Јас сум со бабица и не згрешив што ја земав ,исто во гер. Баш се наоѓа за се ,и за секакви прашања хаха
Женски вака,утре правиме една недела,имам млеко ама не е баш бело,и бебето кога цица после многу плаче,премногу дури,затоа мислев дека е гладно и земав дохрана ,почнав да давам цице по 5-6 мин од двете и после АД 60мл и го пие цело без проблем.Може ли да ми кажете како да намалам млеко во гради,затоа што џабе цицаме а плачеме без престан.Претходната вечер буквално од 21 часот до 12:15 на цице бевме и цабе.Му дадов АД дете како ново веднаш ,сега си спие по цел ден и не плаче.
А влече ли додека е на цице? Можеби брзо се уморува па само дреме... И моево се успива брзо па го будам го закачам за да се разбуди. Поспан ми е преку ден а ноќеска од 11 до 2 око не затвори, па плачеше и имаше гасови ептен. Не знам дали е можно од нешто што сум јадела да добил грчеви... се искака 2 пати во 3 саати... а од тогаш уште нема какано. Му дадов и јас на крај 40 мл ги испи и се комира до 6ипол утрово...
Влече ама не голта ,туку како цуцла да има фатено а не цицка,и моето исто плаче без престан ,дадам дохрана дете спие.
Само на доење сме и не знам дали да и давам чајче од шише, ми е страв да не ми се одбие. Или да и давам со лажичка.
Пред некој ден зедов пумпа за измолзување од chicco. Но, не ја употребив. Стои нова. Денес бев во аптека од кај што ја купив со фискална, но не сакаа да ја вратам и за тој износ да земам нешто друго. Изговор беше covid 19. Пумпата е нова и ако некоја мамичка е заинтересирана нека ме контактира во порака.
Не би купувала вага. Преоптеретување е. Секој ден ќе го мериш, па ќе се нервираш.. просекот треба да е 20-30 грама дневно. А една пелена тежи 70. Па дали мочано е измерено, дали не.. и нерви ќе кинеш за 10 грама. Затоа најубаво е на педијатар да се измери. И тоа на една недела барем. Да се види напредок. Затоа што секој ден мерење е жива нервоза и делува контрапродуктивно. Што значи, 7 дена по 20 грама - некаде за една недела би требало од 140-210 грама. 100 грама е ептен минимум и прифатливо доколку си на почеток на доење (првата недела - две). Зошто да даваш чај? Јас не би давала воопшто. Полн е шеќер и не дека помага за грчеви. Добра реклама има само. Млекото не е на почеток бело, затоа што не ни треба да е бело! Млекото на почетокот на подојот треба да е поводенесто, затоа што содржи поголема количина на вода и јаглехидрати со цел да се задоволи жедта кај бебето. Како што тече подојот, млекото се менува и станува побело и помасно. Тоа што го држиш бебето одредено време на града (5-6 мин) не е во ред, бидејќи ти му диктираш на бебето кога подојот е завршен а може бебето не е готово со цицање од таа града. Особено ако подојот е прекратен порано и бебето го има добиено само "предмлекото" - тоа воденестото. Затоа пред да го смениш на другата града, треба да оставиш бебето да ја заврши првата. Т.е. да го прекине подојот самото. Тогаш се нуди втората града. И се остава бебето да цица колку сака. Нека се тоа 40 минути. Нормално дека да виси на цицка, новороденче е. Кога давате формула, и најадено бебе ќе ја испие. Па ќе бљуцка после. Или не. Сите бебиња спијат после формула. Тоа е затоа што формулата е тешка за варење, и на некој начин има ефект како да ги зашеметува бебињата. И после им треба време до следен подој да се обработи формулата (која се обработува 3 часа, а мајчино млеко поминува низ желудник и црева само после 40 минути) па спијат и ви делуваат задоволни. НО, со давање формула, пропуштате стимулација на градите, со тоа се намалува млекото и влегувате во тој зачаран круг... Кај новороденче не е важно колку плаче, (сега не да не може да се смири), ниту дали прифаќа адаптирано (сите прифаќаат особено од шише ако му се даде кренато на екс)... Важна е само вагата и the diaper output! 5-6 мочани пелени и 3-4 какани во 24 часа. Каката да е златно жолта боја, и со големина на кругот што го правите со палецот и показалецот од раката. Пак ќе кажам, пред давање формула на своја рака и сл., контактирајте со здруженија кои се во секое време тука за поддршка, доаѓаат дури дома кај вас, (за тие што сте во Германија)... не се откажувајте толку лесно ако сте сакале да доите.
Уште нешто сакам да пишам и да потенцирам. Не велам дека секоја од вас ќе успее да дои. И тоа е сосема ок. Но, доколку сакате да доите, верувајте дека е најдобро да дадете сѐ од себе, па ако не успее, ќе бидете со мирна душа дека сте пробале и сте направиле сѐ за да успее, но нели со сила убавина не бива. Значи некои од вас ќе треба да дохрануваат со формула. Некои ќе останат само на формула. Некои ќе треба да дохрануваат само недела дена. Некои воопшто не мора да дохрануваат. Но пред да се даде формула, има толку начини да се осигура доење. Пред сѐ со молзење па давање на ваше млеко. Но секој план е индивидуален и зависи од доилката и бебето. Секогаш се стартува само со доење. Секако, со внимателно набљудување на бебето дали моча и кака. Ако нешто не оди, мајката секако дека реагира. Па се прави план како да реагира. Што да направи. Како да го направи тоа. Некои бебиња сакаат цицка после шише. Некои после два три пати пиење од шише ќе одбијат цицка. Значи секој случај е индивидуален, и треба посебно да се разгледа. Многу фактори се во игра. Но, ако сакате да доите, мора од сам старт да се даде турбо шанса на доењето. Одморни, јадете добро, хидрирајте се колку ви бара душата, ни повеќе ни помалку. Бебе на цицка кога и да посака. 24/7. Компресии, компресии, компресии. На секој подој. Навечер будете за доење на 2.5 - 3 часа. И пак ќе речам. Гледајте пелени. Одма ќе се покаже ако нешто не е ок. И ако не е, барајте помош најбрзо што можете. Ама побарајте од консултант, од IBCLC, од правилни места.
Ние сме скоро 6 месеци, се доиме и еве сега оброк воведовме. Ноќеска ми се направила грутка во едната града, на таа кај што фатив мастит на почетокот на доење. Значи не сфаќам зошто, не ми се преполнуваат градите одамна, имаме воспоставено лактација. Дали сум лежела незгодно, не знам зошто ми се појави ова. Ќе ставам топли облоги, ќе масирам и еве ќе форсирам повеќе да цица на нејзе бебе, ама страв ми е да не кренам тт. Мада нема логика да кренам кога не ми се преполнуваат градите. А и што знам, може и има шанса да кренам. Има некоја искуство вакво?
И мене ми се појави грутка а не ми беа преполни градите, веројатно се прават грутки од некоја положба. Сега кога спомна, и мене ми текна дека сабајле кога станав имав грутка, ова некаде околу 5 6 месец беше. Масирај под топол туш, нека цица бебе на таа страна, јас масирав и пред подој. Маститот нема врска со грутка, јас немав мастит а неколку пати имав грутки.
Ајде и јас со 0 искуство во доење да споделам што сум прочитала па можеби ќе помогнам. Освен што ќе топлиш да се ослободат патиштата, гледај да го поставиш бебе во положба, со долната вилица над местото кај што е грутката. Имено, најсилно извлекувале со долната усничка, па така ќе си помогнеш полесно да се разбие згрутчувањето. Поздрав
Заради воведениот оброк ти се направила. Еве и мене,претходнава недела воведов трет оброк (нели со оброк скокаш подој) и градава што ми произведува повеќе млеко беше цела со грутки, немав болка ги приметив на туширање ( вечерта) . Па со топла вода туширав и истовремено правев масажи и се одмолзував. Малку ми олесни,после му дадов на бебе да цица и се среди. Претпоставувам таа града сме ја скокнале кога дошло време за вечера, па затоа се преполнила. На телото му треба време да се навикне на цврстата храна на бебето
Ова не сум го знаела, ама кај мене не би можело да се примени. Грутка имав на десна града од десна страна, поточно делот накај пазувот. Никогаш не сум доела бо таа положба, не ми е згодно. Ама убаво е да се знае.
Мене кога ми се направи грутка немав воведено оброк, пробуваше вкусови, ама по неколку лажички и доењето не беше изместено. Кога почнав да скокам подои ми се преполнуваа градите, грутки немав.
Таа положба баш Football position (кај што му ја држиш главата ко фудбалска топка под пазув) ми ја препорачаа во болницата и најлесно се поставува со помош на перница за доење, во спротивно е доста неудобна
А не може тоа, грутката е баш горе, треба да го превртам со главата наопаку . Сепак фала ти . @Sofi.ja еве 2 пати од сабајле цица само на нејзе, ќе масирам колку можам и ќе ставам топло, многу е умно бебево не ми дава да мрднам без него.. Па ќе правам туш кога ќе дојде татко му, ваљда ќе се среди. Уплав имам од тие грутки
Мене не ми е згодно да се наместам така. Перница за доење не купив, за класична поза за доење не е потребна. Да да, ми текна одма на позата, мене лично не ми е згодна таа поза. Јас дојам само во кчасична поза за доење, не знам како се вика. Неколку пати доев легната, ама преку ден, ми е страв да не се успијам навечер.
@MilaSs12 мислам дека се викаше позиција лулка (cradle). За грутките убаво си пишавте, и се случуваат и понатаму во доењето. Ама ретко доведуваат до маститис. Може лошо спиење па се затнало некое каналче, или некоја мала промена во исхраната и корекција на количината... Масирајте ама многу нежно, топла облога и бебе нека влече. Не му се плашете многу, иако има шанси да се развие во маститис, многу ретко се случува тоа во овој период од лактацијата. Инаку за доење и скокање подои, јас тоа не го правам. Ниту за првото бебе го правев, ниту за ова. Буквално давам да цица и одма после јадење оброк. Ако сака бебето, нели. А најчесто сака да цицне малце, да се освежи. Бидејќи тоа е доење на барање кое би требало да трае до 12 месеци. На тој начин не скокам драстично подој, не гледам на саат, сега демек 2 саати не треба да цица или сл. А со нескокање драстично подој, туку со многу помала стимулација телото постепено се навикнува да ја коригира количината. Затоа што бебето само во тоа време после јадење не цица многу. Моето пример ќе цицне и ќе заспие. И со тек на време лактацијата ќе се прилагоди према новонастанатата ситуација со дохраната. Тоа е тоа постепено преоѓање од доење на немлечна дохрана. Истото понатаму и за одбивање. Одбивањето е најдобро да трае што подолг период. Не дека не може поинаку. Пишувам што е најбезбедно. Градациско намалување на подои за да се прилагоди телото на тоа. И за бебето/детето е добро, и за мајката бидејќи нема скок / пад на хормоните, кој не ретко делува на психичката состојба на мајката. Забегав до одбивање.. ама ме разбирате што сакав да кажам..
Потполно исто, синко цица кога сака и колку сака. Се случувало да изеде 200 гр па да сака да цица, се случува и да цицне само, да згаси жед. И ноќните подои не му ги кратам, завчера заспа во 8 и спиеше до 7, денски една дремка имаше само. Стана на цица 5 пати. Добро е што те има на форумот, само тоа можам да кажам. Јас доста читав за доење, ама од старт фати синко, одлично напредуваше и немав потреба да навлегувам темелно во темата правилно доење. Те читам редовно и памтам се што ке кажеш. За нареден пат ке знам повеќе, а и ако некоја мајка има проблем ке можам да понудам подобар совет.