@Jana06 @Kallias2 не мора да значи да биде целосно гола. Докторите велат доволно е рацете и лицето да се отскриени и се прима повторно витамин Д.
Баш гледав емисија со еден доктор, кажа дека треба да се седи на сонце околу 11h сабајле. Претходно и после тоа наводно не било ефикасно.
Се прима, да, ама мноогу малку и не е доволно за да ги задоволи дневните потреби на чивекот/детето ..
И мене ми е загатка колку треба да сме изложени колку примаме и за колку време се троши, всушност и немаме резерви на витамин Д. А за изложеноста, докторка Кристинка Пајаковска во една постара емисија баш така спомна, дека доволно било рацете и лицето да се на сонце за да се задоволат потребите во денот.и тоа половина час, до кај 11 часот и после 17 ч. и од март до октомври. Не знам што е точно.
Мене па мојава педијатарка тука во Гр така ми кажа, кога ми рече да и давам витамин Д и реков нели е доволно да ја изнесувам на сонце, ми вика, витаминот за да делува треба директно на тело да биде, преку облека е џабе, не продира ништо од сонцето, затоа се препорачува дополнително да се дава витамин Д.
Антоније ортопедот мене па ми рече дека најдобро е од 11 до 15 на сонце за да има ефект, но дека нели баш во тоа време и се препорачува да не се изложуваме на сонце. Затоа дека мора да земаме суплементи.
Женски, ова видео на прост начин ви доловува како иде млекото при доењето Не е смешка..жива вистина е Сега..вие сфатете која е свекрвата во целото видео [/QUOTE]
Женски ај малку просветлете ме прво бебенце ми е 6 дена старо,па ме интересира како им дававте да цицаат овој период до еден месец? На колку време и дали ги будевте ноќе? Фала ви многу сепак ми е прво бебе па не сум најнај упатена
Да е здраво и живо бебенцето. Давај цице колку што бара бебе. Колку почесто, толку подобро за да имаш повеќе млеко. Првите недели буквално бебе треба да виси на цицка. Ако се успива преку ден, остави го најмногу 2 часа па буди го за млекце. Ноќе ако не станува не го буди. Барем мене така ми велеше педијатар. Но убаво напредуваше моево. Доколку на контрола убаво напредува, немаш потреба од будење. Сепак консултација со Др. Ретко бебе преспива цела ноќ. Знај дека секогаш не плачат и бараат цице од глад. Често имаат грчеви, скокови им треба топлината и блискост. Сега е време да им ја дадеме.
Мене ми рекоа да не го будам воопшто. Кога ке побара тогаш. Освен ако има жолтица, тогаш на два часа задолжително. А бебињата бараат на 3 часа максимум, барем праксата така покажала.
Прво прашање на оваа тема, верувам ќе следуваат уште многу. Имам рамни брадавици, и секое влечење ми прави ужасна болка, а секаде читам доењето не смее да боли. Сега се разранети, ресести и преболни но упорно го ставам да цица. Зедов и силиконски па колку толку ги штити плус поубаво фаќа бебе, инаку се лизга од града. Во ваква ситуација, би имала ли корист и олеснување доколку земам пумпа? Каква е подобра електрична или рачна и што е разликата? Друго, многу ми е поспан преку ден, а ете резултатите од жолтица беа добри, но не плаче за јадење и тоа ме чуди... иако не добива многу дека денес допрва видов капнува по некоја капка. Како да го држам буден? Се мислам да го дохранувам плус вака ко за почеток, страв ми е да не опадне со килажа... Фала ви
Да почниме од крајот-не! Пробај исчитај по темава, штом сакаш да доиш треба да читаш и колку толку да имаш некоја претстава околу доењето, што го помага, што го загрозува. Дохрана како за почеток и на свооја рака не, сега се воспоставува лактација-млеко ќе имаш колку што бебе цица, а тоа значи ако даваш дохрана, нема да се создаде доволно млеко. Плус, има огромни шанси бебето да го засака шишето. Силиконските брадавици гледам на многу му се мала шала, а тие исто така можат да влијаат на лактација-градата не е директно стимулирана. Пробај да го поставуваш и без нив, верувај нема подобар механизам за извлекување на брадавица од самото бебе. Пред да му дадеш да цица, може малку да се измолзиш рачно или со пумпа, колку да се подизвлече малку. За пумпа, доволно ти е рачна обична, колку за стимулација првите 2 месеци да се измолзуваш повремено. Ако па си во можност купи си електрична, сепак е полесно. За да си сигурна дека бебето е најадено, треба само да броиш мочки, ништо друго. И столица да пратиш за почеток. Со лесно и читај, читај и читај во слободно време ( додека бебе е на цицка). Јас гледав и куп туторијали.
До 6 недели се буди дете навечер, т.е. му се нуди и навечер подој. Тоа е времето во кое се воспоставува лактацијата па превентивно се нуди подој за да се стимулира што повеќе млеко (навечер највеќе се стимулираат градите). Има бебиња кои од сам старт си спијат без будење и проблем, но додека тоа не ти се потврди од педијатар преку напредокот, не ги оставај градите без стимулација. Освен ако немаш проблем со хиперлактација. Преку ден доење на околу 2 - 2.5 часа или порано ако побара бебето. Навечер на 3 часа максимум.. се мисли од почеток на еден до почеток на друг подој! Дали само влечењето на брадавиците боли или целокупно доењето? Тоа што се разранети средувај го со мачкање на ланолин. Силиконските користи ги што помалку, т.е. гледај да ги тргнеш. Работи на фатот на бебето на града. Види мислења мои скоро постирав линкови за добар фат на града. Еве два ликови кои верувам ќе ти помогнат. https://ibconline.ca/the-asymmetric-latch/ https://www.lactation-911.com/how-to-asymmetrical-latch/ Немаш пишано колку е старо бебето. Тоа е важно од аспект на лактацијата. Пумпа не е препорачливо према она што го имаш пишано. Но други важни податоци се и дали добива формула, колку пати на ден, како е со килажа, и како е со пелени. Инаку и моето бебе беше испуштено со ОК резултати за жолтица, а недела и пол спиеше ко да имав кукла дома а не бебе. И беше како портокал (го гледам сега на слики).
Здраво на сите. Колку денови може да стои мајчино млеко во фрижидер, ако може некој да ми каже? Итно ми е.