После две ипол години доење еве конечно се одби 3 дена како не цица и да знаев дека вака лесно ќе биде одамна би го одбила. Ем по раат спие ем повеќе ми јаде. Првата ноќ спиеше кај мајка ми и плачел,втората со мм спиеше а еве синоќа цела нок ја преспа без да се буди Ич не бара да цица
Мајки, ја дојам ќеркичката веќе 1 година, проверив шеќер (онака без некоја причина, им проверуваат на блиски дома, па ајде и мене) и на гладно сабајле 9.5 ништо немав јадено од 9 вчера. Мислење , дали имала некоја слично? А секако дека ќе напрам контролно..
Дали можеби вечерта си јадела благо, јаглехидрати? Осети некои симптоми инаку? Нека кажат стручни на оваа тематика дали има врска со доење нешто
ајде мајки мислење стари сме 13 дена...родилна тежина ни е 3580 е сега само на доење сме...бевме пред 3 дена во здраво беше 3580 денес пак отидовме заради контрола на папочето го измерија 3570 ајде рече докторката да мериме подој...цицаше пола саат и кога го мери само 5 гр. имаше кренато...ми рече да му давам вештачко плус доењето...што да правам сега му направив 35 ml вештачко си го испи
Покасно после 2часа од јадење мерев и 5.0 ми излезе, најнормално. Не знам зошто сабајле ми беше висок, а сигурно не е од храна. Во ред е битно. Ќе пратам ситуација и понатаму.
Истото ни се случи. На првата контрола беше паднат 10гр. Продолживме со ад, но јас почнав малку поупорно да го дојам. Ако заспие будење, на секое плачење прво цице нудев, сменив исхрана од здрава се префрлив на теста, житарки, компир, ориз и сл. и полека почна да качува, 2 прегледи покасно имаше качено 300гр за една недела. Почнав полека да намалувам ад и по кратко скроз исфрливме. Не се секирај, само упорност и трпение
Жени, утре со Ла Лече ќе имаме состанок онлајн. Бидејќи ќе е онлајн, можете да присуствувате и вие што не сте во Германија. Состанокот ќе е на англиски. Ако има заинтересирани пишете ми порака. Е сега, тоа би значело разоткривање на идентитет. Ама со оглед на тоа што веќе со некои од вас се знам, ако на некој не му е проблем, повелете. Имам уствари друга идеја. Дали може да замолам некој од форумот да му оставам адреса каде треба да се пријавите денес, па тој да ви ја даде во лична порака.. да не оставам јавно адреса од мојата лидерка? Бидејќи за учество на состанокот ќе треба да се пополни еден документ (тука има закон за заштита на податоци, а лидерката дава месечен извештај колку мајки биле на состанокот на здружението, па треба да дадете согласност). @RainBow ? @danichap ? Би се нафатиле? Состанокот е од 10 утре онлајн на Microsoft Times платформата. Нема потреба од ништо, добивате линк, се логирате како гостин и тоа е тоа. Темата е за партнерите во семејството но секогаш сме надвор од темата да се сослушаат проблемите на сите присутни на состанокот. Само овој пат мислам дека ќе е онлајн, од следниот месец ваљда ќе се вртиме во живо. Пишете ако има заинтересирани. Или ако има некоја која би сакала да преземе одговорност да му дадам меил адреса да ја даде на членките тука. Од моја страна дискреција е загарантирана. ))
Адресата ја пратив на @RainBow па ако некоја од вас случајно учествува утре, нема да знам кои сте. Фала Реин.
Учествува се мисли на активно, или пасивно како следач на дискусијата? Баш ми е криво што нема да можам. Можеби ако има следен пат. Ако не ти е тешко, сподели некои поенти од разговорот потоа.
Минимум е само да се претставиш на луѓето што се на состанокот. И на крај да се збогуваш на некој начин (правиме рунда со прашање "what will you take with you from this meeting"). Колку ќе си дел од дискусијата зависи од тебе. Можеш многу, можеш ич. Поентата е mother to mother support - споделуваме искуства, совети дава лидерот... обично има теми на состаноците, но секако се оди и надвор од темите, затоа што има мајки со новородени, а има мајки кои се интересираат за одбивање на бебиња од доење. Па муабетите варираат према учесниците на состаноците. Обично се работи со конкретни проблеми и со мајки кои во моментот се борат со некој проблем.
Колку е далеку Германија. Кај нас сестри во болница крадат памперси и адаптирано млеко. Браво за @Kaetana
Компресии при доење, будење со менување пелена макар и да не треба да му се смени. Не знам колку е старо. Расоблечи го голо, стави го на тебе. Мораш да инсистираш да се буди. И за тебе и за НанаМал: Зошто не се молзите и да давате ваше млеко туку давате АД? Кај тебе пеперутки ќе ти зголеми лактација, а ти Нана имаше пишано дека млеко имаш.. Молзете се, пример после подојот сега, па ќе го дадете после следниот. На собна температура млекото може да седи 3 саати. Еднаш да поминат 4 саати ајде. Ама цело време на 4 саати се едвај 6 подои. Малце е. Може не за бебето но за лактацијата. Пробај исто техники разголување, пелена, галење, ... Чекај малце. Бебето на 13 дена има вратено родилна тежина и е само на доење?? И докторката ти мереше подој и на база на само еден подој и стагнација од 3 дена ти рече да даваш вештачко? Не да даваш молзено, туку вештачко? Ме сфаќате сега што ми е муабетот? Со молзење стимулираш повеќе млеко. Давање на формула е скокање на подој и е особено контрапродуктивна метода ако докторката мислела дека немаш доволна млеко. Како ќе го зголемиш млекото без стимулација.. ? Ако бебето било на доење и има вратени родилна до 13 дена, (не знам колку паднало) тогаш тоа е во рамките на нормата и е супер. Ама ова е претпоставка бидејќи немаш пишано колку паднало и како кренало и дали било само на цицка и како се пелените.
Аха, јас погрешно сфатив дека ти и консултантот сте соговорници, а останатите повеќе ко набљудувачи. Значи сите се учесници кој помалку кој повеќе. Многу интересно звучи. Утре не сум дома, ама се надевам на некој следен пат. Анонимна не сум па тоа ништо не ми значи. Како и да е, убав и продуктивен состанок да си имаш/те.
Фала. Патем, да нагласам: Состаноците се за СИТЕ мајки - мајки кои дојат, мајки кои дојат и даваат плус формула, мајки кои се молзат и дојат.. значи сите мајки. Да не си речете секта некоја на жени со цицки надвор. Иако има жени со цицки надвор. ) Поентата е (покрај стручни совети и поддршка) да ти дојде душа на место дека не си сам во сето ова. Дека има некоја која го поминува истото или го поминала. Па да те охрабри малце дека сѐ ќе биде супер.
Малку заспав додека спие бебето, се разбудив десната страна цела мокра од што ми течело млеко. Се измив се средив стана бебето од левата цицаше од десната не сакаше.многу поврати се плашам дали доволно е нахранета...