Не сум рекла ништо против Ремедика, оти ниту сум била ниту па сакам таму да одам.Исто што не знам дали Ремедика нуди силиконски на Медела или на друг бренд,ниту ме интересира. Мило ми е да сте задоволни од услугата и да ве научат како треба. Не сум обвинила никоја дека дава со силиконски само се надоврзав дека ја намалуваат лактацијата, што и јас тоа го знам. Гледам и Kaetana не ви вели да не ги користите .Зошто јас би ви контрала? Ама па и јас што се правдам Хормоните ви играат па за зборче се фаќатеАјде ќе ви мине
Многу невкусно од твоја страна, се гледа намерата на последните реченици. Ваков коментар ни од маж не очекувам, а не од жена што родила и го поминала тој пат. Ако веќе се огледуваш на коментарите на Каетана, препрочитај ја неколку пати колку разбирање има за неискусните мајки, па тогаш повели и помогни ако можеш.
Јас не ни помислив на силиконски иако ме болеше со првата ќерка, ете и сега ме болеше. Некако си го сфатив како нормално и непријатно на почеток и така терав. Силиконски воопшто не ми беа на памет. Од кај ви текна вас на нив? Некој ви ги кажа? Ќе си омекнат брадавките сами. @Izzy_0504 за да убаво фати града, а не само брадавица, кога ќе отвори уста, ти стисни ја градата и така дај му ја на бебе. Кај мене вака секогаш успева убаво да ја фати. @MinnaAnne кога ќе се загрцне, сврти го со главата надоле, нозе нагоре. Не паничи.
Од почеток со силиконски дојам, се трудам да ја вадам на сред подој и 10мин се врти со устето, фаќа и пушта, мали брадавици имам, повлекува и престанува. И на секој подој пробувам и не бива, и не бива. Зборев и со педијатарот и Каетана и патронажната и решивме да пробувам нонстоп, но да не се обесхрабрувам. Кога дете ми е гладно и плаче за да цица, на памет не ми текнува баш тогаш да форсирам без силиконска. Битно ми е да е најадена. Да, пластика е, но сепак чувствувам кога млеко цица и тоа е ок. Кој како може, така. Ние што доиме со силиконски, не е намерно, туку најприфатлив начин моментално, се надевам дека наскоро ќе ја тргниме и неа, па ќе биде полесно и за неа и за мене Сега за сега ќе биде вака.
Женчи, ајде малку посмирено. Јана, и на Ава ако е за тоа и вријат хормони, така да, да не зборуваме. Истото тогаш би било апликативно и за нејзе. Да тргнеме хормони во игра (иако играат улога и сме нетолерантни во тој период). Скоро 99% од доилките сме имале болни брадавици и ни течеле крвишта и бебињата ни повраќале свежа крв. Малку фали бебето да се слизне во доење (во фаза на заспивање, или ноќен подој каде мајката и бебето спијат и сл) за брадавиците да се направат парче. Мене во моментов ми се болни (иако бебево е дете од една година) затоа што за ноќен подој (спиеме заедно) во спиење останал со цицката во уста, и стегнал со вилицата. Јас спијам уморна, и еве веќе 3-4 дена имам болна брадавица од десната страна. Се случува и после ми е муабетот. За Ремедика многу ме радува што ги читам овие пишувања, бидејќи со првото имав одлично искуство со породување, ама немаше поддршка баш во доење - немаше ни силиконски многу тогаш да бидам искрена (не беа толку во подем). Затоа сум многу среќна кога ќе слушнам дека стручната помош ја има сѐ повеќе и повеќе во родилиштата - имено, како што треба да биде! За силиконските не сум против, но факт е дека има голема злоупотреба на истите. Се даваат и кога треба и кога не треба. И од толку честа промоција мајките добиваат впечаток дека се секојдневни помагала во доењето. Помош за болка при доење може да се, не велам не, но НЕ се решение. Ако бебето има плиток фат - кога ќе ги извадите повторно ќе има болка. Значи треба да се работи на решавање на проблемот. Рамни брадавици и сл. - треба да се работи на нивно испакнување. Друг проблем е стимулацијата која не е директна на нервните завршетоци што се на ареолата, и со тек на време (не одма) е ризик за количината на млеко. Трет проблем е материјалот - силикон. Бебето се учи на силикон и постои ризик да не сака да прифати града. Е сега - во најлош случај - направете една комбинација два ризици - пример бебето не сака да фати града, вие работите да фати гола града, а и млекото се намалило. Како ќе го привлечете бебето да се "врати" на града? Преку млекото. Ако нема доволно добар проток, бебето нема да има интерес. Особено ако се давало и млеко со шише (без разлика молзено или формула). Да резимирам - користете ги ако помагаат, нема проблем. Но гледајте да е само на почетокот и да пробате да ги тргнете со време. Пак ќе речам - многу жени успешно дојат со силиконски долго време. Ама гаранција за вашата ситуација - никој не може да ви даде. Едит: пробувајте кога бебето не плаче .. како што пиша @Alishan30 - тоа не е време да се вади силиконската. Пример пробајте меѓу подои онака уз гушкање и милување. Уз игра. Никако со гладно бебе.
А каде јас немам разбирање? Па јас никој не нападнав колку се сеќавам.Ама некој се фати за мојот одговор па јас се пошегував со неа , на крај јас виновна Ама тебе се моите комнтари не ти чинат.Ајде ужиФкај не ви се мешам
Еве уште корисни информации како да ја фатите градата за да го поставите бебето подлабоко на неа: (Апликација Breastfeeding Solutions)
Еве и линк за рамни и вовлечени брадавици и како да ги извлечете: https://www.llli.org/breastfeeding-info/inverted-flat-nipples/
Не памтам некогаш друг твој коментар да не ми чинел искрено. Ништо лично. Јас бев многу полошо дочекана кога пишав за силиконските пред 5 месеци ама ете успешно се доиме сеуште и ги исфрливме силиконските. Затоа сакав да им покажам разбирање за силиконските и да ги охрабрам зашто мене баш тоа ми требаше во хаосот после болница. Пак ќе кажам ништо лично против тебе.
Од искуство (кое е мн мало 3 недели) на почеток млеко тече, бебе не фаќа града, плаче, се нервира, јас исто и почнав со силиконски од очај؛ Но не се отказав и после секое почнување со цицање и смирување на бебе ја вадев силиконскат и фаќаше града без проблем؛ Муабетот ми е само трпение мајки, не се отказувајте и пробувајте ќе фати бебето؛ А и коментарите и советите тука искрено мн ми помогнаа да не се отказам؛ Само смирено
Рачната пумпа на Чико мене ептен ми ги извлече брадавиците. Огромни ми ги направи. Јас отсекогаш имав големи брадавици ама бебето и кај мене се мачеше да фати. Откако ги извлеков и ги направив огромни немаше проблем.
И мене ме радува што сте задоволни од Ремедика во однос на форсирање и помош за доењето, се надевам дека ќе продолжат така за секоја родилка. Мене брадавиците не ми се мали, но сепак во почетокот кога влечеше, премногу ме болеа. Пред секое ставање на града бев во грч знаејќи дека ќе боли, здив снемував кога ќе фатеше да трга, но после неколку шмукања болката исчезнуваше. Не се ни сеќавам кога сосема прекина да боли, повеќе бев опседната со тоа како да ми дојде млеко. Бидете си упорни и секогаш кога ќе заболи, имајте на ум дека ќе помине.
Мора на секоја тема во овој подфорум бебе да се докажува,критикува и расправа. Тоа што доев со силиконски брадавици 5 дена во болница беше морално како да се извлечат за 5 дена? Па мораше со силикон некое време и напротив млеко имав како милка. Мораше и дохрана да давам почекот давав со шише и давав да цица и со и без силикон. И ме болеше и престана и грутки толкави ми се правеа и доев и имав млеко и покрај 2 месеци ад пиење си продолжи со цицање додека сакаше сам. Не форсирав не се нервирав. И не бев ни поголема ни помала мајка од вас што сте доеле без помагала. Тоа што сака да се кажи дека намалува лактација си е во ред и многу други фактори намалуваат но индивидуално. Пред се,жал ми е што ова бебе нема да биде доено мораше да се прекине мојата лактација поради фиброаденоми два на града кои морам да ги остранам што побрзо бидејќи рапидно растат поради секој хормонлен дисбаланс што го имав периодов. Така да не се оптеретувајте дали и како ке цица. Битно е да цица.
Мене па не ми е јасно оти одма се наоѓате навредени. Стручните совети, искуства и факти, говорат дека доењето со помагала може да биде погубно за лактацијата. И според мене, мора тоа да се нагласи на секоја нова мајка. После, како сака така. Ама кога се нагласува секогаш се наоѓа некој одма да скокни навреден од непознати причини. Тоа што некој од вас прави поинаку и нема проблем, не значи дека и друг ќе нема. Не значи па и обратно. Ама, во поголем број на случаи е така, шишето и силиконските брадавици може да сметаат на доењето. И не давајте совети за безболно користење оти вас ви било така, не е во ред. Еве на пример јас, тргнувам од себе не мора подалеку, две деца, две сосема различни искуства за доењето, а со самото тоа и различен став имам сега, а различен тогаш. Затоа и научив да молчам пред фактите.
@BirMelek баш така. Секој кажува од искуство. Затоа е форумов, да прашаш, да дадеш совет, да сподечиш искуство. На крај, секој сам си одлучува што и како мисли и инстинктот како го води.
Да не беа силиконските брадавици многу од нас немаше ни да доиме. Еве јас, едната брадавица ми е ,, дефект,, да беше рамна ќе речеш ќе ја извлече беба со шмукање, ама не, вовлечена е на внатре и нема шанси (барем за сега) да успее без брадавицата, другата си е ок и силиконската ја тргнав за една недела. Во болницата пробаа да ја извлекуват со шприц пред секој подој ама не успеваа ниту тие, ми предложија силиконски. Сега на едната ставам, на другата не, млеко повеќе имам на таа што ставам брадавица, знам бидејќи секогаш ми е потопена со млеко влошката само на таа града. Сакам да ја тргнам и од таа града, пробувам на неколку пати ама тешко оди. Беба се заморува барајќи ја брадавицата, и се лизнува од уста, ќе треба уште време додека се извлече убаво. Така беше и со син ми, тој пак дека и предвреме роден, успеа да ја фати после 3 месеци.
Посебно од синоќа кога ве прочитав за намалување на лактација поради силиконските брадавици, на секој подој упорно давав без брадавица. Само 4-5 мин цица без неа, потоа нејќе се нервира, ја пушта мојата брадавица и несака да продолжи да цица без неа. И на сред подој вадев силиконска, на мојата, се трга. Штом ја ставам силиконскава, си влечи без проблем. Не ми се вовлечени брадавиците, оформени се, помали се но може да ги фати, и не сака да цица од нив Не е за болката, нека ме боли ако треба, само да цица како што треба.
Баш за ова зборев, истото ми се случи пред неколку месеци кога читав тука. Не се фрустрирај, дај му време да добие сила за влечење. Кога ќе видиш дека е спремно тогаш пробувај без силиконски. Ако млекото ти е надојдено убаво нека си цица како му одговара. Пак пробувај вади ги силиконските ама ако се лути, дај му време. Мене млеко ми течеше од градите нонстоп и многу брзо ми се среди лактацијата. Има ризик ама мислам дека ако нешто се случува, ќе се случи уште првата недела. Јас и цуцла, шише и силиконски ставав и сега цица без силиконски, а шише не сака да види. Не се плаши, не мора да значи ништо. Ризикот го знаеш и ќе го приметиш. Сакам да ти кажам да не се нервираш, не правиш ништо погрешно туку го правиш тоа што е најдобро за твоето дете во моментот.
@BirMelek комплетно се согласувам. @Happyinlove баш затоа што е битно да цица, битно е да се овозможи да може да цица. За некоја мајка тоа ќе е проблем. Инаку за тебе.. жал ми е, но, твоето здравје во ситуацијава е поважно. Што ти советуваа? Да се измолзиш да направиш некоја барем мала залиха? Скроз одма да престанеш? Не мора да ми одговориш, чисто за моја едукација прашувам. Мое мислење - проблемот е мајндсетот наш. Ете тоа е. Во недостиг на стручна помош (и не, не се доволни само сестрите во болница 3 или 5 дена) се нудат секакви помагала за да се олесни работата кои веќе се скроз во главата наша прифатени дури како "есенцијални" и како буквално без нив да не се може. Едно нешто ќе ви кажам - сестрите во болница немаат време да ви помогнат со бебето, имаат многу бебиња во денот за кои треба да се грижат. И да, полесно е да ви дадат силиконски. Не ги обвинувам. Толку време имаат и толку можности. Така функционираме. Тој е системот. Ама баш ме интересира како преживеавме како човештво со ова доењево без пумпи и силиконски брадавици, потпрени на милоста или немилоста на нашите (мали, големи, вовлечени, испакнати, чудни, ...) брадавици и способност да направиме доволно млеко? Запомнете: да беше доењето стварно болно, оние пештерскине жени ќе си ги изедеа новороденчињата. Да, тогаш многу новороденчиња не преживеале од Х причини - да, имало мајки кои не можат да дојдат ексклузивно. Ама после почнале со wet nurse принципи - што до ден денес е варијанта - донор млеко, и не разбирам зошто никој не сака да ја користи а пре бира формула. Во Германија постои сајт за донација на мајчино млеко - мајки со oversupply нудат на мајки со low supply. И супер функционира. И не само во Германија, ширум светот. Само ние сме со предрасуди по ова прашање. Ама пак ќе кажам. Мајндсет. Треба да работиме долго на него. И не е поентата да се плашиме една од друга. Никој не рече дека дефиницијата за правилно доење и добра мајка или како сакате кажете е ексклузивно доење, без помагала, без ништо. Поентата е да се стигне до целта на начин кој е најдобар за вас и најприфатлив. А со тоа што пишувате во темава претпоставувам е дека сакате да ги доите децата. Приказните погоре за пештерските луѓе не се за да ве направам да се чувствувате инфериорни. Туку да ви дадам поддршка да верувате малку повеќе во себе, преку апликативни примери. Некако ко да заборавивме да веруваме во што сѐ сме способни како жени! Телото наше створи човек а ние се секираме за градите наши! Подемот на формулата и те како нѐ мрдна малку од координатите. И онаа поддршка од жена на жена (која е многу поважна дури и од поддршка на вашиот гинеколог или педијатар особено маж) е круцијална за да успеете. Ама ако јас знам дека нешто е потенцијален ризик (не само што знам, сум видела и сум работела со мајки со таа мака и дури после еден месец доење со силиконска брадавица!), и дека некоја мајка од вас може да ја чини една прекрасна љубовна врска со детето, и те како ќе ја кажам. Лутеле или не. Некоја од вас мојот пост ќе ја чини само едно лутење - и ќе продолжи успешно да го дои бебето. Ама некоја од вас ќе се заблагодари што заради постот продолжила успешно да го дои бебето. Во секој случај, за мене е тоа win-win situation.