Мајки многу сум настината имам и температура 37 со 5, може нешто лошо да делува на млекото?? Сакам и парацетамол да се напијам дали смее?
Смееш. Бебето нека си цица, ќе биде заштитено. Млекото нема да стане неквалитетно, напротив, си има антитела за заштита.
Најпрво здраво на сите. Јас се породив денес, малото уште не ми го донесоа, ама јас би сакала да прашам нешто. Да напоменам дека ми е второ дете, ама првото не го доев. 1. Пијам Еутирокс и Верапамил (2 пати на ден) и прашав една докторка и ми рече не сметале за доење, само антибиотици сметале. Но, јас некаде читав дека после пиење Еутирокс треба да поминат 2 часа, тука не ми рекоа ништо. 2. Мене ми се меки градите, не знам дали е знак дека немам млеко или треба време? И што би требало да правам додека го донесат бебето, дали масажи или?! Знам дека е пишувано некаде за ова, ама не можев да најдам, па доколку не ви е проблем, добро би ми дошол совет од поискусни.
Да ти е живо и здраво бебчето Ќе ти дојде млеко рано е, јас се породив со царски понеделник во 22ч млеко ми дојде среда во 20ч, само почесто ставање бебе на града и многу упорност треба. На почеток пиј повеќе течности, бистри сокови и вода, а ако имаш пумпа молзи се на 2 саати за стимулација на градите. 1 година е синко уште цица За апчињата незнам да ти кажам.
Јас прашував за Еутирокс. Кога се породив прашав и на гинекологија и со ендокринологот се слушнав ми потврдија дека еутироксот не смета при доење. Мене во болница и антибиотик ми дадоа пиев 7 дена и доев. Ми дојде млеко на 3 ден од раѓање, го ставав бебе често и пиев сок од јаболка можеш и чај за доилки да земеш
Пијам сок од јаболко. Дојде сестра го донесе, стисна града, потече малку и вика ќе имаш Ми вика само немој сега да му даваш, јадено е ад, ќе повраќа. И не пробав. Сега спие, сакам да пробам?!
Нека е здраво и живо Штом имаш кажи му да ти го носат гладно па после да го дорануваат ако има потреба.
Честитки!!! Како помина? Мило ми е дека сте супер. Само една страница пред оваа ѝ одговорив на @BirMelek она што ти погоре прашуваш. Прочитај. Многу често допир кожа на кожа, давај да цица кога и да посака. Тоа што ти се градите меки е сосем во ред. Ако цица кога сака можно е и така да ти останат. Пиши ако нешто треба! Честитки уште еднаш!!
Фала ви. Бебето сега за сега спие цело време, пробав да му дадам да цица - искрено не ни знам правилно, а и нејќеше, веројатно дека спие. Ќе пробам после пак, ќе прочитам сега што сте пишувале. @Kaetana добро беше Бидејќи доењето е новост за мене(ќерка ми не ја доев, обавезно ќе прашам уште нешто)
@Kaetana Првиот контакт кожа на кожа кога препорачуваш? Оти по спавача бев облечена за првото знам, дали да ја слекувам на бокс? И второ резил прашање, дали на боксот веднаш откако ќе ми го дадат да му дадам да цица, велат тогаш имале најсилен рефлекс за цицање? Една членка породена во истата болница ми објасни, но да знам во случај ако мојата смена е незаинтересирана? Добро е што сме тајни на форумов, не знам колку инаку ќе се срамев од прашањава?
Одма контакт кожа на кожа. Спавачата крени ја. Види како ќе биде, да не ти е ладно нели. Убаво покриени, бебе само по пеленче. Јас бев секако гола бидејќи така е на царски. Не се напнувај во секундата на града да го ставиш, гушкајте се некое време. Ние се гушкавме 5-10 мин па самото како да си ја најде градата и да почна да фаќа. После во текот на денот се гушкавме и го ставав цело време кога ќе заќенкаше. Важно е да имате многу контакт еден со друг. Самиот контакт го поттикнува рефлексот кај бебињата а делува и на хормоните кај мајката. Нема резил прашања, слободно прашајте си се што ве мачи. Едит: повели линк со детално инфо: https://ibconline.ca/information-sheets/breastfeeding-starting-out-right/
Мене додека ми дојде млеко,сестрата ми рече пред секоја дохрана да му нудам. Таму им даваат во 12, 3,6,9 часот, 15мин пред тоа нуди цице. И не се откажувај никако
Devojki, sinoka imav taka los panicen napad i se napiv diazepam edno apce. Ve molam dali znae nekoj koga mozam da prodolzam da go dojam?
@Larahappy јас знам да се напијам еднаш дневно , плус во кафето ставам млеко , ама не сум приметила грчеви да има
Добро утро, Ние уште сме во болница. Да искористам некоја минута да прашам пак нешто Ми викаат имам млеко, ми ги стискаат градите, дури и ми покажаа 2 пати како да дојам(тоа блиц покажување беше де, ама ми значеше). Не му даваат ад, ми викаат ти доиш и си одат Фала им за тоа за да се навикне на мајчино млеко. Но, малиот не цица многу. Значи вчера ми спиеше на града, 40 мин. Го будев на сите можни начини и не ја отвори устата. Ќе поцица 10тина пати и толку. Еве и сега, по малку цицаше и заспа и нема шанси да го разбудам. Страв ми е дека ова е многу малку за него. Или прееска - плаче за цицање, го ставам и врти со глава на сите страни, ја става раката на града. Со еден збор водевме борба Ама многу сум среќна и горда што сум упорна (смешно е, ама за мене ова е голем напредок, оти јас сум првак во откажување). Сега мора да одам, доколку имате некој совет, тука сум да учам од поискусни. А дотогаш повелете на здрава храна