Кога сме кај чаевите- јас земав две кутии од тој за доилки на Babylove ме интересира мислење дали се добри овие чаеви? Јас кога ја доев првата ќерка , земав на Weleda и беше ок , исто и од коприва пиев. Овие од ДМ се доста поевтини па реков здравје да ги пробам
Ти по кафето, јас пак без кока кола не можам. Првите месеци избегнував колку што можев ама не се издржуваше понекогаш пиев по една чаша после дозата се зголемуваше. Си пијам исто како што си пиев не приметувам да му смета на бебе. Ако му смета сама ќе си приметиш иако мислм дека нема, јас нес пијам.
Јас ги пробав чаевите за лактација на хумана, хип и лактамикс на алкалоид, најзадоволна сум од лактамикс.
гледам прво да го надојам па после кафето (утринско ама на пладне ) ама од ко ќе стане наутро на секои 20 мин е на града така да... И тоа е на утринското кафе за газирани сокови имам слушнато дека можат да предизвикаат грчеви ама и не мора да значи ете има разлика од дете до дете.
Кај мојата проблеми правеше чоколадото, зелена салата, краставица и грашок. Сред ноќ ја болеше мешњто не можеше да спие. Мислам дека треба се да си јадеш, ако приметиш нешто, ќе прекинеш и така
Ах, како јас да се слушам од пред месец ипол. Преполни ми беа градите а по една капка капнуваше, пумпи не помагаа, дури ни професионалната на медела, ме стискаа сестри и се беше џабе. А бебето ми беше прематурче и немаше сила да влече силно. Тој ден кога си одев од болница сестрите ме советуваа да намалам со течности еден ден за да не се полнат дополнително со млеко да не фатам мастит. Тоа помогна, само што јас претерав, три дена ни пиев ни јадев па сега давам плус ад бидејќи од тогаш не ми надојде како што треба. Значи внимателно ако го примениш ова со течноста.
И јас исто со градите. Преполни со млеко а бебе мало за да цица доволно. Дури едната града ми доби црвенило. Денес на преглед др ми рече не мастите, но редовно молзење и доење. Едно прашање.: млекото што го измолзувам, ако сакам да и го дадам, како загревате? Инаку и ние цел ден се одиме. ..
Кесата или шишето во кое е млекото во гезве со врела вода, или под чешма (имам чешма што грее вода) на најтопло.
Чајот е за создавање млеко. Јас зедов и од ДМ и од хип и од алкалоид. Мислам дека последниот најголем ефект има. А на хип е лесен за употреба и дава исто млеко. @Spidy фала на одговорот, претпоставува дека е така, но немам искуство.
Сите мајки што сте со вишок млеко а со мали бебиња.. внимавајте на начинот на давање на млекото. Во оваа фаза шишиња може да бидат пресудни за да се направи проблем со доењето. Не велам дека е тоа кај сите бебиња, но постои ризик.
блазесиви на тие што си имате дм во близина ви завидувам. јас земав на good nature лакта микс. Супер се. со првото кај имав мака не фаќаше што мрзливо што мали брадавиците па комбинирав молзење со ад млеко за на крај уопштре да не се потруди да фаќа на града. А млекото можев дури да си го продавам. Се заколнав уште од тогаш дека ако имам второ дете ќе го дојам макар и последно да е. Сега со истите "мали брадавици" со кои нестручните лица првиот пат ме убедија го доја. второво дете. Сестрите на неонатологија ми рекоа кои мали брадавици не постои такво нешто. ќе си ги извлече бебето. Педијатарот ми рече што и да даваш друго во смисла вода чај или ад млеко да даваш со лажица. Ако даваш со шише после ќе му биде тешко да цица од града.
Еве и јас да си ја кажам маката. Со првото дете бевме на ексклузивно доење од прв ден до година ипол. Ни формули ни шишиња. Со ова малото, пред три дена го мереа не напреднало колку што е потребно, воведовме дохрана на 6 часа по 30-40 ми.плус доење.Но на вчерашната контрола не што не качил,дури и намалил на килажа за 10гр. Од синоќа дохрана на 4 часа по 60 мл плус цицање. Па да видиме како ке биде. Единствена разлика од претходно е што почна многу да кака. Некогаш го пие цело во еден здив, некогаш неможе да го испие цело. Од утре ке почнам со чај за доилки, се хранам колку што можам здраво, пијам многу течности, и се чувствувам исфрустрирано. Секој што се јавува да ми честита,второ прашање е дали го доиш, и тоа дополнително ми причинува фрустрација. Ете...само да се пожалам.