На првата контрола откако не отпуштија од болница имаше паднато 10гр., а на града беше по цел ден и плус 8 пати дохрана. Значи гладен не бил 100%. После полека почна да качува и стигнавме до 1кг за 3 недели. Така да, мислам дека треба време што би рекла јас 'да земе залет'.
Кога отприлика се воспоставува посакуваната лактација, хармонијата меѓу побарувачка и понуда? Секогаш ли градите ќе стануваат тврди и болни кога се полни?
^ И мене ме интересира истово прашање и + од кога ќе може да не го будам бебе на секои 2часа навечер за доење? Зошто ако не го разбудам мислам дека ќе си спие поише 2 недели е синко
Со првото направив грешка и бев неискусна, и многу бргу се пткажав од доењето. Има разранети брадавици слабо млеко на почеток и со цуцла се научи... и едноставно не цицаше...се ушре си префрлам. Сега со ова бебе ги имав истите проблеми, ама не попуштив. Крв течеше 3недели од брадавици, давав ад со шприц, одмолзував на 2ч за да дојде побргу млеко...и кај мене првите 2нњдели малку стави. Ама бев упорна и успеавме... исто беше и @NNK19. Никој нема да те осуди и никој нема да размислува зошто не доиш... но размисли си ти дали после некое време нњма да се каеш, затоа што јас се каев за првото многу. А во овој форум мајките се трудат на секој да му помогнат за доење и за секакви др работи. Затоа секој го прави својот избор, сега некогаш неможе да се дои и едноставно тоа е што е. И никој никого не тера насила.
Ако нема жолтица ноќе на 3-4часа а потоа само ќе станува.обично околу 2месец оставаш само да стане. Уживате на цице? Весели сте? Мама сигурно, а и бебушот
Охоо даа и тоа колку мама е сега друга мама а и бебе си осеќа А жолтица ко што јас гледам нема више исчитен ми е некако. Преку ден како алармче си станува на 2 саати ама навечер стварно ќе спие поише па си викам да се научи да се буди на два саати после тешко мене
Бебе постојано ке менува, соочи се со тоа. Некогаш ке фатите ред и таман мислиш дека одлично ке функционирате така, бебуш ке смени. Јас на синко не ни пробав да му воведам ред, тераме како сака тој.
Епа мамичке остави го да спие подолго ноќе. Секако кога и да бидеш до него ќе мирисаш на млекце и ќе те бара. Ноќе кај мене кога спие на спалната успева да се влече до кај мене и се пика во мене и кенка на 2-3ч се буди по малку цица 5минути и продолжува. Некогаш бара повеќе, сега го оставам да диригира како сака. Кога сака од 2гради кога сака само да угаси жед. Опушти се и уживај. Баш ме релаксира доењето. Па сега почнува да се смешка се топам
Ее од една страна знам, ама од друга страна ќере од 2месеци (на доење +ад беше) спиеше цела ноќ и еве ја 3,5години и уште си го има редот за спиење и спие по цела ноќ Леле леле јас па го оставам цело време до мене да спие не го ставам ич во креветче. А си викам нема да го учам со мене на спална. Така првото си го научив уште од прв ден во креветче и немаше попуштање. Ама ова дека цица па мене ми е полесно да не станувам на секое
Синко е 11+ и уште нема фиксен ред. Еден ден ке заспие во 9 и ке стане во 6, за недела дена свртел од 11 до 9. Цица од еднаш до три пати во просек во тек на една ноќ.
Денес бевме на прва контрола... за 8 дена има качено 260 гр. Просек 32гр на ден. Бебето е на цицање и дохрана 3-4 пати на ден. Дали добро напреднува?
35 грама дневно е горна граница на качување на тежина. Според мене ако ја надмине таа би отфрлила адаптирано постепено. Што ти кажа педијатарот?
Кај мене после два и пол месеци. После веќе не болеа кога се полнеа, омекнаа. Сега после 12 месеци доење пак знаат понекогаш да здоболат на полнење ама ретко.
Ако качува убаво на килажа можеш да го оставиш и три часа да спие. Нашиот педијатар како што напредуваше бебето (а напредуваше многу со килажа) не советуваше постепено од 2 на 2 и пол, па на 3 часа и на крај стигнавме до тоа да го оставиме да спие се дури сам не стане. До вториот месец имав исклучено аларми навечер. Ама си беше голем јадач
Ne gi budev nikogas za cicanje, sube mi bese malku,pa proveruvav dali dise(ova za vtoroto i tretoto, prvoto ne e spiese)! Super si cicaat i napreduvaat,ne se sekiraj,ako e gladno ke stane!
Јас почнав да ја дојам така уште кога немаше полн месец. Но претежно ноќе, си лежи до мене и цица, премногу лесно се будам и додека не се нацица и пушти не заспивам, бар до сега. И преку ден цица така кога треба да спие, полесно заспива не ја гњавам и не и е топло така.
Со првото дете имам уште трауми од тоа што ми рекоа дека детето е гладно и не напредува. Сега кога отидов на преглед бев многу испаничена затоа што незнаев дали ова комбинирано хранење ќе му е доволно. Др. ми рече дека се е во ред ама незнаев дали тоа ми го кажа колку да ме смири или навистина е така.