На мајчиното прават така. АД давам само еднаш во денот, и тоа не секогаш. Најверојатно е скок, се надевам дека ќе помине за брзо.
Нормално е. Немаме иста количина на ткиво со жлезди на двете гради. Нормално е и едната да може да произведе повеќе млеко од другата. А големината на градите нема врска со жлездено туку со масно ткиво. Сѐ е ок. Веројатно е некој скок. Сѐ додека полнат пелени како претходно, и после се покаже дека напредуваат ок, немаш потреба од формула. Прави компресии при доење да им помогнеш. И внимавај со шише и доење да не почнат да протестираат на града заради давање на шише.
Веројатно е некој скок. Сѐ додека полнат пелени како претходно, и после се покаже дека напредуваат ок, немаш потреба од формула. Прави компресии при доење да им помогнеш. И внимавај со шише и доење да не почнат да протестираат на града заради давање на шише.[/QUOTE] Пијат од шише бидејќи беа родени под 2 кг и немаа сила да цицаат од града. Постепено почнавме и да цицаме по малку, но не довплно за да се најадат. Форсирам града скоро на секој оброк, сакаат да цицаат, дури цицаат и по 20 мин. Еве денес сме малку подобри, дај боже да е период и да проаѓа веќе.
На моево девојче рацете цело време и се во уста а и многу се лигави. Деновиве нон стоп дури ги гризе она нерозно, па ќе и залетне ќе поврати. Исто и играчките што и го давам ги гризе. Дали е можно да ја чешаат жлебинките уште сега? 3 месеци и една недела полна сме Деновиве не спие воопшто преку ден едвај 2 часа од утро до вечер. Барем ноќите засега ги преспива. Мислам дека сме во некој скок, одбива цице па сака цице, па кенка, демек заспива ја оставаш станува и така во круг....
Можно е. Ќере ми извади прво запче на 4 месеци. А за спиењето можно е да е скок. Колку што знам на 3 месеци има скок, нека ме поправи некој ако грешам
Ќе видиме што ќе излезе. Или е запче или оваа мојава е лигавка голема. Има скок и тоа трае цел месец скоро. Ако рачунам по термин би требало утре да ја почнеме 17 - та недела а според раѓање 15 та.
Колку треба да има растојание меѓу два оброци при доење ако бебе е будно? Има ли некое мерило? Ние сме месец навечер спие 2 до 3 часа и стснува за доење и пак заспива.. Дење кога е буден цица пример 15 20 мин и за пола сат почнува дс зинува и да кенка до саат ќе издржи и толлу сака да цица..
Пре мама имав јсс купено 3 месец клга бев бремена и ми остана цела кутија бидеќи се префрлив на фемибион.. Сега имсме еден месец со бебе и ги пијам фемибион 2 бидеќи ми останаа.. Сега кога ќе ги допијам сакам да ги испијам и премама да не ми остснат с истиот состав е..
Ааааааа толку добро а? Ќе биде забавно значи. И мојата веќе мезец дена е се со рацете во уста, цела тупаница, прсти бута, па како што кажа и @srce-9 сама си предизвикува да се закусне и да поврати или да се закашла онака страшно дури мислиш се дави За 9 дена ќе полни 4 месеци инаку мојата. Ајде кога ќе излезе нека излезе забче, здрави и живи, кај секое детенце е различно
Дефинитивно кај сите различно. Деновиве е особено раздразлив и многу повеќе бара да цица, си седиме на земја и се врти се пика во мене и отвара уста, лежиме на спална и ми ја трга прерамката од маичката и отвара уста.. Така што овој пат можеби стварно ќе ни блесне запче зашто имам читано се случува повеќе да цицаат тој период.
Нема мерило, ова што го кажуваш е сосема нормално, се случуваше и се уште се случува и кај нас. Она што е важно е да му дадеш кога и да побара. Само тоа е филозофијата
И двете деца така се лигавеа од 3ти месец па сее до 7ми кога им израсна првото забче. На малецкава и израснаа две забчиња оддеднаш на 7 месеци , а сега е 10 месеци и за двете горни абер нема.
8ми ден немам пиено кафе Ептен ми се пие,а бебе цица на пола саат Дали смеам да се напијам? Пиете ли? Ако се напијам максимум што може да не бара цице е само 1 час