете, ништо лично према никој. Ова е општо за темава. Памтам дека за ова имаше и порано некој членки спомнато и замерено, но веројатно никој ( вклучувајќи ги и модераторите ) не превзема ништо!
Здраво...бебето ми има 1 месец и си цица и се е добро освен што пред некој ден градите почнаа премногу да ме чешаат и ми се појави цевенило...дали некоја мајка имала вакво искуство?
Се полнат со млеко, стануваат потешки т.е поголеми ( во поголем дел кај жените ) и самата кожа се оптегнува и чеша. Сосема нормално не се плаши. Црвенило незнам какво поточно имаш. Но, доколку ги чешаш нормално е да се зацрвенат. И самата кожа може да стане сува и да се појавува црвенило. Јас лично многу често ги мачкав со кокосово органско ладно цедено масло после секое туширање и одмивање на градите. На тој начин не дозволував да стане сува кожата.
Да..сега кога веќе имаш споменато да темава не е прикладна за друго освен за доење. Се извинувам, незнаев на која друга тема да пишам. А за доењето, планирам здравје да дојам до 2 години. И јас имав многу совети од доктори дека немам доволно млеко бла бла па да додавам АД. Ама си терав по мое. И јас дојам кога сака и колку сака. Првите 10-11 месеци цицаше 10 мин. Ни повеќе ни помалку. А последниве 4 месеци цица по 45 мин. Незнам зошто но не е ни битно. Навечер станува 1 до 2 пати (не 10 пати како до пред 2 недели). Денес на доктор испитувавме крв и има ниско железо. И пак добив совет дека доста е со доење за да јади повеќе. Дали ова е точно? Сепак јас ќе ја дојам зошто машала си тера супер, ги имаме сите придобивки од доењето. Фала
Нема никаква врска доењето со јадењето. Ако е нејадач дете ќе биде нејадач и без доење. Јас со моево од сам старт на дохрана имав мака. И ден денес не е јадач иако качува супер на килажа сепак да се чудиш како ја има килажата. Најбитно е дете да качува на килажа, да е весело, среќно и да е крвна слика добра. Верувам веќе си запознаена со придобивките од мајчино млеко и кој состав го има и после 1г доење. Така да верувај дека голема придобивка е што сеуште е на доење. Педијатриве некој се сачувај Боже со своите совети. Ако ја слушав нашата претходна педијатарка ќе требаше уште на 12мес да го одбијам. За железо да зголемите давај бејби биф ( телешко) , семе од коприва, варено јајце или омлет, црвено овошје ( аронија, боровница, јагода, малина итн ) , спанаќ, блитва, коприва, мед, маџун итн. Но, непосредно и намирници со витамин Ц . Можеш и капки витамин Ц да даваш после оброк богат со железо за да сврзе железото. Но, би ти рекла и да направите и во друга лабораторија испитување зашто често имаат грешки. Ова од искуство ти кажувам. Така да пак ќе ти кажам дека никој не ти гарантира дека дете ќе јаде повеќе ако го одбиеш. Еве моево па и други што ги знам што биле не јадачи си останаа нејадачи. Мада се тоа се фази. Има денови кога јаде како дупнат, а има денови кога се молиме за јадење. Битно е дете весело, среќно, здраво и со супер килажа. Тоа е најбитно.
Не знам кај да прашам, па ај тука. Следната недела сум на свадба, и сакам да оставам измолзено млеко во шише за бебо. Е сега, бидејќи не верувам дека ќе соберам 100/120мл наеднаш со едно молзење, дали може да собирам на 3/4 пати во текот на денот и да додавам во шишето? И цело време да стои во фрижидер тоа млеко. Или не се меша млеко од повеќе молзења? Прв пат ќе ми е да правам вака, затоа не знам. Бебо ќе биде 5 месеци и 9 дена тогаш, која количина ќе му биде доволна појма немам.
Мојата пиеше 120мл ад на 2 месеци. Според упатството за ад, 4-5 месеци би требало да пијат околу 200мл. Не знам дали можеш по ова да се водиш, сигурно има разлика помеѓу мајчино млеко и ад ама ете отприлика да знаеш. Инаку не знам колку е правилно, ама еднаш и јас кога молзев вака правев. На повеќе пати во исто шише. Иако ми се чини дека еднаш некаде прочитав дека не се меша млеко со различна температура ама не сум најсигурна. Ич не ти помогнав
Околу 200мл би требало да се доста.Можеш да собираш од цел ден,но ќе го ставиш да се олади посебно,да достигне иста тепература и после го мешаш со останатото.
Можеш, и јас за една прилика собирав три дена млеко. Ќе собираш во стерилни чашки, после едно одмолзување чашката ја ставаш повнатре во фрижидерот, а ги мешаш (претураш во една чашка) откако две ќе бидат веќе оладени. Во фрижидер можат да стојат најмногу 4 дена, после скиснува. За количината навистина незнам, моиве деца беа исклучиво на доење, ни јас неможев да проценам. Остави си барем 200 мл. за еден оброк.
Има ли правило и од прилика колку време цицаат вашите малечки? Мојов цица 10мин онака убаво се слуша и како го голта и му поминува и некогаш се трга,а негогаш уште плус 10 мин дреме,ја држи само,па со потсетување ќе голтне. И сабајлево исто цицаше 20 мин и бидејќи уште бараше а не цицаше испи уште 50мл ад. Дали да се измолзувам и да гледам колку мл пие? Вака кога ке ја стегнам градава излегува млеко,или при туширање кога ќе се навалам ми тече. По мое мислам дека е мрзлив и полесно му е од шише,но ако давам па често од шише може ли да ми се одбие? 2 и пол недели сме
Давај со шприц, не со шише. И ако треба, по цел ден нека биде на града, кога сака тогаш, колку сака, толку. Ќе си фати ред за цицање со тек на време, мало е уште.