@Kaetana 3 месеци сме, 5590 последната контрола, во вторникот ја измери 5570 а во петокот 5590, 630 грама качи за еден месец, многу зајдува. Вчера два пати зајде после цицање и дадов ад се смири . Заспа после цицање и по 15 мин почна да пишти и цела помодрува
@lavinija28 продолжи и понатаму како досега. Особено ако бебето си продолжи со исто темпо, ич нема што да му ја мислиш. Инаку, благодарам @Chuchanov 630 за еден месец не се воопшто лоша бројка. Тоа се просек 20 грама дневно што е во рамките на нормата. Со формула сите бебиња се смируваат, едно е начинот на кој на пијат, второ е составот во прашање. Да не сте вие во скокот каде што одбива да цица? Какви ви се ноќните подои? Тие би требало да се ефективни.
Она цица немам мака од тоа јас кога сака и давам дури некогаш претерува на пола саат бара. Ноќните подои ни се скратени порано стануваше на секој саат сега два пати максимум. Еве сношти цицаше во 9 стана во 5 дури за цицање, па во 6 ипол во 8 и сега спие. Сум пробала и да ја будам ноќе не сака да цица полошо направив сум ја ставала во сон на цицка исто не сака. Кога станува така по долго спиење се засркнува од што многу е брза. Да во трет скок сме и предходно ми правеше така со зајдување и давав по малку чај за да ја смирам
Ако сакаш прати ми во порака мерења па ќе видиме како оди. Иако мислам дека немаш никаков простор за нервоза. Ќерката во нејзини "добри" денови (првите три месеци) напредуваше по 600 - 700..
@Kaetana честитки за профилот, браво за идејата и реализацијата, ќе им бидеш од голема помош на многу млади мајки
Бебето е 4 месеци. Во третиот месец качи 700гр, а сега во четврти за 3 недели има качено 550гр и од тогаш стагнира. Да напоменам дека го мерам на дигитална домашна вага, застанувам со него, па без него ама еве цела недела е 6.9кг и не мрда. Внимавам на исхраната ама многу кака, по 3-5 пати на ден и доста ја полни пелената да речеме некои 2/3 од пелената е полна и има многу слуз. Понекогаш е и зелена каката. Се слушнав со докторката бидејќи е на одмор и ми рече дека не е пролив, да зголемам пробиотик и дека ќе се среди. Малку сум очајна зашто се гледа дека не треба вака да биде, мака ми е дека од моето млеко ова му се случува, една вечер од очај за малку да отидам во аптека по ад. Не знам веќе ни што да јадам, ни дали е паметно да го дојам, аман веќе и од грчевите. Јадев грашок и одма вечерта зелено какаше со плачење. А и ова дека не качува на килажа не знам дали е во ред. Ептен, ептен сум несигурна во себе и си плачам секој ден со него.
Не се сомневај во себе мајка..еве ние со Ад па исто и јас мерам и за 2 недели има качено 600гр. И од тогаш една недела стагнира а не е какач мојов најмбогу два пати кака во ден само помалку млеко пие еве две недели скоро..ваљда е до скокот јас не му се секирам па не е ова свиња па да го гоиме неможи секогаш исто да се развиваат..запази колку нови работи има научено во овие 3 недели значи потрошил некаде на друго место не му е се во килажа..а и сигурно е издолжен..измери му должина ќе видиш
Баш ми е жал Јана што вака се чувствуваш. Се надоврзувам баш вчера разговарав со другарка, бебе и има 6мес. И она истиов проблем како тебе го има. Девојчево костур се напрај се исуши ништо не јадеше до 4-5 месеци. Буквално ориз компир месо и толку. Знам дека тука се пишуваше дека не е докажано грччевите дека се од храната што ја јадеме..ама еве девојчево вика а касне грашок, леќа, салата краставица дека има голем проблем и трчаат по болници. Сето ова траело до 6мес додека не му вовела храна и намалила подои. Она не пробала со АД затоа што педијатарот и рекол ако можеш биди на диета и ете некако издржала ...како ни сама не знае. Ист случај како тебе ми е па затоа ти споделив
И јас исто, на прсти се броеја намирниците што ги јадев само јас се здебелив дека проблеми со инсулинот имам. Читав и јас дека не е докажано за исхраната ама која мака ја видовме... Ми спомна докторката од 5ти месец да почнеме со дохрана, па ќе видиме. Проблемот ми е што ми се ствара одбивност кон моето млеко и се мразам кога плаче од грчеви. Многу лошо, ептен сум истрауматизирана.
Ако полни пелени, нема за што да се грижиш. Бебе треба да е весело, да покажува знаци дека се развива и учи нови работи. Не да качува килажа како на норма. Плус се мерите заедно, ти варираш во килажа, оди во веце, облека, итн. Сакам да кажам, вагата не е точна до грам. А и многу пати има пишано @Kaetana дека качување килажа не е линеарно, може две недели да не качи ни грам. Килажа затоа се мери еднаш месечно. Плус веројатно скокот во 4 со не цицање ве фатил.
Нема зошто да се мразиш и така да размислуваш. Еве девојчевп лога зборевме лабава си беше. Вика такво е бебето и тоа е се навикнав. Па сега си враќа килажа лека полека затоа што се среди. Веројатно кај некои бебиња полесно кај некои потешко. Не се разбирам многу ама ако си е до бебето и ако нема влијание храна тогаш и со ад ќе има грчеви. Крај краева пробај не верувам дека од 1 -2 шише пробно ќе се откаже од доење. Сепак ти си мајка најдобро знаеш што ќе ви помогне и ти и бебето да си бидете опуштени и среќни наместо нервозни и скраја да е вака да се мразиш.
Јасно ми е се ама тој премногу полни пелени и му се смени столицата, скоро секогаш му е зеленикава. Од тогаш како ја изедов таа краставица пуста се пореметивме. Не знам дали е нормално толку да ја полни пелената и зошто има толку слуз? Некогаш како конци се прават. Се плашам да не му се случува нешто во стомачето, а да не сум изреагирала на време. Нонстоп му ги слушам цревата како му кркорат ама нонстоп, и дење и ноќе. Ќе инсистирам на крвна слика следен пат, секако сме пред вакцина ама ми рече докторката да ја одложам.
Направи си крвна слика и без вакцина, од прст нека го боцнат. Краставицата и да направила проблем, одамна е искакана. Не си ставај грижи без потреба. Пробај и ти да земаш пробиотик. Земи биогаја, најдобар е, наводно. На синко му помогна.
@Jana06 ние качивме 630 грама 3ти месец, инсистираа да додадам ад, но мојата зајдува. Прво и давав чај да ја смирам додека не ја однесов на контрола, еве пред 12 зајде веднаш направив ад испи околу 40 мл па на цицка и веднаш се успа, во 11 цицаше. Тоа ми го прави еднаш во денот.
Исто и моето од време на време има слуз, некогаш како конци, некогаш повеќе. Читав на интернет, пишуваше дека тоа често се случува кај бебињата што се само на доење. Генерално причината е што мајчиното млеко многу побрзо се вари од ад, што значи дека не се задржува многу во дигестивниот систем од каде и што доаѓа слузот кој има функција при варењето. Во одредени случаеви може да е индикатор за нешто посериозно но во тој случај е пропратено со други симптоми. https://www.healthline.com/health/mucus-in-baby-poop#causes
Сега го читам постов. После 6 месеци каснав зелена салата, грав уште немам пробано. Ние имавме мака со грчеви и знам како ти е, грчевите не поминуваат како со магично стапче во 3тиот месец. Можеби некој немал проблеми со грчеви и јаделе се ама ја знам малава дека ми беше преосетлива на многу работи. На сликата што ја имаше поставено се гледа убаво дека има подуено меше и тоа е од грчеви.
4 месец имаше уште грчеви од храна тоа знам сигурно. Како што кажав до 6 месец пазев многу на зеленчук, со овошје кога почна да јади немавме проблем. Ние од 4 и пол почнавме и со вкусови така да столицата почна да се менува ( боја), уште има така поводеста пошо одбива во последно да јади и на цицање сме..