A јас па се плашам после оброк да му дадам да цица,неколку пати се случи да му дадам набрзо по јадењето,ни 30мин не поминато и ми поврати и од тогаш пазам. А ми бара, после доручек за да дремне, некогаш ќе го држам буден бар еден саат за да му дадам да цица да си заспие
@MilaSs12 среќна сум ако успееме да сме сѐ повеќе мајки кои успешно би биле како Митбастерс за доење. Да побиеме митови кои во МК останале да ги плашат мајките за доење, да ги прават да се сѐ понесигурни.. а за тоа треба време и трпение. Секогаш тргам од себе. Да не беше ќерката против шишиња и да не ме "примораше" да дојам, сигурно немаше да бидам ова што сум денес. Затоа што немав поддршка од околината со точни, up to date факти, и имам дури на форумов пишувано како сум запрепастена од тоа што нема "универзален прирачник за бебиња" кој мислев дека ќе ми е доделен после породување. ) Шала на страна, стресно е, тажно е. Секаде се лепат флаери дека доењето е најдоброто за вашето бебе, и мајките сакаат да дојат. Но, кога ќе дојде време за поддршка, никаде ја нема. Зборувам за поддршка кај оние мајки кои успешно би доеле но биле уплашени за бебето дали е гладно (а сите сме на почетокот) па дале формула, затоа што и на педијатрите (да бидеме искрени) им е полесно бебето да напредува отколку да се мачат со мајката и бебето да работат. Пишав дека секој пар е индивидуален. Ама формулата е универзална, нели.. Easy way out. Колку мајки не можат да поднесат жени кои дојат затоа што тие самите не успеале и се чувствуваат дека "потфрлиле" па по пат на одбранбен механизам се поостри во муабети за доење и се убедени дека бебето ќе им гладувало од доење и сл. Не ги напаѓам овие мајки. Би ги изгушкала најсилно на светот. Затоа што мајка која ќе знае дека не може да го дои бебето и тоа е тоа, таа е помирена. Не напаѓа доилки. Не се кара дека Fed is best. И знае дека направила сѐ за да успее. Ама тоа е тоа. А мајка која се обвинува потајно, не е на чисто. Затоа со второво направив сѐ што можев. Отидов до таму да испитам тироида, да направам ехо на градите.. да видам дали е до мене. Затоа што знаев дека ако не успееме, единствен начин на кој ќе се помирев е да најдам причина зошто е тоа така. Некој ќе рече фанатик. Ама јас би се нарекла жена која беше свесна дека недоењето нема да ги прифати убаво. А нѐ има такви многу. Па секоја од вас што би успеала нешто да земе со себе од моите искуства на темава, ме радува како да сум успеала со мое бебе. Затоа што знам дека би сакала да имав некој кој ќе ме упати каде да читам, каде да барам информации. Или некој на кој можам да му се изнаплачам за сите маки поврзани со доењето. Затоа што знаеме сите дека не е само цвеќиња и пеперутки и љубов. Ви се изнапишав пак, леле се осеќам и досадна на темава, некогаш си викам дал да пишам, на луѓево им прекиснав. Ама па си велам, на еден да му е од помош пишанката, вреди. А и има игнор, нели.
Ете јас имам огромен проблем, сакам да дојам, млеко имам а син ми заспива на града, борба 3 будењето... Ми се чини дека цел ден е на града си спие си повлекува и се така, и пак гладен и завршуваме со АД... Незнам шо не пробав, го буцксм, го скубам џабе... А убаво си фаќа и града и шише, нема гајле...
Сепак викаш гладен е. Да пробаш секогаш кога е гладен цице да нудиш, наместо ад. Ќе сфати дека нема избор и тоа е единствен оброк.
Нудам, верувај по цел ден сум гола и тој е на града, почнува да се нервира, да се мава со рачињата и затоа давам АД... немам памет веќе... Никаков ред на јадење немаме...
Душиче. Не знам зошто така. Да го слушаш дали голта убаво или не ја фаќа убаво градата и само шмука на празно. Чудно е цел ден да цица и да не е најаден. Има некој проблем. Дали пиеш доволно течности? Во која позиција доиш? Смени му позиција, расоблечи го по боди само, смени ја собата. Не знам стварно може некоја поискусна повеќе ќе помогне.
Мајки бебе после цицање поврати малку. Дали е нормално тоа? Вчера бевме на педијатар, го прегледа и рече дека е супер. За 4 дена кренал синко 200 гр.
И мојот е ист, цица 5мин па заспива, морам да го ставам во креветче да се разбуди, па ајде пак на цицање.
Колку е старо бебето и како се пелените и напредокот? На почеток многу е нормално и очекувано бебе да кисне на цицка..компресии при подој за да му дојде повеќе млеко. Ќенкање не е доволна причина за давање формула. Ред нема да имате уште некое време ако е новороденче. Не ни треба да имате! Нормално е. Сѐ додека напредокот е како што пиша, нека бљуцка колку сака. )) --- Еве нешто што верувам ќе ве мотивира и информира: 8 грешки што ги прават мајките на новороденчиња во поглед на доењето https://themilkmeg.com/8-biggest-mistakes-new-breastfeeding-mothers-make/
Јас не знам што да правам, давајте совет. Денес бебево од 5 саат не спиеше, цело време на цицка, и дохрана му дадов два пати по 30мл. Тек во 15ч заспа и одвај го разбудив. Цицаше 10мин и еве пак заспа. И вчера кога го избањавме се успа, а претходно денот малку спиеше. Од педијатар е кажано повеќе од 3ч да не седи без јадење ама абер нема од будење. Што и да му правиш не се буди. И кога цица, цица на рати, 5/10мин и заспива, па мора во креветче да го ставам да се подразбуди и да продолжиме. Не знам што да правам...
Бебево има 25 дена, пелени полни редовно, на килажа досега има кренато 1кг и 100 грама, мислам дека се е ок само што неможеме АД да исфрлиме...
Многу сум и благодарна на @Kaetana, пошо беше тука за мене кога бев целата во прашалници, бебе не ми качуваше доволно тежина според кривите на СЗО, матична и други педијатри ми запнуваа за АД, а од мене млекце тече нонстоп , таа ми даде поддршка огромна и еве веќе мали 8 ипол месеци е на ексклузивно доење, без грам АД даден, освен во болница додека ми надојде млеко. И 8 месеци цицаме со силиконски брадавки, но битно цицаме. Може слободно да стане сертифициран советник за лактација. You go girl!
Мајки здраво, За полесно какање на бебето каква храна вие конзумирате. Ние сме 1 месец и супер си бевме со доење и полнење пелени, но почна да не кака. Јас јадам ленено семе, суви сливи, кајсии значи се што има лаксативно дејство и пак не можеме. Ако можете споделете искуство што конзумирате. Благодарам
Мајки бебето ми е 8 дена старо и се буди само на 4 саата за јадење уште од сам старт...Да не е многу време или ?
Многу е. И Каетана горе пишуваше и мене педијаторот ми рече да го будам на почеток за цицање/дохрана. Не ни спиел повеќе од 2 саати ама и да спиел ќе сум го будела на максимум 3 саати.
И јас мислам дека е многу. Мојава исто така спиеше по 3 или 4 часа и морав да ја будам инаку ќе спие уште. Ќе ја размрдував полека или ќе почнам да и менувам пелена и ќе се разбуди. Мене педијатар ми рече да цица на 2 саати, можно е да има физиолошка жолтица и затоа да е успано па мораш да го будиш.